Music Idol 3

Статус
Затворена за нови мислења.
Уф, добро =) Дека една од фаворитите ми е, а никој овде ништо нема за неа пишано во последно време... Фала :)


па девојката има доста специфичен глас и е многу талентирана... алекс, маги и бојан ми се фаворити ... ама овие вторите двајца највеќе :) ... кој и да победе од нив 3ца нема да ми е криво пошо сите си заслужуваат
 
Кога ќе има идол... во понеделник или ...?
 
На А2 нема да има утре, на А2 во живо има само во среда кога се елиминациите, а понеделник и вторник само репризи на А2 од 21 часот
 
Песни од бугарски, српски и од грчки изведувачи


На третиот голем концерт наречен „Балкански круг“ дванаесеттемина финалисти ќе се претстават со песни од бугарски, српски и од грчки изведувачи.
Вечерта наречена „Балкански круг“ ќе ја отвори членката на жирито, Марија, со својата песна „Не те обичам“. Симона ќе го изведе евровизискиот хит на Елена Папаризу „Нумбер оне“, Магдалена „Новата ти“ од својата сонародничка Преслава, Александра и Ели ќе пеат песни од Анелија, Александра ќе ја изведе „Погледни ме во очите“, а Ели „Всичко води кон тебе“. Преслава ќе се претстави со „Нешто нетипично“ од Ивана, а од истата пејачка ќе испее песна и Соња, тоа е песната „Шампањско и солзи“.
Русина ќе ја пее „Кукавица“ од Цеца, Вики „Ти си мој грех“ од Лепа Брена, а Димитар „Лане моје“ од Жељко Јоксимовиќ. Нашите двајца претставници ќе изведат песни од српски изведувачи, Александар ќе ја пее „Месечина“ од Горан Бреговиќ, а Бојан „Плава циганко“ од Миле Китиќ.


----------------------------------------------------------------------

ДАРКО НЕ Е РАЗОЧАРАН ПО ИЗЛЕГУВАЊЕТО
Напуштањето на „Идол“е реклама за мене Тамара Коларовска

Дарко Илиевски го напушти „Идол“ по само еден и пол месец, можеби кратко време да ги покаже своите пејачки квалитети, но беше присутен доволно долго за да ги освои колегите и публиката, кои веќе почна да собира гласови за негово враќање.
- Не сум разочаран што толку брзо излегов од шоуто бидејќи тоа може да биде поголема реклама за мене – изјави Дарко.
Негови фаворити се Бојан и Александар, и тој се надева дека ќе ги види двајцата во финалето, а едниот на врвот. Со Александар, покрај тоа што делеле заедничка соба, откриле дека имаат многу слични карактери, одлично се сложувале и си давале поддршка и во добро и во лошо.
„Македонскиот Казанова“ или „Мистер плејбој“, како што го нарекуваа во Бугарија, не открива дали имал девојка или симпатија во Бугарија.
- Сакам да останам мистериозен и да оставам моите обожавателки сами да ја откријат таа тајна – вели тој.
По излегувањето на Дарко се крена многу прав, па фановите покренаа петиција за собирање гласови за негово враќање во шоуто, за што Дарко вели дека ништо не се знае со сигурност.
- Третата сезона на „Идол“ е сезона на изненадувања, се е можно – вели тој.
Според многумина, Дарко погрешил во изборот на песната со која се претстави на вториот голем концерт. Иако песните што ги пеат на елиминациската вечер се избор на самите изведувачи, се зборува дека некој влијаел врз изборот на Дарко.
- Во принцип, не го слушам Мајкл Џексон, но „Ѕоу аре нот алоне“ некако ми допре до срцето и мислев дека тоа е песната што во тој момент сакав да ја пеам – истакна шармерот од Македонија, додавајќи дека сака да слуша поп-рок, аренби, класичен рок, а обожава и пеење без музика – акапела.
Тој тврди дека нема некој посебно омилен пејач, повеќе го интересира како се изведени песните и нивниот аранжман. Меѓу другото, Дарко најави и дека наскоро повторно ќе се врати на сцената со нова песна, за која засега не дава никакви детали.
- Се уште не го откривам стилот на музиката што ќе ја пеам, ќе слушнете наскоро, кога ќе излезе мојата песна. Ќе биде нешто ново, какво што до сега не сум слушнал ниту јас, но нешто што веднаш ме освои – рече тој.
Како секој млад човек, Дарко слободното време го поминува со своите пријатели и со најблиските, слаба точка му е неговата внука, а многу време поминува и пред компјутер. Има настапувано во неколку дискотеки низ Македонија, но не професионално. Во Скопје нема некое особено место на излегување, ја почитува дневната шема на пиење кафе со весели луѓе и пријатели, а навечер е редовен посетител на караоке-забавите што ги приредува неговиот пријател Ненад, како и на местата каде што настапува неговиот омилен диџеј Панчо.
На прашањето што мисли за регуларноста во „Идол“ и за тоа што не се покажуваа резултатите од гласањето, Дарко вели:
- Немам време да мислам на тоа, мислам дека на проектот работат професионалци и дека нема неправилности. Сепак, ете добра тема за вас новинарите!
Тој открива дека многу ќе му недостигаат луѓето со кои поминувал 24 часа дневно во Бугарија, но и дека одвај чека да се врати во Македонија и да почне да работи на својата кариера на македонската музичка сцена.
 
Турбошит ќе биде неделава значи.

Пајнер, Гранд, лелелеле.:tapp::tapp:
 
Дали е можно да ми дадете линк за гледуване online на А1?
 
Како да не мешаш политика со музичкиов идол, кога самата продукција на БТВ ја наметнува истата. Имаше бугарска вечер, денеска се испеа српско, грчко и бугарско, но не се пее македонско. ЗОШТО??
И големо браво за Александар и Бојан што не се појавија на бината додека на крајот се пееше грчка песна.
И мислам веќе крајно време е да си правиме самите Идоли, Операции Триумфи, да не правиме ни со срби, ни со бугари, ни со никој....
 
Браво бе Бојане! Ме изнасмеа човекот.:pos2: За се си го бива.
 
Секоја чест за Алекс и Бојан,не пееја грчката песна заради спорот со името.Браво момци!
 
хахахахахахахахахаха

На крајот сите изведувачи пееја некоја Гејска песна и водителот вика:
Во овој настап ке ги нема Бојан и Александар поради Грчко-Македонскиот спор!
Аууууууууу!Ауууууу!Ауууууу!Се напалив ко млад мајмун:pos2:Секоја им чест.Им симнувам капа!
 
Преслава и Бојан MVP денес.Александар со таа песна можеше многу повеќе.
Крајно време е Викторија и Симона да се истоварат од овде, и двете немаа поима денес, едната нека иде за пратечки, другата нека скине некое кило и нека дојде за 3-4 години.
Интересен момент е како Бугарите слабо фаќаат Српски, некој чопав изговор на гласови имаат :))
Фер испаднаа бугариве за разлика од Триумф кога му го натурија на Белов Сакис за пеење, овие ги олабавија од органски неподносливи ствари(мада можеа oд Брена делот да го испеат :))
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom