Музичка берза, инструменти, музичари, бендови...

  • Креатор на темата Креатор на темата rossoner stefan
  • Време на започнување Време на започнување
Рапувам прилично добро и пишувам прилично добри текстови.​
ако некој има некаква корист од мене, нека пише.​

Па пушти нешо да те чуеме(читаме)....
 
Продавам BOSS SD 1 со TS 808 мод....еве како звучи со камера од телефон го снимав на крш појачалце али мислам дека звучи пристојно

Цената му е 50 евра
 

Нешто вакво во Скопје? :) Ако земе некој да нарачува од vat19.com да ме извести!!! :love:
 
Па пушти нешо да те чуеме(читаме)....
ех брат неам снимено ништо, иначе не би пастирал тука, премногу ми значат за да ги изложам низ форумов, дај боже ако снимам нешто, ке стаам на youtube ке слушнеш, sry :S иначе пишувам од секаква тематика...
 
Здраво планирам да зимам појачало за ел гитара до 15000ден а да не е помалце од 30w па ако може да ми дадете предлози,совети итн и дали ќе биде добро за свирка :)

Ако те интересира ја продавам вакво појачало:

http://artist-macedonia.com/mex/artikal.php?art=1342&imea=Peavey_Envoy_110_TT

Појачалото е старо 5 месеци, уште е под гаранција. Го чувам под заштитен најлон, нема ни една флека на него, не е изнасано од дома ниеднаш и уште мириса на ново.

Ако си заинтересиран пиши ќе ти пратам слики, ако мислиш дека те лажам.

Цената му е 12.500, има и место за договор :)

Го шиткам зашто ми го донесе како подарок од роднина шо уопште не ме ни праша, а ја собирам пари за лампаш.

Позз
 
Има ли некој ТАПАНАР кој би сакал да свири АВТОРСКА музика. За стилот нешто слично на хард рок меѓутоа мислам дека може да се експериментира, да не биде како сите останати хард рок групи, да пробаме да создадеме нешто свое, различно :) Битно е да е посветен и сериозен :) Ако има заинтересирани нека пишат ПП.
 
Сакам да купувам електрична гитара, цената да биде од 200 до 300 евра. Ако може некој поискусен да ми препорача некоја гитара за почетници.
 
Сакам да купувам електрична гитара, цената да биде од 200 до 300 евра. Ако може некој поискусен да ми препорача некоја гитара за почетници.

А колку си подготвен да дадеш за појачало? Всушност, колку си подготвен да дадеш вкупно?
 
Па вкупно нека биде гитарата со цела опрема до 400 евра.

Мислам дека во Guitar House сеуште продаваат Ибанези grg170 кој е околу 200 евра, а слична цена држаат и нивните паралели во S серијата како gsa60 и слично.
Околу појачало, би ти препорачал да не зимаш испод 30 ватно, дури и ако ти е за вежбање.Во До-Ре-Ми на кеј продаваат добри Laney, имам едно 35 ватно од 200 евра негде и тек после две години го сменив за Line 6 од 75 вати чисто оти ми требаше појако.
Можеш да поминеш и до артист кои можам да кажам дека во моментов се со најдобар избор во Скопје.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom