Музичка берза, инструменти, музичари, бендови...

  • Креатор на темата Креатор на темата rossoner stefan
  • Време на започнување Време на започнување
Дали знај некој кај можам да најдам вакво кабле да купам во македонијава?

$(KGrHqR,!lYE6CCS3zjRBOrZd,YNcQ~~60_12.JPG
 
Сакам да земам Фендер Стратокастер овде од Македонија....Колку им се цените отприлика и шо квалитет се (од кај се? ) ?? И каде се продават? :)
 
U mimi i u ciki poteklo meksiko, kvalitet prosecen.
 
Пошо темава е за купи/продај тука ќе пишам и ќе побарам ваш совет :).

Пред година дена купив од Мими Музика - Скопје(преваранти живи) Roadhouse Deluxe Strat Made in Mexico со ПРЕМИУМ ТЕКСАС СПЕШЛ магнети(најбитниот момент од гитарата), пред некое време бриџ магнетот почна да заебава т.е магнетот не дава бас тонови никакви. Ја однесов кај Гино гитарата и коа ја отвори рече дека жичките на бриџот се прелемувани, и дека тоа не е оригиналниот фабрички лем и ми посочи дека у Мими пред да ги продаваат гитарите ги отвараат деме сетап им прават и гледаат да не им фали нешто. Го опраи некако магнетот све беше ок, кога по една недела пак ми се деси истото и се решив си купив 3 нови, и ги сменив, само што го извадов капачето од бриџ магнетот не само што видов дека не е тексас спешл како другите два, туку и видов дека е лепен со супер лепак и дека е премотувана намотката.

Прегледај го приврзокот 31847

Еве го bridge магнетот и намотката чкарт што сами ја мотале изглеа.

Прегледај го приврзокот 31848

А еве го middle магнетот што е оригиналниот тексас спешл(по намoтката се приметува се прелива виолетово-плава)

Ова го постирам како предупредување ако сте решиле да купите нешто од таму, да си размислите два пати.

Е сеа не знам што да правам пошо се официјални дистрибутери на Фендер за Македонија и Албанија дали да им ги пратам сликиве на надлежните у Фендер со се сериски број декларација што ми дадоа за автентичност и гаранција па они да се испитаат?
Како што имам забележано баш тој кој мислам дека е надлежниот(еден постар) е причината за сите преварувања во мими едноставно човекот е ѓубре дури и некогаш знае да ти се направи дека ти помогнал а уствари те зафркнал уште повеке.Нема никаква заинтересираност кон купувачите ако му испробаш гитара и не му ја купиш ке те гледа со презир а за гитарава би требало да имаш гаранција ако не добро би било да пратиш на некој што е над него(ако има таков) бидејки штета е продавницата да пропаѓа заради ѓибре човек.А и многу други луѓе ми имаат кажано лоши работи за него.
 
Дарко-Мими...:)))
 
Има ли некои бендови кои сакаат да делат ГАРАЖА во Скопје со друг бенд? Се уште ние немаме гаража, меѓутоа ако се собереме 2-3 бенда заедно ќе најдеме со што ќе си ги намалиме трошоците :) Или пак ако има некој бенд кој веќе има гаража, а бара бенд за делење нека ме контактира по ПП.
 
Дечки планирам да правам големи промени на мојата гитара, ставање на нови магнети, тремоло (притоа треба да се буши дрвото зошто гитарата моја има само еден магнет т.е хамбакер) и да се направи детална проверка на целиот хардвер на гитарата и тако даље. Е сеа ми препорачаа еден од Куманово но никако не ми текнува како се викаше. Доколку има негов вебсајт, или име или број ве молим да ме снабдите. Фала :D

Иначе еве ја љубимицата што сакам да ја средим :D Јапански Ибанез од 83
http://www.guitarsushi.com/item/mus...series_II/images/guitarpic_01_all_gallery.jpg

PS. ако знаете некој друг што се занимава со вакви работи слободно може да ми препорачате :P
 
http://www.radulovic.vestel.com.mk/index.php
На Радуловиќ мислиш?
 
Молам ако има некој добар торент за Waves VST v7, нека ми го прати во инбокс. Благодарам!
 
другари, жици за ел.гитара на парче , у Скопје, каде?,или некој да има да шитне 1ва жица?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom