МРТВ - Македонска радио телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Се е ова убаво што го зборите, ама може ли некој да ми објасни кој к.р последнава недела-две даваат документарци за историја на српска музика на МТВ 1 и тоа во ударен термин од 16 до 17 часот.

Зошто не снимат и они нешто слично за македонската музика во 70-ти, 80-ти и 90-ти години. Младиве ќе мислат дека тогаш кај нас само српска музика трештела, а кај нас имаше еден куп пеачи и групи исти или поквалитетни од српскиве.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
Toa e документарен серијал од РТЦГ (телевизија Црна Гора) Музичка индустрија каде се зборува за музиката од екс ју државите. На тој документарен серијал работено имаат МРТ, BHRT, CMC TV.
Автоматски споено мислење:

Има и за историјата на македонската забавна музика документарен серијал.
И за историјата на народната музика
 
Последно уредено:

Исцелител утре Недела 24 мај во 21:30 на МРТ 1.

Одличен филм, после гледање во кино, одлично и за на тв да се погледне овој филм.
Го имаше и на Cinemax и HBO GO/ОD.
 
Го нема на HBO GO. Освен аке е пушан поинаку.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
Искрено јас го гледав прво симнат од интернет па после некое време и преку HBO OD на МаxTV. Moжно е да го тргнале сега.
 
МРТ 5 се утепаа од репризирање стари работи од времето кога јас сум бил во татини мадиња и од времето кога јас растев со МТВ. Е сега знаеме дека денешнава генерација деца и не гледаат многу телевизија а тие што случајно или пак тие деца што сакаат да погледнат телевизија детска програма тешко дека ќе ги заинтересира Чук чук Стојанче, Шарам Барам, Умни глави, До ре ми, Првите цутови.

Време е некако да почнат со што е можно нови содржини. Можеби во овие никакви лоши времиња и буџетот им е слаб, во корона и не е многу возможно ама бар нешто да смислеа или да набавеа колку се може странска содржина да не вртат цело време од Тв Скопје и МТВ стари содржини. Старите содржини нека најдат термин еднаш или два пати во неделата да има одвоено термини за емитување и плус сето тоа да е достапно на интернет за гледање додека другиот дел од програмската шема да се нови HD детски и образовни содржини.
 
Не се согласувам со тебе. Серии како Чук ,чук Стојанче , Опстанок ,Трст виа , Големи и мали , Белото циганче , Втора смена , Едно лето и да се надевам дека ќе ја пронајдат Девојките на Марко се култни серии за сите генерации. Ги гледав јас и моите внуци ги гледаат со задоволство. Проблем е немање програмска шема на емитување. Плус сега нема ни режисери ,актери и сценаристи кои би обезбедиле квалитетен проект од тип на детска серија.
 
Се согласувам со тебе дека тие серии се култни и се богатство но денешните генерации деца прашај дали некој ги гледа тие серии. Време на брз интернет, Јутјуб, Нетфликс и што уште не со технологијата денес луѓето што создале не верувам дека денешниве деца ќе седат пред тв и ќе чекаат серии стари од времето на нивните родители. Можеби децата од 2-3 годинки ќе ги натераш нешто да погледнат ама и на тие нема вниманието да им трае многу. Треба масовно производство на нови содржини кој ќе се достапни и на интернет после нивно премиерно и репризно емитување на тв. Старите архивски снимки нека ги има на тв програмата но да си бидат во одредени термини а другиот дел од програмата да се ново.
Автоматски споено мислење:

Последно уредено:
Каде на нет може да се погледне дневната програма на сите МТВ-а ?
На официјалната има само за мтв 1 и мтв 2.
 
Пред некоја седмица не им работеше воопшто интернет страницата, не се отвораше страницата.
 
Знае ли некој дали МРТ планира да ги додаде новите канали на нивната веб страна за гледање online? Срамота е што после 4 месеци уште не им е update-ирана листата со канали на веб.
 
Знае ли некој дали МРТ планира да ги додаде новите канали на нивната веб страна за гледање online? Срамота е што после 4 месеци уште не им е update-ирана листата со канали на веб.
После избори нешто ако се среди откако ќе се формира влада па да има oдвоено парички повеќе и за МРТ :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom