1921 Роден е англискиот возач на брзи автомобили и чамци Доналд Малколм Кембел, кој во 1964 година постави светски рекрод во возење автомобил од 648,7 километри на час. Загина во 1967 година возејќи го чамецот „Сина птица“ со млазен мотор на езерото Конистон во Велика Британија, во обид уште еднаш да ја промени границата на брзината. Чамецот ја достигна брзината за нов светски рекорд на вода од 527,9 килметри на час, но Кембел загина.
1940 Во селото Мрсна, кај Серез, Егејска Македонија, е роден Ристо Шишков, македонски драмски, филмски и телевизиски актер. Својата љубов кон театарската уметност почна да ја манифестира уште во училишните клупи во Струмица. Академија за театар заврши во Белград, во 1963 година. Постојан член на Македонскиот народен театар стана во 1964 година. Во децениското живеење на оваа сцена, тој оствари многу ликови. Освен на театарската сцена играше речиси и во дваесеттина македонски играни филмови („Републиката во пламен“, „До победата и по неа“, „Црно семе“, „Жед“, „Истрел“, „Црвениот коњ“ и во други филмови). Во ссеќавањето на широкиот телевизиски аудиториум секако ќе остане во сеќавање ликот на ГОце Делчев. Умре во Скопје, на 17 јуни 1986 година.
1945 Американските и британските трупи во Втората светска војна ја преминаа реката Рајна и продолжија со навлегување во внатрешноста на Германија.
1948 Умре рускиот филозоф Николај Александрович Берѓаев, едан од наинтересните интелектуални појави на 20 век. Стана најпознатиот руски филозоф на Запад. Дела: „Христијанството и класната борба“, „Смисла на историјата“, „Филозофија на слободата“. „Човек и машина“.
1956 Пакистан со новиот устав стана исламска република.
1961 Прогласен е Светскиот ден на метеорологијата и на водите.
1994 Министерството за односи со странство на Република Македонија преку амбасадата на Република Македонија во Турција прими нота од Министерството за надворешни работи на Република Казахстан со која се известува дека оваа земја ја признала нашата држава.
1994 Во Скопје е одигран првиот меѓународен фудбалски натпревар меѓу фудбалската репрезентација на Република Македонија и фудбалската репрезентација на Република Словенија. Резултатот беше 2:0.
1966 Кантерберијскиот надбискуп во Рим се сретна со папата. Тоа беше прва средба по четири века на поглавар на Англиканската и Римокатоличката црква.
1980 Во Западна Германија е основано политичкото „Зелено движење“, уште една потрда на светскиот феномен за поголема грижа и борба за заштита на човековата средина.
1983 Умре д-р Барни Кларк, првиот човек кој живееше 112 дена со вештачко срце.
1983 Претседателот на САД Роналд Реган го соопшти планот за изградба на нов систем на одбраната заснован на вселенска технолгоија, подоцна познат како „ѕвездена војна“. Многу подоцна се согледа дека целата оваа приказна беше елемент на психолошка војна без никакви реални основи.
1994 Претседателскиот кандидат на владејачката Револуционерна институционална партија на Мексико Луис Доналдо Колосио, беше убиен на предизборен митинг во Тихуана. Една година подоцна, под обвинение дека е вмешан во атентатот, беше уапсен Раул Салинас, брат на мексиканскиот претседател Карлос Салинас.
1994 Во Сибир се урна руски патнички авион „Ербас А-310“ кој леташе за Хонконг. Несреќата не ја преживеа никој од 75 патници и членови на екипажот.
1995 За прв претседател на Генералниот директорат на Светската трговска организација беше избран Италијанецот Ренато Руѓеро.
1996 Во Скопје, САД официјално го промовираа првиот американски амбасадор во Република Македонија, Кристофер Хил.
1996 Ли Тенг Хуи ја презеде должноста претседател на Тајван, како прв демократски избран лидер на овој кинсески остров.
1998 Рускиот претседател Борис Елцин го смени претседателот на владата Виктор Черномирдин.
1999 Рускиот премиер Евгениј Примаков ја суспендира посетата на САД заради заканата од воени удари на НАТО врз Југославија, наредувајќи му на екипжот на авионот, над Атлантскиот океан летајќи кон Вашингтон, да се врати во Москва.
1999 Во главнот град на Парагвај беше убиен потпретседателот на земјата Луис Марија Арган.
2001 Во Скопје, во издание на „НИК ПРЕС“ ДОО, е промовиран првиот број на неделниот магазин „Актуел.“.
2001 Остатоците од руската вселенска станица „Мир“ паднаа во Тихиот Океан, со што по 15 години заврши мисијата на оваа вселенска лабораторија.
2004 Швеѓанецот од српско потекло Михаило Мијаиловиќ, убиец на шведскиот министер за надворешни работи Ана Линд, беше осуден на доживотен затвор.
2007 Во борбите меѓу војската и припадниците на Тамилските тигри, на северозапад во Шри Ланка, загинаа најмалку 23 лица.
2007 Официјални претставници на Мадгаскар соопштија дека најмалку 69 луѓе загинаа, а повеќе од десет илјади останаа без покрив над главата, по циклонот кој претходните дена беснееше во Мадагаскар. Во луњата беа срушени 3.619 куќи, повеќе владини установи, училишта и мостови.
2007 Иранските власти заробија 15 британски маринци, под обвинение дека се наоѓале во иранските територијални води. Британската морнарица објави дека војниците се наоѓале три километри длабоко во ирачките води во канлаот Шат-ел-Араб.
Светски ден на борба против туберкулозата
1603 Во Лондон умре англиската кралица Елизабета, а на престолот дојде шкотскиот крал Џемс Шести, со што Англија и Шкотска создадоа персонална унија. За време на нејзиното владеење (1558 до 1603), Англија доживеа голем напредок во целокупниот развој. Родена е во 1533 година.
1783 Шпанија ја призна независноста на САД.
1882 Германскиот бактериолог Роберт Кох објави дека го изолирал бацилот на туберкулозата.
1845 Во селото Лешок, Тетовско, умре Кирил Пејчиновиќ, македонски писател и просветител. Своето образование го започна во манастирската школа во црквата Света Пречиста Кичевска, а го продолжи во манастирот Света Гора. Од Света Гора се врати во Марковиот манастир, блиску до Скопје, каде што почна да пишува. Подоцна се премести во манастирот Лешок и таму остана до крајот на жвотот. Неговата дејност има големо значење за македонската литература, пред се затоа што пишуваше и печатеше дела на народен македонски јазик. Негови најпознати дела се „Огледало“, печатено во Будим, во 1816 година и „Утешение грешним“, печатено во Солун, во 1840 година, во печатницата на Теодосија Синаитски. Роден е во селото Тераце, Тетовско, околу 1771 година.
1894 Во Солзбери (денес Хараре), во Зимбабве, умре Верни Ловет Камерон, англиски истражувач, кој прв ја помина Африка од исток до запад и ја откри Лукуга, голема река што истекува од езерото Тангањика. Го напиша значајното дело „Низ Африка“, а заедно со другиот англиски истражувач Ричард Франсис Бартон делото „Кон златниот брег на злато“. Роден е во 1844 година.
1905 Во Амиен умре Жил Верн, француски писател. Негови најпознати дела се "Дваесет илјади милји под морето", "Децата на капетанот Гранд", "Пат околу светот за 80 дена", "Пат на Месечината" и "Патување во центарот на Земјата". Роден е во Париз, на 8 февруари 1828 година.
1949 Во Скопје е формиран Државниот ансамбл на народни игри и песни на Народна Република Македонија, кој од 2 јуни 1953 година го носи денешното име Ансамбл за народни игри и песни на Македонија "Танец".
1972 Велика Британија воспостави директна контрола во Северна Ирска за да ги спречи конфликтите на паравоените групи на римокатолиците и протестантите.
1990 Шри Ланка ја напуштија 2.000 индиски војници, последни од контигентот од 50.000, кои две ипол години безуспешно се обидуваа да помогнат во напорите за ставање крај на вооруженото востание на тамилските герилци против централните власти во Коломбо.
1993 Езер Вајцман е избран за седми претседател на Израел.
1994 Во Чикаго, САД, умре Збигњев Голомб, истакнат полски лингвист, македонист и балканист, член на Македонската академија на науките и уметностите и на Полската академија на уметностите. Роден е во Нов Тарг, Полска, во 1923 година.
1997 Генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана допатува во прва официјална посета на Република Македонија.
1997 Во Скопје започна главната Конференција за првата мултинационална воена вежба, што се одржа во Република Македонија од 11 до 17 мај 1997 година - "Спасител '97".
1999 Почна бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија по наредба на генералниот секретар на Алијансата Хавиер Солана. Бомбардирањето заврши на 10 јуни 1999 година со усвојување на Резолуцијата 1244 за Косово на Советот за безбедност на Обединетите нации.