МРТВ - Македонска радио телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Не е дека не можат, муабетот е дека не сакаат. Има огромна разлика... :)
Е да :).

Ако МТВ сакаат зошто Сител и К5 да не сакаат? (хипотетичко прашање нормал пошто гледачите ги гледаат турскоиндискозеленортскоостровските серии)
 
Браво за МТВ, се подобруваат, и студиото за ЛШ им е светско, а не ко порано кога бев таму во основно, креденец имаа сред студио :facepalm:

Супер е што имаат серии од секаков жанр, само турски да нема, барем една телевизија нека остане незагадена.
 
еве го студиото за вести
LPi4W.png

CkY9w.jpg

QyOpJ.jpg

KXCSN.png


сликите се превземени од Безпардон
 
Ќе прозведува МТВ сега програма во ХД? Колку што знам јас алфа имала најака опрема со ист квалитет како нова тв од хрватска така ми кажаа.
 
Стотици милијарди странски „инвестиции“ (во најава нормално), во кое село боксерот пресекол лента за терени за голф, Бранко е крив за се' (нормално) и сл. - се' тоа од џилит ново супер скапо студио.....дур не пратат репортери (со камера) од важни места, настани и не поработат на објективност ич не ги есапам....а и презентерите не им се нешто посебно...
 
Ај да видиме, што чудо ќе беше ова, МТВ немам гледано од 2000 година...
 
Стотици милијарди странски „инвестиции“ (во најава нормално), во кое село боксерот пресекол лента за терени за голф, Бранко е крив за се' (нормално) и сл. - се' тоа од џилит ново супер скапо студио.....дур не пратат репортери (со камера) од важни места, настани и не поработат на објективност ич не ги есапам....а и презентерите не им се нешто посебно...

Да, вестите се најбитни кај МТВ, зашто се работи за информационен канал, налик на CNN па само вести има. :facepalm:

Аманте бе луѓе, еднаш без политика...
 
Колку му е месечниот прилив на копуциве од радиодифузна такса? Претпоставка пола да оди за нив од тие две стотки, би требало само од такса да собираат по еден милион евра месечно.
Не знам, само се информирам. Има некој сознание?
 
Колку му е месечниот прилив на копуциве од радиодифузна такса? Претпоставка пола да оди за нив од тие две стотки, би требало само од такса да собираат по еден милион евра месечно.
Не знам, само се информирам. Има некој сознание?
15 месеца х 190 = 2850 по домаќинство х 500.000 домаќинства (груба броjка) = 142500000
Средства од наплатената радиодифузна такса се распоредуваат на
следниов начин:
- 72% за МРТ за покривање на трошоци за создавање и емитување на
програмите;
- 4,5% за МРТ за техничкотехнолошки развој;
- 16% за МРД за одржување и употреба на јавната радиодифузна мрежа;
- 3,5 % за МРД за развој на јавната радиодифузна мрежа и
- 4 % за Советот за радиодифузија за регулирање и развој на
радиодифузната дејност во Република Македонија.
Од вкупно уплатените средства од радиодифузната такса МРТ задржува
износ во висина од 0,5% на име провизија.
 
Да, вестите се најбитни кај МТВ, зашто се работи за информационен канал, налик на CNN па само вести има. :facepalm:

Аманте бе луѓе, еднаш без политика...
И јас сум за тоа, дај Боже да е така и затоа сум за конкретни, кратки и информативни вести, па уште во продукција на ниво и јас би гледал....реков ако остане така, џабе е и златно студио...
....хтв, ртс (не ги гледам премногу), ама тој репортерски дел ми изгледа многу посериозен...ние немаме постојани дописници од поголемиве метрополи на Балканот и самиот избор на вести е повеќе во контекст на мачкање очи и перење мозок отколку информирање....
 
За поздрав е иницијативата за збогатување на програмата и осовременување на телевизијата. Се надевам дека МТВ ќе се наметне како добар пример за бљувотините од типот на Шител и Кењал5, па можеби и тие ќе се обидат да воведат модерна програма и помалку политика.

Имам една замерка. Пред некој ден пуштив фудбал пренос Вардар играше со Дрита. Значи целиот пренос изгледа како да е сниман со една, максимум две камери. Па добро бе јас разбирам дека неможеме да правиме пренос во стил на Лига на Шампиони со толку многу камери и агли, ама пак цел натпревар да го гледаш од птичја перспектива без ниеден низок кадар од терен кон трибини (не дека имаше публика да се покаже но не е тоа поентата тука), или пак од повеќе агли... Едино што таа смрдлива камера од пред 30 години зумира на моменти па можеш да распознаеш фаци. :D Средете го и ова, ситниците се битни!

П.С. Прочепкав по темава наназад неколку страни, каков ремет јадат МТВ на Facebook хаха, па уште тие 60 и кусур годишните што прв пат верувам се среќаваат со интернет ги седнале и даваа сериозни официјални одговори. Каков паблик рилејшан имаат врв! :D
 
Нели логото ќе го менуваа, што бидна?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom