Music Idol 3

Статус
Затворена за нови мислења.
Супер за номинираниве, Аце ќе го вратат одма, па и Русинка , па од другите ми е сеедно кој ќе испадне

Номинациите са вакви за да има гласане и во МК и во БГ. Пари да се трошат по СМС-и.:toe:
 
Ииииииииии номинирани за испаѓање се:

Преслава
Русина
Александра
Александар
Димитар

Веќе се потежок и потежок избор за тоа кој е лош,а кој е добар....едноставно сите се добри....мислам дека преслава и димитар ќе се борат за да останат во шоуто..
 
Стварно тешка конкуренција, сеа кога се помалце можам да ги анализирам.
од наште прво разбира се :

Бојан- Моќен вокал, добар интерпретатор и уметник. Кај него не ми се допаѓа тоа што мислам дека повеќе се труди да биде шоумен отколку пеач, се обидува и успешно ја забавува и воодушевува публиката, но се некако ми се чини дека не допира до неа, но со оглед на тоа дека сеа се бара мјузик ајдол, комплетен, е еден од топ кандидатите кои ако би ја имале таа среќа, ќе ја постигнат заслужено.

Аце - Аце има мноооогу топол глас, кога го слушам мислам ми го грее срцето, Има огромен шарм и духовитост, прекрасен е на сцената само ме нервира шро уште од првиот ден во него стои една мала доза на вкочанетост, можда и така треба, не знам, но сигурно за разлика од Бојан покрај тоа што и двајцата се прекрасни и комплетни музичари, аце се двои со тоа што успева да влезе во срцата на публиката.

Димитар - Хммм... добро изгледа, симпатичен е, ама има одбивно држење на сцената, премногу е вкочанет и кога се одлучи за поголем чекор, како вчера, до некаде се опушти но во него стои таа доза на страв од реакцијата на публиката и жирито, што треба да го промени, за да биде идол треба да биде комплетно слободен и самоуверен. Но за мене не е роден за да биде идол, бидејќи му лежи самоп одреден правец на музика, и нема доволно амбиција да биде идол оти многу слабо ја врбува публиката со својата појава, што е предизвикано само од него и нокј друг.

Русина- Дааам, таа е мила и многу грациозна дама, специфично гласче кое би го слушала секогаш кога ќе сакам да се релаксирам со едно мартини :) и покрај тоа шо е специфична и си мислиш дека ќе произведе погрешен глас, а таа пее перфектно точно и неФалшиво :) ... но, за да биде идол треба да биде спремна и на нешто по што би рекле тие, по-горешто, за да знае во секој момент и да ја разнежни, а богами и да ја распале публиката, ваљда може ама некако до сега не ми го е покажала тоа... значи има уште работа :)

Александра- Боја! ах, тоа е боја на гласот, така моќна и жестока боја има. Секако тоа е дарба и талент, но мислам дека за жал има негативно нешто во тоа, кое ја ограничува и нема опција да пее повеќе видови на музика. Јас ја гледам повеќе во некој Пијано бар како Преслава отколку на сцена. Мислам дека не произведува енергија. Интересна е но, не е комплет :)

Преслава - Мислам дека Преслава може да и парира на Маги, има како би рекле тие Изл`чване и знае да ја распали публиката, но има некоја мала доза кај неа што ја приметувам, некако како да стои во неа повеќе чист професионализам за душа, отколку музика за публиката и срцата на сите. Но покрај се, таа е навистина професионална и со тек на време може да научи се. Потенцијален идол, да.

Маги - Г.Л.А.С!!! - не знам шо би коментирала за неа. Како шо и кажа Дони на почетокот. ГЛАСИШТЕ. Ја обожвам, ја допира публиката, ја прави музиката во енергија, распалува, гори и остава да тлее! Сакам да ја видам во поразиграно изддание т.е. да се вклучи во кореографија, таа е комплетна вака и секако за мене е најголем ИДОЛ!


Маги и Аце! :)

Браво за позитивното мислене, качи-речи за пр'в п'т ( и от двете страни ) виждам нјакој да може да каже по една хубава дума за всичките, вместо да т'рси кусури :)

Ииииииииии номинирани за испаѓање се:

Преслава
Русина
Александра
Александар
Димитар

На Александар това му беше нај-силнијат концерт, а на Бојан, в'преки че ми е фаворит - това му беше нај-слабијат, зашто тогава Бојан е спасен, а не Александар остава загадка поне за мене......
 
На Александар това му беше нај-силнијат концерт, а на Бојан, в'преки че ми е фаворит - това му беше нај-слабијат, зашто тогава Бојан е спасен, а не Александар остава загадка поне за мене......

Бојан пееше прв, па го гласале од почетокот :toe:. Се соглсасувам дека последниот му беше најслаб настап досега.
 
Александар и Димитар се спасени,утре на елиминациите ќе се борат Русина, Александра и Преслава.
 
Александар и Димитар се спасени,утре на елиминациите ќе се борат Русина, Александра и Преслава.

Мислам дека Александра и Русина ќе се борат за да останат ....
 
Е па Димитар се спаси, а видите ли го, тој сакал до оди на концертот на Депеш Мод :pos2::pos2:

А јас сакам да кажам дека неможев да поверувам што кажаа таа дебелата акетрка Мартина Вачкова и Атанас јанкулов - што тоа било бугарски Мјузик Ајдол, па морало да гласаме за бугари!? :toe:
Мартина е глупа, па тоа не е чудно, жал ми беше за Александра што а заштитаваше - таа не ке те заштити туку ке те закопа; но Атанас е паметен човек... Зошто беше тоа незнам.
 
Мене не ми се допаѓа гласот на Александра,или бојата сеедно.Кога ја слушам грдо ми звучи,како да се дави некако.Ако се прашувам јас нека отпадне таа.Само финтата е што не се прашувам јас.:)
 
Аце беше спасен со бугарски гласови. Ова е добар нишан дека се цени музиката, а не се гласи само за "нашиот".
 
Абе народот треба да гласа за тоа што му се допаѓа ...без разлика на припадноста,верата...
 
Александра, Преслава или Русина?
Една од нив утре ќе го напушти завинаги Музичкиот Идол​
 
Е па Димитар се спаси, а видите ли го, тој сакал до оди на концертот на Депеш Мод :pos2::pos2:

А јас сакам да кажам дека неможев да поверувам што кажаа таа дебелата акетрка Мартина Вачкова и Атанас јанкулов - што тоа било бугарски Мјузик Ајдол, па морало да гласаме за бугари!? :toe:
Мартина е глупа, па тоа не е чудно, жал ми беше за Александра што а заштитаваше - таа не ке те заштити туку ке те закопа; но Атанас е паметен човек... Зошто беше тоа незнам.

Димитар знае дека е време да си оди дома, верувам дека затоа кажа за концертот. Не става за Идол.

Александра, Преслава или Русина?
Една од нив утре ќе го напушти завинаги Музичкиот Идол​

Александра требе да си оди. Незнам зашто секоj пат Преслава е на елиминации. Таа докажа дека може да пее секакви песни, а Александра се едно и исто пее. Доста со таа "боjа" на гласот.
 
Мислам дека овој пат Преслава ќе си замине, скоро секогаш е номинирана за испаѓање и овој пат сигурно е следна
 
Мислам дека овој пат Преслава ќе си замине, скоро секогаш е номинирана за испаѓање и овој пат сигурно е следна

Или Преслава, или Александра. Не верувам Русина да отпадне.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom