На денешен ден!

25.12.2007

1642. - Во Вулстроп е роден Исак Њутн, англиски физичар, астроном и математичар. Тој ги постави темелите на класичната физика и на вишата математика, го откри природниот закон на општата гравитација, меѓусебното привлекување на сите сили ги пронајде и основните принципи на механиката и трите основни закони за движењето, а го усоврши и телескопот. Умре во Кенсинтон, на 20 март 1727 година и е погребан во Вестминстерската опатија, со што стана првиот научник удостоен со таква чест.

1903. - Во Софија излезе од печат книгата „За македонцките работи“ од македонскиот револуционер, публицист и лингвист Крсте Петков Мисирков. Во неа Мисирков ја истакнува и ја заштитува националната индивидуалност на македонскиот народ и неговото право на самостоен културен и национален развој. На едно место во книгата пишува: „Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура“.

1920. - Во Скопје е роден Јован Бошковски, македонски писател, книжевен и филмски критичар, преведувач и сценарист. Неговата збирка „Растрел“ (1947) е прва македонска книга раскази. Други негови познати дела се: „Бегалци“, „Блокада“, „Луѓе и птици“ и „Солунските атентатори“. Автор е на сценаријата за филмовите „Солунските атентатори“ и „Под исто небо“, а се појавува и како соработник на сценаријата за филмовите „Мементо“, и „Републиката во пламен“. Умре кај селото Ерџелија, светиниколско, на 10 ноември 1968 година.

1977. - Во швајцарскиот град Вевеј, на брегот на Женевското Езеро, умре Чарли Чаплин, најголем артист на немиот филм. Има снимено 75 краткометражни филмови, со кои ги плени срцата на милиони гледачи во светот. Роден е во Лондон, на 16 април 1889 година.

1995. - На парламентарните избори во Турција, победија исламистите од РЕФАХ (конзервативно - исламистичката партија за просперитет), на чело со лидерот на партијата Неџмедин Ербакан.
 
1902. Во Акиреале е роден Умберто Барбаро, италијански режисер на документарни филмови, сценарист и филмски теоретичар. Умре во Рим, во 1959 година.

1945. По наредба на главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија е формирана Командата на градот Скопје.

1945. Во Скопје излезе првиот број на првото детско списание на македонски јазик во слободна Македонија „Пионер“. Негови први уредници беа познатиот македонски писател Славко Јаневски и професорот Јонче Јосифовски.

1961. САД ги прекинаа дипломатските односи со Куба. Во април истата година кубанската армија и кубанскиот народ ја попречија инвазијата на кубанските контрареволуционери кои со помош на САД се истоварија во Лас Вегас.

1987. Во Скопје умре доцент д-р Иван Влашки, шеф на Уролошката клиника на медицинскиот факултет во Скопје. Тој е основоположник на современата урологија и трансплантациите на бубрег во Македонија. Со своите стручни способности како хирург и педагог се стекна со голем углед во земјата и во странство. Роден е во 1930 година.

1987. Во Скопје умре Драган Ѓаконовски - Шпато, истакнат македонски композитор, диригент и музички аранжер. Неговото име ќе остане трајно врежано во историјата на македонската забавна музика, зашто тој е всушност нејзин зачетник. Како автор на бројни забавни мелодии , на аранжмани за забавна и за џез музика на македонската сцена се појави уште во првите повоени години. Бројни генерации се сеќаваат на неговите популарни композиции, како и на првата македонска џез композиција наречена „Тема И“, што тој ја создаде во далечната 1947 година. Беше извонредно надарен музички инструменталист кој формира повеќе оркестри и групи. Роден е во Скопје, на 11.03.1931 година.

1996. Во Скопје почна со работа канцеларијата за врски на Светската здравствена организација.

1996. Во Скопје умре д-р Христо Маловски, македонски историчар и педагог, професор на Филозовскиот факултет во Скопје. Роден е во 1932 година.
 
1909. Во селото Лавци, битолско, е роден Тодор Ангеловски, меѓу народот познат како Тошо Даскалот, учител и просветител, борец против угнетувачкиот великосрпски режим, бестрашен борец против фашистичкиот окупатор и еден од првите учесници во НОВ во Македонија. Загина, односно се самоуби, во борба против бугарскиот окупатор кај селото Лавци, на 12.06.1943 година.

1942. На пат за Македонија (по организираното бегство од затворот во Сремска Митровица), минувајќи ја планината Кукавица, кај селото Туба, во близина на Владички Хан, од заседа на бугарскиот фашистички окупатор е убиен Јордан Николов - Орце, народен херој на Македонија. Тој беше еден од организаторите и раководителите на работничкото движење во Македонија и член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Роден е во Скопје, на 7.01.1916 година.

1943. Во Скопје, во Обласната полициска управа, по повеќедневно ѕверско мачење, бугарската фашистичка полиција го уби Страшо Пинџур, народен херој на Македонија. Бугарските фашисти, знаејќи дека фатиле голем револуционер и организатор, го мачеа посурово отколку средновековните инквизитори. Беше член на КПЈ од 1934 година, а во НОВ и ПО на Македонија. Роден е во селото Ваташа, кавадаречко, на 5.03.1915 година.

1943.- Во Скопје, во Обласната полициска управа, по петдневно ѕверско мачење, бугарската фашистичка полиција го уби (го фрли низ прозорец) Мирче Ацев, народен херој на Македонија. Правиот батаљон на Народноослободителната војска на Македонија го доби неговото име. Беше член на Покраинскиот комитет на КПЈ на Македонија од 1941 година и член на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. Роден е во селото Ореовец, прилепско, на 26.09.1915 година.

1992. Владата на Република Македонија донесе одлука со која 7 јануари - првиот ден Божик, се прогласува за неработен ден. Ова е прв пат во Македонија верски празник и официјално да биде прогласен за неработен.

1996. Република Македонија и Република Таџикистан воспоставија дипломатски односи.
 
13.01

1930 - Прв пат е објавен стрипот Мики Маус.

1953 - Маршал Јосип Броз Тито е избран за претседател на
Југославија

2001 - Земјотрес кој го погоди Ел Салвадор уби повеќе од 800 луѓе.
 
na denesen den pred 49 godini se rodil tatko mi
happy bday daddy
 
03.03.2008

1822 Повеќе од 8.000 востаници и цивилно население во Његуш го прогласија избувнувањето на Његушкото востание против османлиското владеење. Во востанието учествуваа Македонци, Грци и Власи. Востанието претставува предвесник на разгорувањето на националноослободителното движење на македонскиот народ.
1847 Во Единбург, во Шкотска, е роден Александар Грахам-Бел, американски научник, од шкотско потекло, пронаоѓач - физичар, творец на телефонот. Конструира и фотофон и фонограф. Главно негово дело е "Механизам на говорот". Умре на 2.08.1922 година.
1878 По завршувањето на руско - турската војна (1877 - 1878), во градчето Сан Стефано, кај Цариград, е склучен мировен договор (познат како Санстефански мир). Со договорот е заклучено на Црна Гора, Србија и Романија да им се признае независност и територијално проширување на сметка на Турција. За Босна и Херцеговина беше предвидена автономија под надзор на Австро - Унгарија, а беше создадено и автономно кнежевство во вазален однос спрема Турција - Голема Бугарија. Покрај другите делови, во кнежевството беше предвидено да влезе цела Македонија. Но, поради несогласување на Австро - Унгарија, Германија и на другите големи сили во превласта на Русија во Источна Европа, на Берлинскиот конгрес (13.06 до 13.07. 1878 година), договорот е ревидиран. Одредбите на Санстефанскиот договор и на Берлинскиот конгрес, неповолно се одразија врз понатамошните односи на Балканот.
1906 Во Хагстал, близу до Малме, е роден Артур Лундквист, шведски писател, критичар и преведувач. Првата книга поезија "Жар" ја објави во 1928 година. Има објавено над 80 книги поезија, проза, есеи и патеписи. Со антологијата "Петмина млади" во 1930 година го навести модернизмот. Добитник е на Лениновата награда за мир во 1958 година и на "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата за 1977 година.
 
На денешен ден се родила бразилската звезда Рикардо Леите Кака
HaPPy BirThdaY !
 
На денешен ден Боливиа стана независна држава нез точно која година
 
на денешен ден:


8-ми Септември - Ден на независноста на Македонија

нека ни е честит
 
На денешен ден, јас избришав седум постови од темава.

Ако сакате сите да знаат дека ви е роденден и да ви отворат тема, ставете во кориснички панел дата на раѓање и ќе излегува известување на форум. Не мора секој да пишува тука, јас сум се родил на денешен ден, јас сум се родил денес пред толку и толку години.
 
Настани:
1792 Во екот на војната со контрареволуцијата париските маси го зазеле дворецот во Версај и ги затвориле Луј Шеснаесетти и неговата сопруга Марија Антоанета. Законодавното собрание прогласило република. 1862 Американскиот претседател Абрахам Линколн објавил декрет според кој од 1 јануари 1863 година на сите американски робови им се дава целосна слобода. Тоа било резултат од долготрајната борба на прогресивните сили на Американската граѓанска војна, кој барала брза и неодложна акција за ослободување на обесправените црнци. 1933 Во Париз почнал Светскиот младински конгрес против војната и фашизмот. 1991 За првпат во Република Македонија бил изведен светиот чин „Опход на моштите на Свети Климент Охридски Чудотворец“ (опходот траел до 6 октомври истата година), основоположник на Македонската и на првата Словенска православна црква и втемелувач на националната самобитност на македонскиот народ. 1992 Во Штип е отворена првата приватна специјалистичка гинеколошка ординација во Република Македонија. 1992 Воспоставена е авиолинија Скопје - Москва. 1993 Во Бали, Индонезија, Република Македонија е примена во Светскиот совет за енергија. Родени:
1791 Мајкл Фарадеј, англиски физичар и хемичар. Починале:
1944 Ибе Паликуќа, народен херој на Македонија, во битка против балистите.
 
Светски ден за заштита на животните
Светски ден на населбите
1669Во Амстердам умре Харменсон ван Рајн Рембрант, холандски сликар, еден од најпознатите во историјата на европското сликарство кој ја доведе до совршенство хуманизацијата на човековиот лик. Автор е на делата "Ноќна стража", "Час по анатомија", "Христос во Емауд" и други. Роден е во Ленда, на 15 јули 1606 година.
1787Роден е францускиот политичар и историчар Франсоа Пјер Гијом Гизо, шеф на дипломатијата од 1840 до 1847 година и претседател на владата од 1847 до 1848 година. Соборен е од власта во Февруарската револуција во 1848 година кога е соборен и кралот Луј Филип. Дела: „Историја на англиската револуција“, „Историја на цивилизацијата во Франција“.
1824Мексиканскиот народ по долготрајна борба против шпанската колонијална војска се избори за независност и го прогласи Мексико за република со неофицијален назив Соединетите Држави Мексико.
1830Белгија стана независна држава, одвојувајќи се од Холандија чиј дел беше од 1815 година. Причините поради кои се одвоија беа верската нетрпеливост бидејќи повеќето Белгијци се римокатолици, а Холанѓаните протестанти.
1853Османлиското царство ја започна Кримската војна во која во 1854 година се придружија Франција, Велика Британија и Сардинија (Пиемонт). Во војната Русија по големите борби, на крајот на 1856 година доживеа пораз.
1865Прускиот канцелар Ото фон Бизмарк и францускиот цар Наполен III во Бијарица (ексклузивно летовалиште на Атлантик северно од Принеј) постигнаа договор Прусија да ја преземе водечката позиција во германските држави од Хабзбург (Австрија). Бизмарковата агресивна политика во 1870 година предивика војна во која Наполен III доживеа тежок пораз, а Прусија делумно по пропаѓањето на неговото царство воспостави обединето Германско царство (без австриските земји).
1870Француското собрание, по три дена откако беше заробен Наполеон III во битката кај Седан во француско-пруската војна, ја обнови републиката. Тогаш е одлучено, под притисок на јавното мислење, Франција да ја продолжи борбата против Прусија, која заврши со огромен пораз.
1878Во САД е отворена првата кинеска амбасада кога амбасадорот Чен Лан Пин му ги предаде акредитивите на американскиот преседател Ратерфорд Хејс.
1892Роден е австрискиот државник Енгелберт Долфус, канцелар од 1932 до 1934 година. Тој се противеше на идејата на Адолф Хитлер да ја припои Австрија со Германија. Поради упорното спротивставување на Хитлеровата намера, австриските нацисти го убија во Виена во јули 1934 година, но сепак нивнот пуч тогаш заврши без успех.
1895Роден е американскиот филмски глумец Џозеф Френсис, познат како Бастер Китон. Најчесто глумеше самотник, кој е во судир со сите. Филмови: „Генерал“, „Навигатор“, „Шерлок помладиот“, „Снимател“, „Булевар на самракот“, „Светла сцена“.
1924Роден е американскиот глумец Чарлс Картер, познат како Чарлтон Хестон. Филмови: „Дестте заповеди“, „Бен Хур“ (Оскар), „Јулиј Џезар“, „Агонија и екстаза“, „Ел Сид“ (Оскар), „Мајор Денди“, „Планетата на мајмуните“, „Земјотрес“.
1941Во селото Чучер, Скопско, е формиран првиот Народноослободителен одбор во Македонија. За прв претседател беше избран Петар Крстев Урдаревски.
1944Во селото Алгуња, Кумановско, е формирана Осумнаесеттата македонска НО бригада.
1947Во Гетинген умре Макс Планк, германски физичар, основач на Квантната теорија, хипотеза дека енергијата се емитува и се апсорбира само со дискретни количества. Работеше и на теоријата за хемиска рамнотежа и на формулирањето на термодинамичките принципи. Во 1918 година ја доби Нобеловата награда за физика. Роден е во Кил, на 23 април 1858 година.
1957Западните земји, особено САД, беа изненадени, бидејќи беше јасно дека сателитот „Спутник1“ може да исфрли исклучително силна ракета, многу посилна од оние со кои во тоа време се експериментираше на Запад. Поради студената војна дојде до остро вселенско натпреварување.
1996Британската африканска колонија Басутоленд се стекна со незвисност под името Кралство Лесото.
1970Американската пејачка Џенис Џоплин е пронајдена мртва. Беше најпознатата бела пејачка на блуз во шеесетите години од 20. век. Прекумерната доза на дрога беше причината за нејзината смрт.
1986Во Охрид, во катедралната црква „Света Софија“, се одржа Архиепископски изборен црковно-народен собир, на кој г.г. Гаврил (Ѓорѓи Милошев) е избран за трет по ред архиепископ охридски и македонски - поглавар на Македонската православна црква. Следниот ден во црквата „Свети Климент“, новоизбраниот поглавар положи свечена заклетва и му беа врачени архиепископските обележја. Прв поглавар на Македонската православна црква беше обновувачот на Охридската архиепископија и организатор на Македонската православна црква архиепископот г.г. Досителј (Димитар Стојковски), втор архиепископот г.г. Ангелариј (Цветко Крстевски), четврт г.г. Михаил (Методи Гогов) и петти г.г. Стефан (Стојан Велјановски).
1992Владата на Мозамбик со бунтовниците потпиша мировен договор со што по цели 16 години заврши граѓанската војна во земјата која до 1975 година беше португалска колонија.
1993Во Москва беше емитувана одлуката на претседателот Елцин за воведување вонредна состојба во главниот град на Русија. Со неа се забранува секакво собирање, односно забрането е одржување на митинзи и демонстрации. Руската влада го повика народот да не се вклучува во немирите.
1995Во Скопје умре Благоја Црвенков, првиот академски образовен актер во Македонија. Роден е во 1915 година.
1996Талибанците го зазедоа Кабул, главниот град на Авганистан. Набрзо уследи терор врз неистомислениците.
1998Во Скопје е поставен камен-темелник за изградба на црквата „Света Богородица“.
2001Рускиот авион „Tu-154“ со 78 патници и членови на екипажот, кој летал од Израел, по грешка е соборен во воени вежби од украинска ракета врз Црното Море.
2002Американскиот талибанец Џон Вокер Линд е осуден на 20 години затвор за учество во вооружени операции против Американците.
2003Исламски терорист-самоубиец во ресторан во градот Хаифа, северен Израел, усмрти 23 луѓе.
2004Во Вентури, Калифорнија, САД, умре Гордон Купер, американски астронаут, еден од пионерите на првата американска вселенска програма „Меркјури“. Роден е во 1927 година.
 
Пукнала првата пушка бе алоо!
Во Прилеп и Куманово.


едитирано.
 
денеска 23 октомври е ден на македонската револуционерна бобра ден кога се основало ВМРО 115 години од историското ВМРО
 
9-ti Noemvri...sloboden Veles:) ...masala...

Едитирано од модератор: Избришан несериозниот дел од постот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom