На денешен ден!

Na denesen den e rodena merlin monro a kakva koincidencija i jas na ovoj den sum se rodil 19 godini mashala:zlo:
 
1944 - Во Штип бугарските фашисти ја убија Вера Циривири-Трена, првоборец и активен учесник во напредното работничко движење. Родена е во Прилеп во 1921 година
 
14.10.2007

Да ја разработиме темава.

Значи на денешен ден...

1890 - Роден е Двајт Ајзенхауер, американски генерал и политичар. Во Втората светска војна беше командант на американските воени сили во Европа, потоа командант на сојузничките сили во Средоземјето, раководеше со операциите на Сицилија, во јужна Италија и со десантот на Нормандија. По војната беше командант на Северноатлантскиот пакт. Во 1952 и во 1956 година беше избран за претседател на САД. Умре на 28.03.1969 година.

1941 - Во селото Крупиште, штипско, како одмазда за загубената борба, германските фашисти со вперени пушки влегуваа во куќите и ги собираа мажите од 15 до 60-годишна возраст, а притоа пукаа во секој што ќе почнеше да бега. Злосторниците влегуваа во куќите и ги гореа заедно со добитокот. Притоа стрелаа 49 луѓе. Истиот ден германските фашисти извршија масакр над населението во кочанското село Уларци. Селото беше опожарено и беа стрелани 40 луѓе.

1944.- Германскиот фелдмаршал Ервин Ромел, познат како „пустинска лисица“ изврши самоубиство.

1993 - Во Њујорк, е потпишано заедничко соопштение за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, на ниво на амбасадори. Потпишувањето е извршено под Уставното име- Република Македонија.
 
1735 - Роден е Џон Адамс, втор по ред претседател на САД (1797-1801 г.). Умре на 4.07.1826 година.


1745 - Во Даблин умре Џонатан Свивт, најголем англиски сатиричар, еден од најостроумните критичари на човековата природа и на општествените процеси. Неговото најпопуларно дело, фантастичниот роман „Гуливеровите патувања“, претставува сатира на политичките прилики на Велика Британија и прераснува во потсмев на целиот човечки род и на неговите установи. Познати се и неговите дела „Битка на книги“ и „Приказна за бурето“. Роден е во Даблин, на 30.11.1667 година.

1924 - Во Галичник е роден д-р Владимир Брезовски, истакнат македонски историчар, автор на стотина трудови, научен советник во Институтот за национална историја во Скопје. Најпознат е како долгогодишен раководител на Одделението за документација на Институтот за национална историја. Умре на 6.01.1983 година.

1935 - Лигата на народите изгласа санкции против фашистичка Италија поради нападот врз Етиопија.

1944 - Трупите на САД се истоварија на Филипинските острови. Филипини целосни се ослободени од јапонската окупација во мај 1945 година. По завршувањето на Втората светска војна, на 4.07.1946 година е прогласена независна Република Филипини.

1994 - Рускиот премиер Виктор Черномирдин поднесе писмо до претседателот Борис Елцин, во кое побарал да биде ослободен од
должноста поради нарушено здравје.

2003 - Во Сараево почина поранешниот претседател на Босна и Херцеговина Алија Изетбеговиќ. На првите повеќепартиски избори во БиХ Изетбеговиќ е избран за член на претседателството на СР БиХ, а на 19 декември 1990 за претседател на Претседателството на СР БиХ. Тој е еден од потписниците на Дејтонскиот мировен договор со кој е завршена војната во БиХ заедно со претседателите на Хрватска и на Србија, Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман. Изетбеговиќ е роден на 8 август 1925 година во Босански Шамац.

2003 - Папата Јован Павле Втори со свечената процесија што се одржа на плоштадот Свети Петар во Рим, ја беатифицира, односно прогласи за блажена Мајка Тереза, што е последен чин пред нејзиното прогласување за светица.
 
20.10.2007

1875. - Во селото Горно Броди, Серско, Егејска Македонија, роден е Димо Хаџи Димов, најборбен и најсестран идеолог и теоретичар на автентичното македонско национално ослободително движење, близок соработник на Гоце Делчев, на Јане Сандански и на други истакнати македонски револуционери. Во Софија, по порачка на бугарскиот двор, сред бел ден, терористот Величко Георгиев (Владо Черноземски) го застрела на 13.09.1924 година.

1915. - Во селото Игуменец (Гега), Пиринска Македонија, роден е Антон Попов, македонски револуцонер, публицист, писател, познат комунистички активист и учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија. Го стрелаа фашистичките џелати во Софија, на 23.07.1942 година.

1941. - Пред силната офанзива на германските армии, советската влада прогласи опсадна состојба во Москва и мина во Кујбишев. Тоа беше најкритичниот момент во текот на нападот на нацистичките трупи врз главниот советски град, но подоцна, по успешната контраофанзива на Црвената армија, дојде до пресврт.

1994. - Амбасадорот на Република Македонија во Руската федерација, Гане Тодоровски, на свечената церемонија во Кремљ, му ги предаде акредитивите на претседателот Елцин. „Не се разочаравме што ве признавме под името Македонија“, изјави Елцин.


2003. - Почина Ѓоко Георгиев, водителот на првите контактни емисии на Македонското радио „Три гонга“ и „Средби низ музика“. Тој ќе остане запаметен и како автор на 3.000 текстови на поп-музика и соработиник-новинар во Нова Македонија, Вечер, Журнал и Екран. Роден е во 1926 година.

2003. - Во Белград почина српскиот актер и комичар Миодраг Петровиќ - Чкаља. Тој е познат по своите улоги во театарски претстави, во повеќе од 25 филмови и 32 хумористични телевизиски серии меѓу кои најпознати се „Музеј на восочните фигури“, „Сервисна станица“, „Сачулатац“ и сериите „Камионџии“, „Жежок ветер“ и „Подобар живот“. Роден е на 1 април 1924 година во Крушевац.
 
21.10.2007

1833. - Во Стокхолм е роден Алфред Нобел, шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец. Во 1867 година го пронајде динамитот, а во 1886 година балиститот, еден од првите бездимни барути. Патентира повеќе од 300 пронајдоци. Од производството на динамитот се збогати, па со тестамент остави фонд од 9,2 милиони долари за доделување на Нобеловата награда за вонредни достигнувања на подрачјето на физиката, хемијата, медицината, литературата, за залагањето за мир и за економија. Умре во Сан Ремо, во Италија, на 10.12.1896 година.

1941. - Поради загубите што ги претрпеа фашистичките единици во судирите со партизаните, Германците, како акт на одмазда, извршија масовно злосторство во Крагуевац, во Србија - од 21 до 23 октомври стрелаа околу 7.000 граѓани, меѓу кои имаше многу ученици и деца.

1984. - Во Париз умре Франсоа Трифо, еден од најпознатите француски филмски режисери со светска слава. Тој се истакна како извонреден филмски продуцент, критичар, актер и сценарист.

1995. - По одземањето на парламентарниот имунитет, генералниот секретар на НАТО, Вили Клас поднесе оставка.

1997. - Мило Ѓукановиќ, е избран за претседател на Црна Гора.
 
22.10.2007

1811. - Во Рајдинг е роден Франц Лист, унгарски пијанист и композитор, музичар со романтичарско определување и предводник на германската школа. Тој беше пијанистички виртуоз, кој изгради модерна техника и нов звучно-брилијантен клавирски стил. Зад себе остави нови симфониски поеми, низа камерни дела за оргули и вокални дела. Умре во Боајрот, Баварија, на 31.07.1886 година.

1906. - Умре Пол Сезан, француски сликар. Во почетокот работеше во духот на импресионизмот, а подоцна се откажа од аналитичкиот метод и правеше синтеза заснована врз геометриски форми, градација на тоналитетот и контрасти на бои. Изврши големо влијание врз развојот на модерното европско и светско сликарство во 20 век. Негови познати дела се : „Сина ваза“, „Коцкари“ и „Планината Сен-Виктоар“. Роден е на 19.01.1839 година.

1962. - Претседателот на САД, Џон Кенеди нареди морнарицата и авијацијата на САД да ја блокираат Куба, бидејќи сметаше дека во таа земја се поставени советски лансирни рампи. Така, светот се најде во најдраматичниот период по Втората светска војна, кога лесно можеше да избувне нуклеарна пресметка меѓу двете супер сили (САД и СССР). Директната размена на пораки меѓу Кенеди и Хрушчов доведе најнапред до смирување на ситуацијата, а потоа до отстранување на советските ракети во замена за ветувањето на САД, дека нема да ја нападнат Куба.

1973. - Во Скопје умре Димитар Николоски - Луј, македонски музички педагог и композитор. Музика учеше во Белград и во Софија, а дипломира на музичкиот отсек на Педагошката академија во Скопје. Роден е во Прилеп, на 7.10.1913 година.

1991. - На општите избори во Турција, победи Партијата на вистинскиот пат на Сулејман Демирел.

1997. - Најстарата македонска православна црква во Австралија, „Свети Ѓорѓи“, во Фицрој, осветена во 1960 година, е продадена за 810.000 австралиски долари на некоја градежна фирма.
 
На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Хрсто Ботанџиев го формираа Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање модерна самостојна македонска држава.
 
24.10.2007

1795. - Русија, Австрија и Прусија меѓу себе ја поделија територијата на Полска.

1797. - Лима, главниот град на Перу, го разурна земјотрес, при што загинаа околу 5.000 луѓе.

1857. - Во Шефилд, Англија формиран е фудбалскиот клуб „Шефилд“. Тој е најстариот фудбалски клуб во светот.

1914. - Роден е Џонас Едвард Салк, американски микробиолог. Во 1955 година ја откри вакцината против детската парализа (полиомиелитис). Тој спасил милиони деца во светот заболени од детска парализа. Умре во Ла Џола, Калифорнија, во САД, на 23.06.1955 година.

1915. - Роден е Тито Гоби, италијански оперски пејач, баритон. Настапуваше на сите оперски сцени низ светот и остави репертоар од над стотина улоги. Најголем успех постигна со креациите на Риголето, Скарпија („Тоска“), Фалстав, Фигаро („Севилскиот бербер“) и Дон Џовани. Пееше и во повеќе музички филмови („Џузепе Верди“, „Палјачи“). Умре во 1984 година.

1918. - Сфаќајќи дека со распаѓањето на Австро-Унгарија целосниот пораз на централните сили е неизбежен, царот Карло побара интервенција од Католичката црква за прекинување на војната. Меѓутоа, интервенцијата на Ватикан немаше успех. Сојузниците продолжија со операцијата и ги натераа Австро-Унгарија и Германија на безусловна капитулација.

1945. - Стапи во сила Повелбата на Организацијата на обединетите нации, која заедно со Статутот на Меѓународниот суд, претставува темелен документ за устројството и дејствувањето на оваа светска организација. Тој ден се слави како Ден на Организацијата на обединетите нации. Република Македонија е примена за рамноправен член на Организацијата на обединетите нации на 8.04.1993 година.

1992. - Во Тетово е формиран Сојуз на албанските жени.

1997. - На пет километи под површината на Индискиот океан, нуркачите го пронајдоа американскиот брод кој носеше 2.000 тони сребро, кое претседателот Рузвелт му го испратил на Сталин во 1944 година. Рузвелт сакал да им помогне на Русите во борбата против Хитлер, но планот пропаднал кога германскате подморници го потопиле. Во бродот имало сребро во вредност од најмалку 330 милиони долари.
 
1782. - Во Џенова е роден Николо Паганини, италијански виртуоз на виолина и композитор. Беше ненадминат мајстор на виолинската техника и му беше припишувана дури и маѓиска моќ. Компонираше виолински концерти, сонати, камерна музика и познатите „каприча“ за соло виолина. Умре во Ница, Франција, на 27.05.1840 година.

1898. - Во Велес е роден Димче Зографски, македонски револуционер и општествено- политички работник. Во младоста се вклучи во македонското национално движење. Поради својата револуционерна дејност е осуден на пет години затвор. За време на НОВ на Македонија работеше во Акциониот комитет за создавање и ширење на народноослободителното движење, за што е интерниран од бугарската окупаторска власт. Умре во Скопје, на 3.06.1985 година.

1920. - Седиштето на меѓународната организација Лига на народите (основана е на 19.04.1919 година со задача да го зачува светскиот мир, колективната безбедност и политичката независност на земјите, членки на Лигата на народите) од Лондон е префрлено во Женева, Швајцарија. Во тој град многубројните институции на Лигата на народите останаа се до 1945 година, кога и формално беше укината, отстапувајќи и го местото на Организацијата на обединетите нации.

1920. - Во Битола е роден Стефан Наумов- Стив, народен херој на Македонија. Потекнува од печалбарско семејство. По завршувањето на гимназијата во Битола, во 1938 година се запиша на Техничкиот факултет во Белград, каде што веднаш му пристапи на напредното работничко движење, поради што беше често затворан. По враќањето во Битола, во 1940 година беше избран за секретар на Месниот комитет на КПЈ за Битола. Во април 1942 година го формира Битолскиот НО партизански одред „Пелистер“. Загина (се самоуби) во борбата против бугарската фашистичка војска и полиција кај селото Болно, ресенско, на 12.09.1942 година.

1947. - Во Лерин е извршена смртна пресуда врз 13 Македонци од селото Герман, Леринско, обвинети за соработка со партизаните.

1990. - Во Рим умре Уго Тањаци, прочуен италијански артист, кој со подеднаков успех во 50-те години играше и комични и драмски улоги. Роден е во 1922 година.

1993. - Во Лос Анџелес умре Винсент Прајс, американски артист, холивудски ветеран, ѕвезда на класичните хорор филмови, како што се: „Куќа од восок“ и „Равен“. Роден е во 1911 година.
 
28.10.2007

1492. - На првото патување преку Атлантикот, во потрага по нов пат до Индија, Кристифор Колумбо ја откри Куба.

