МРТВ - Македонска радио телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Бај д веј за одговор на твоето прашање на профилот на МТВ, логото ќе се менува и на МТВ2. ;)
a на собранискиот (мислам на терминот кога нема собрание, на тоа лого ) ?
 
Од сабота МТВ во функција го става новото студио кое ќе биде опремено со најсовремена технологија. Целата позадина ќе биде еден огромен лед дисплеј за кој МТВ платила безмалку половина милион евра.
 
ОК А СО ЛИГА ШАМПИОНИ ШТО ПРАИМЕ ? КАКО МОЖЕ ВАКА ДА НЕ ДУПАТ НЕ МИ Е ЈАСНО ЗА КОЈ КУР ДАВАМЕ 200 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО ЕБАТИ УСРАНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА И ДРЖАВА
 
ОК А СО ЛИГА ШАМПИОНИ ШТО ПРАИМЕ ? КАКО МОЖЕ ВАКА ДА НЕ ДУПАТ НЕ МИ Е ЈАСНО ЗА КОЈ КУР ДАВАМЕ 200 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО ЕБАТИ УСРАНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА И ДРЖАВА
Обjасниjа дека за ЛШ го платиле минималниот пакет со 1 натпревар неделно бидеjќи максималниот пакет бил купен од Македонски Телеком. Истото се случувало и со ХРТ, РТС и другите национални куќи.
 
ОК А СО ЛИГА ШАМПИОНИ ШТО ПРАИМЕ ? КАКО МОЖЕ ВАКА ДА НЕ ДУПАТ НЕ МИ Е ЈАСНО ЗА КОЈ КУР ДАВАМЕ 200 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО ЕБАТИ УСРАНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА И ДРЖАВА
Иако по 1.856 пат (!), не е лошо да објавиме повторно, за сите да се поштедиме од постојани повторувања и небулозни обвинувања - ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ во наредните три сезони на МТВ (исто како и на нам блиските ХТВ, РТС и ОБН) САМО СО ПО ЕДЕН ДИРЕКТЕН ПРЕНОС И САМО ВО СРЕДА ОД 20.45 ЧАСОТ + ФИНАЛЕТО НА КРАЈОТ НА МАЈ..

Таков е пакетот што беше понуден на продажба, независно од волјата и од желбите на Јавниот сервис и на другите ТВ-куќи што учествуваа во наддавањето.. Ако се случеше да не биде откупен, дури тогаш ЛШ ќе се гледаше само на Макс ТВ.. И дури тогаш можеме да ги замислиме реакциите..

И уште нешто - МРТВ како јавна телевизија НЕМА ама баш никаква обврска да откупува (енормно скапа) ТВ програма од типот на ЛШ или ЛЕ, која според ниту еден параметар не може да се оцени дека е од национален интерес.. Во случајов, елитниот европски фудбал го емитува во границите на своите финансиски можности, заради задоволување на публиката и заради подигнување на имиџот и содржинскио квалитет..

Сите поинакви тези и личните толкувања дека на примее радиодифузната такса (колкава и да е нејзината висина) значи автоматска обврска за исполнување на поединечните желби на секој гледач се - НЕОСНОВАНИ.
http://www.facebook.com/groups/261750963941769/permalink/270960046354194/
 
Од недела МТВ блеснува во ново руво
Нов, светски изглед на дневникот, ново лого, нова генерација новинари, нова програмска шема... Македонската радио телевизија месецов ќе блесне на екраните во сосема ново руво! Покрај централен дневник со голем број на вклучувања во живо, на репертоарот на МРТ наскоро ќе се најдат и најгледаните серии, филмови и детска програма, од тинејџерски до легендарни серијали за возрасната популација, велат од МРТ

ТВ серии, кои го достигнаа врвот со својата гледаност насекаде во светот, конечно ќе започнат да се прикажуваат и на Македонскиот ТВ канал – МТВ. Тематиката на сериите не е случајно избрана, туку имаше за цел да го освои и погоди вкусот на секој гледач. „Озборувачка“, „Натприродно“, „Менталист“, „Истрага на местото на злосторство; Лас Вегас, Мајами и Њујорк“ „Репортери“, се само дел од новите наслови на МТВ.

“Искрено веруваме и се надеваме дека новите телевизиски ликови, емисии, квизови, серии, спортски настани, но и од корен сменетиот лик на Дневникот, ќе бидат вистински магнет за гледачите. Вложуваме многу труд и енергија за да го вратиме сјајот на националниот сервис. Поради таа цел ангажирани се сите расположливи капацитети на МРТ зајакнати со неколку нови имиња кои се истакнати професионалци во својата област. Со еден збор секој ден на МРТ ќе биде посебен за гледачите. Сигурен сум дека во програмата има понуда за секој гледач и оној што е љубител на информативните емисии, оние кои сакаат повеќе да гледаат серии и оние кои се обожаватели на интерактивни шоу емисии“, истакна Марјан Цветковски, извршен директор на МРТ.

Подигнувањето на имиџот на националниот сервис, Цветковски го вброи во врвните приоритети на тековната агенда на тимот на МРТ. Оттаму откриваат детали за новото студио од кое ќе се емитува Дневникот, во кое ќе има елементи како во студијата на најпознатите светски медиуми! Покрај новите лица кои веќе се дел од новинарската и презентерската екипа, дел од Дневникот ќе бидат и вклучувања во живо, седум од земјава и три од странство. Најсовременото студио - единствено од овој тип на Балканот, квалитетниот новинарски кадар и ексклузивните содржини, за кратко ќе бидат дел од сечиј дом преку малите екрани! Исто така како голем приоритет ќе биде и враќање на програмата од сопствена продукција на екраните на МРТ како и враќање на сите лица кои допринеле за развој на МРТ.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=71832
 
Кликнете на сликата за поголема верзија.
БранкаСтанковска в недела ќе ја објави преродбата на МРТ
Националниот сервис на Македонија, Македонската радио телевизија, доби ново уредување и целосна обнова под палката на новоназначениот директор, Марјан Цветковски. Директорот најави нов лик на Македонската телевизија, ново студио, технологија и нови уредници со ново издание на вестите кое ќе започне во недела попладне.
- Од понеделник ќе имаме и нова утринска и попладневна програма која ќе има нов концепт и нов систем на работа. Имаме предвидено нови серии, нови забавни содржини кои ќе го привлечат вниманието на гледачите. Освен тоа планираме и стабилна програмска шема која нема да доцни со термините, туку ќе се емитува во предвидениот рок – изјави Цветковски.
Овој обновен период во историјата на националниот сервис ќе започне со вестите во 19 часот во недела кои ќе ги презентира Бранка Станковска. Цветковски вели дека ја поканиле легендарната спикерка затоа што претставува најголем бренд на МРТ и затоа што со овој гест се покажува дека МРТ продолжува континуирано со својата работа, односно дека се надоврзува на постоечката традиција на квалитетот.
Најексклузивниот новитет на возобновената програма ќе биде шоуто „Танцување со ѕвездите“ на BBC чијашто лиценца ја имаат 35 земји ширум светот. Лиценцата ја добила и МРТВ, а проектот ќе започне со реализација од декември, така што ќе организира неколку парови на познати и јавни личности кои, преку модерни танци подготвени од врвни кореографи, секоја недела ќе се натпреваруваат на гламурозна сцена.
Во репертоарот на програмата се предвидува и шоуто на Игор Џамбазов, „Џиш“, кое се очекува да почне со емитување на средината на октомври. Цветковски додаде дека преку Џамбазов, кој долго време беше дел од оваа телевизија, се обидуваат да ги вратат сите маркантни личности кои придонеле за квалитетот на МРТВ.
Од домашните проекти кои се во производство на телевизијата се планира континуирано вложување во проектот „Македонски народни приказни“, а директорот најави за брзо време и реализација на македонска серија за која постоеше распишан конкурс изминативе месеци, а која набрзо ќе почне со снимање.
Директорот додаде дека има обновување и во информативната програма. Тој појасни дека се вложува во технолошката подготвеност на десетте дописни центри низ Македонија кои ќе можат да се вклучат во етерот во било кој период од денот.
Како најголем предизвик со кој се соочил кога се запознал со ситуацијата во телевизиската куќа, Цветковски го посочи проблемот со администрацијата.
- Кога дојдов како директор во МРТ се судрив со банален проблем, но од суштинска важност. Медиумската куќа немаше систематизација на ваботените. Во таа насока направивме успешна систематизација без да дозволиме технолошки вишок и без промена на работните плати. Сега ги имаме сите улови да работиме согласно законските прописи и да вложуваме во оваа куќа која што сметаме дека има сериозен креативен потенцијал – рече директорот.

http://www.plusinfo.mk/vest/57708/Branka-Stankovska-v-nedela-kje-ja-objavi-prerodbata-na-MRT-
 
Од сега и да не гледам ТВ ќе го пуштам телевизорот на МТВ без разлика дали ќе пратам тоа што ќе го даваат само за рејтинзи да добиваат против "турскиве" телевизии :D
 
Во недела вести на МРТВ од студио со високо софистицирана опрема

Нов, светски изглед на дневникот, ново лого, нова генерација новинари, нова програмска шема... Македонската радио телевизија месецов ќе блесне на екраните во сосема ново руво!

Покрај централен дневник со голем број на вклучувања во живо, на репертоарот на МРТ наскоро ќе се најдат и најгледаните серии, филмови и детска програма, од тинејџерски до легендарни серијали за возрасната популација.

ТВ серии, кои го достигнаа врвот со својата гледаност насекаде во светот, конечно ќе започнат да се прикажуваат и на Македонскиот ТВ канал – МТВ. Тематиката на сериите не е случајно избрана, туку имаше за цел да го освои и погоди вкусот на секој гледач. „Озборувачка“, „Натприродно“, „Менталист“, „Истрага на местото на злосторство; Лас Вегас, Мајами и Њујорк“ „Репортери“, се само дел од новите наслови на МТВ.

“Искрено веруваме и се надеваме дека новите телевизиски ликови, емисии, квизови, серии, спортски настани, но и од корен сменетиот лик на Дневникот, ќе бидат вистински магнет за гледачите. Вложуваме многу труд и енергија за да го вратиме сјајот на националниот сервис. Поради таа цел ангажирани се сите расположливи капацитети на МРТ зајакнати со неколку нови имиња кои се истакнати професионалци во својата област. Со еден збор секој ден на МРТ ќе биде посебен за гледачите. Сигурен сум дека во програмата има понуда за секој гледач и оној што е љубител на информативните емисии, оние кои сакаат повеќе да гледаат серии и оние кои се обожаватели на интерактивни шоу емисии“, истакна Марјан Цветковски, извршен директор на МРТ.

Подигнувањето на имиџот на националниот сервис, Цветковски го вброи во врвните приоритети на тековната агенда на тимот на МРТ. Оттаму откриваат детали за новото студио од кое ќе се емитува Дневникот, во кое ќе има елементи како во студијата на најпознатите светски медиуми! Покрај новите лица кои веќе се дел од новинарската и презентерската екипа, дел од Дневникот ќе бидат и вклучувања во живо, седум од земјава и три од странство. Најсовременото студио - единствено од овој тип на Балканот, квалитетниот новинарски кадар и ексклузивните содржини, за кратко ќе бидат дел од сечиј дом преку малите екрани! Исто така како голем приоритет ќе биде и враќање на програмата од сопствена продукција на екраните на МРТ како и враќање на сите лица кои допринеле за развој на МРТ.
 
OДВАЈ ЧЕКАМ :vozbud:

Централниот дневник на Македонската радио телевизија во недела ќе го означи почетокот на промоцијата на новото руво на овој јавен програмски сервис.

Ова денеска го најави Марјан Цветковски, извршен директор на МТВ, кој истакна дека новите телевизиски ликови, емисии, квизови, серии, спортски настани ќе бидат посебно привлечни за сите генерации.

Тој најави нова утринска и попладневна емисија, голем број нови серии, збогатена детска програма. За спортските сладокусци, МТВ ќе биде вистинска фрекфенција за уживање во Лига на шампиони, Лига на Европа, Сеха лигата во ракомет, домашното фудбалско првенство, Формула 1 и многу други.

Тим од 50-тина уредници, како и сите вработени, ќе бидат ангажирани со цел јавниот програмски сервис да стане вистинска атракција на телевизиските екрани.

Цветковски најави дека бил распишан конкурс за играна серија и дека веќе неколку проекти биле во фаза на разгледување по што, како што најави тој, може да се очекува снимање на висококвалитетна македонска серија.

Македонските народни приказни, како и повторното снимање на серијата “Тврдокорни“ ќе бидат составен дел од играната програма на МТВ.

За најмладите МРТ подготви вистинско изненадување. Тие ќе може да уживаат во најпопуларните аниминари филмови, како што се “Дора истражува“, “Диего“, “Кунг Фу Панда“, “Пингвините од Мадагаскар“, “Сунгерот Боб“, “Аватар“ и “Нинџа Желки“, синхронизирани на македонски јазик.

Од светската продукција, како што најави извршниот директор, ќе бидат сериите “Истрага на местото на злосторството“, “Озборувачка“, “Натприродно“, “Менталист“, “Фринџ“, “Репортери“, “Семејни убиства“...

Мегапопуларното телевизиско шоу “Танцување со ѕвездите“, по лиценца на “Би- Би- Си“, исто така ќе почне со реализација на крајот на годината.

Во програмата ќе бидат вклучени и познати македонски имиња, како што е Игор Џамбазов, а неговото ЏИШ шоу ќе се емитува на фрекфенцијата на МРТ.

Од оваа година, како што рече Цветковски, ќе се возобнови и Скопскиот фестивал, каде на сцената ќе има оркестар и реномирани македонски музички имиња.

http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=109873&kategorija=1

редно време беше да средат ,сега очекувам и нивните радиа да ги средат првиот програм на радиото и радио 2 кој добро им функционира но им фали проширување на тимот и повеќе емисии со музика
 
За најмладите МРТ подготви вистинско изненадување. Тие ќе може да уживаат во најпопуларните аниминари филмови, како што се “Дора истражува“, “Диего“, “Кунг Фу Панда“, “Пингвините од Мадагаскар“, “Сунгерот Боб“, “Аватар“ и “Нинџа Желки“, синхронизирани на македонски јазик.
WHAAAAA?

Добро бе од кај најдоа волку пари бе?
Нели никој не плаќа радиодифузна такса?

Ако МТВ можат зошто да не можат и Сител и К5?

Почна А1 вака со американски хит програми и сите почнаа да ги имитираат.
После почна А1 со турски серии па сите почнаа да ги имитираат.
Ај да се надеваме дека сега и МТВ ќе почнат да ги имитираат.
 
Сите плаќаат радиодифузна такса - доброволно или присилно :) Ако не платат ќе им jа блокираат сметката и присилно ќе им наплатат. Тоа е веќе така година дена може и 2 па еве 15 месеца х 190 = 2850 по домаќинство х 500.000 домаќинства (груба броjка) = 142500000
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom