Стварно тешка конкуренција, сеа кога се помалце можам да ги анализирам.
од наште прво разбира се :
Бојан- Моќен вокал, добар интерпретатор и уметник. Кај него не ми се допаѓа тоа што мислам дека повеќе се труди да биде шоумен отколку пеач, се обидува и успешно ја забавува и воодушевува публиката, но се некако ми се чини дека не допира до неа, но со оглед на тоа дека сеа се бара мјузик ајдол, комплетен, е еден од топ кандидатите кои ако би ја имале таа среќа, ќе ја постигнат заслужено.
Аце - Аце има мноооогу топол глас, кога го слушам мислам ми го грее срцето, Има огромен шарм и духовитост, прекрасен е на сцената само ме нервира шро уште од првиот ден во него стои една мала доза на вкочанетост, можда и така треба, не знам, но сигурно за разлика од Бојан покрај тоа што и двајцата се прекрасни и комплетни музичари, аце се двои со тоа што успева да влезе во срцата на публиката.
Димитар - Хммм... добро изгледа, симпатичен е, ама има одбивно држење на сцената, премногу е вкочанет и кога се одлучи за поголем чекор, како вчера, до некаде се опушти но во него стои таа доза на страв од реакцијата на публиката и жирито, што треба да го промени, за да биде идол треба да биде комплетно слободен и самоуверен. Но за мене не е роден за да биде идол, бидејќи му лежи самоп одреден правец на музика, и нема доволно амбиција да биде идол оти многу слабо ја врбува публиката со својата појава, што е предизвикано само од него и нокј друг.
Русина- Дааам, таа е мила и многу грациозна дама, специфично гласче кое би го слушала секогаш кога ќе сакам да се релаксирам со едно мартини
и покрај тоа шо е специфична и си мислиш дека ќе произведе погрешен глас, а таа пее перфектно точно и неФалшиво
... но, за да биде идол треба да биде спремна и на нешто по што би рекле тие, по-горешто, за да знае во секој момент и да ја разнежни, а богами и да ја распале публиката, ваљда може ама некако до сега не ми го е покажала тоа... значи има уште работа
Александра- Боја! ах, тоа е боја на гласот, така моќна и жестока боја има. Секако тоа е дарба и талент, но мислам дека за жал има негативно нешто во тоа, кое ја ограничува и нема опција да пее повеќе видови на музика. Јас ја гледам повеќе во некој Пијано бар како Преслава отколку на сцена. Мислам дека не произведува енергија. Интересна е но, не е комплет
Преслава - Мислам дека Преслава може да и парира на Маги, има како би рекле тие Изл`чване и знае да ја распали публиката, но има некоја мала доза кај неа што ја приметувам, некако како да стои во неа повеќе чист професионализам за душа, отколку музика за публиката и срцата на сите. Но покрај се, таа е навистина професионална и со тек на време може да научи се. Потенцијален идол, да.
Маги - Г.Л.А.С!!! - не знам шо би коментирала за неа. Како шо и кажа Дони на почетокот. ГЛАСИШТЕ. Ја обожвам, ја допира публиката, ја прави музиката во енергија, распалува, гори и остава да тлее! Сакам да ја видам во поразиграно изддание т.е. да се вклучи во кореографија, таа е комплетна вака и секако за мене е најголем ИДОЛ!
Маги и Аце!