1704. - Умре Џон Лок, англиски филозоф. Во своето најважно дело „Есеј за човековото сознание“, го постави темелите на сознанието како посебна филозофска дисциплина. Тој ја образложи теоријата на емпириското сознание. Роден е на 29.08.1632 година.

1728. - Роден е Џемс Кук, најпознат поморски истражувач, познат како капетан Кук. Го откри источниот брег на Австралија, многу острови во јужниот Пацифик и прв ги обиколи бреговите на Алјаска. Загина на 14.02.1779 година.

1818. - Во Орел е роден Иван Сергеевич Тургенев, руски писател, еден од најпознатите претставници на рускиот реализам. Изврши големо влијание врз развитокот на новелистиката. Негови најпознати дела се „Спроти новите дни“, „Татковци и деца“, „Ловечки записи“ и „Благородничко гнездо“. Умре во Париз, на 22.08.1883 година.

1947. - Во Скопје, во киното „Култура“, филмските работници на Македонија го организираа првиот филмски преглед. Во него е прикажан секојдневниот живот во Републиката, активностите на градежништвото, прославата на деветти септември во Пиринска Македонија и бербата на памукот во Струмичко. Сниматели беа Трајче Попов и Благоја Дрнков.

1989. - Во Скопје умре Димитар Гешовски, еден од најпознатите македонски артисти. Во својата богата артистичка дејност оствари над стотина театарски, телевизиски и филмски ликови. Роден е во Прилеп, на 14.09.1928 година.

1992. - Во Собранието на Република Македонија, пратениците го изгласаа Законот за државјанство. Услов за добивање на државјанство е 15-годишен престој.
 
29.10.2007

1923. - Турција е прогласена за Република.- Национален празник на Турција.

1940. - Во Ленинград умре Димитрија Чуповски, еден од најистакнатите и најдоследни организатори и афирматори на македонската национална мисла, општественик, револуционер, политичар, дипломат, публицист, научник, издавач, историчар, картограф и филолог. Беше иницијатор и прв претседател на Славјанско-македонското научно литературно друштво, основано во Петроград во 1902 година. Го основа и Национално-просветното (1912) и Руско-македонското друштво (1914) во Петроград, а во периодот од 1912 до 1915 година на руски јазик го издаваше списанието „Македонски голос“. Роден е во селото Папрадиште, велешко, во 1878 година.

1944. - Во селото Горно Врановци, велешко, излезе првиот број на весникот „Нова Македонија“ на македонски јазик, орган на Народноослободителниот фронт на Македонија. Вториот број излезе во ослободениот град Битола, а од третиот број излегува во Скопје. Излегувањето на овој весник е од исклучително значење за развојот на современото македонско новинарство.

1975. - Во Скопје умре Ристо Крле, македонски писател и драматург. Неговото дело има големо значење за македонската драмска литература. Драмите „Парите се отепувачка“, „Милиони маченици“ и „Антица“, создадени пред Втората светска војна, претставуваат своевиден блесок и се придружија кон творештвото на Антон Панов и Васил Иљоски. По војната ги напиша уште и драмските дела „Гроф Миливој“ и „Велик ден“, како и фрагментарно објавената биографија. Роден е во Струга, на 3.09.1900 година.

1994. - По повод вториот круг на гласање за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, почна со работа Прес центарот.
 
05.11.2007

1492. Морепловецот Кристифор Колумбо во својот дневник запиша дека пронашол „едно вкусно растение од кое живеат луѓето“. Тоа беше прв пишан документ во кој се спомнува царевката.

1515. Умре Мариото Албертинели, италијански сликар, еден од претставниците на Фиорентинската школа на високата ренесанса. Роден е на 13.10.1474 година.

1630. Со мирот во Мадрид заврши Англиско-шпанската војна. Претходно Армијата на Шпанија која во оваа земја се бореше со Австрија против Англија, Франција и Холандија, беше поразена на море и на копно.

1940. Демократот Франклин Рузвелт го победи на изборите републиканецот Вендел Вилки и по третпат е избран за претседател на САД.

1956. Британските падобранци се спуштија во Порт Саид во рамките на тројната британско-француско-израелска агресија врз Египет. Со енергична акција на Обединетите нации, агресијата беше запрена, но остави политички последици врз целиот регион и врз светот.

1969. САД го лансираа првиот вселенски брод „Маринер-3“ во правец кон Марс. Поради некои технички грешки мисијата претрпе неупсех.

1992. Демократскиот кандидат, гевернерот од Арканзас, Бил Клинтон убедливо победи на претседателските избори дури во 40 држави на САД.
 
1994. Починал Милан Младеновиќ, гитарист и вокал на Екатарина Велика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom