МПЦ не благословува бебе од епрувета!

  • Креатор на темата Креатор на темата bobi2008
  • Време на започнување Време на започнување
Значи сите деца родени до сега од епрувета(а ги има илијадници)..животарат на ниво на билки..Нели е смешно и апсурдно да тврдиш такво нешто покрај толку живи докази..
И баш ме интересира чија креација се тие..оти само еден дава живот..А ти велиш дека не учествувал во нивното созадавање..
 
Сакаш да кажеш дека детето од епрувета ќе биде како растение? :)
Демек ти т.е. бискупот на православната црква ќе му каже на Бог каде да даде живот, а каде да не даде. Брее до каде отидоа православниве, се издигнаа и над Бог.
 
Кон болтуваното:
- за да бидеш сигурен дека сите деца родени од епрувета се о.к. треба да се погледне не само начинот на кој тие се создадени туку и целата нвна „историја„ т.е. нивното вкупно доесашно однесување.
- не би можел да кажам баш така, дека животарат на ниво од билки, ама вистината е тука некаде. Не се соменавм дека имаат и телесност у душевност а духовноста е секако дискутабилна.
- тие се ЧОВЕКОВА креација, проста „механика„ каде се врши принудно/механичко спојување на м-келијата и ж-келијата од чиј спој ќе се равие ново битие. При таквото миеханичко спојување, исклучени се и таткото и мајката па целата „креативност„ му е доделена на гинекологот кој со користење соодветен алат ги спојува келите во еден зигот. Тука, гинекологот ја превзема улогата Божја.
- да, само еден дава живот, Животодавецот.
- чисто за споредба: на еднокелијските организми не им треба епрувета (ни Свет Дух) но и тие се размонжуваат, со проста/механичка делба на еднокелијскиот организам на две нови келии па и тие се живи. Ти текнува?
 
Сакаш да кажеш дека детето од епрувета ќе биде како растение? :)
Демек ти т.е. бискупот на православната црква ќе му каже на Бог каде да даде живот, а каде да не даде. Брее до каде отидоа православниве, се издигнаа и над Бог.

Кон болтуваното:
- да , како растение, но сигурно нема да биде растение. Барем телесно ќе наликува на човечко битие.
- православието нема бискупи.
- само Бог е автономен во своето одлучување. Никој па ни православниот архиепискот неможе да му нареди ништо на Бога.
- над Бога нема ништо. Бог е врвот и Творецот на се.

П.С: Ако Црквата вели дека некое однесување не е благословено, тогаш одговорноста паѓа на оној кој не ја послушал таквата Црковна забрана.
 
А зошто мислиш дека ако нешто православието не благословило дека за тоа нешто некој ќе има одговорност пред Бог?
Ако Бог не благословил нешто, тогаш можеме да речеме дека тоа нешто е забрането, но каква врска има православието со Бог? Да не ги мешаш ти овие два поима?
 
Кон болтуваното:
- да , како растение, но сигурно нема да биде растение. Барем телесно ќе наликува на човечко битие.
- православието нема бискупи.
- само Бог е автономен во своето одлучување. Никој па ни православниот архиепискот неможе да му нареди ништо на Бога.
- над Бога нема ништо. Бог е врвот и Творецот на се.

П.С: Ако Црквата вели дека некое однесување не е благословено, тогаш одговорноста паѓа на оној кој не ја послушал таквата Црковна забрана.

Мики со ова твое, т.е. на МПЦ пишување искрено МЕ УПЛАШИ.
Па што се овие луѓе, ЗОМБИ?
Можат овие луѓе од епрувета да се покајат?
Или кога ќе умрат само ќе исчезнат?
Ова создание или Е човек или НЕ е човек, не може да биде и двете во исто време
 
за да бидеш сигурен дека сите деца родени од епрувета се о.к. треба да се погледне не само начинот на кој тие се создадени туку и целата нвна „историја„ т.е. нивното вкупно доесашно однесување
Мики првото бебе од епрувета се родило во далечната 1978..и јас колку што знам е сосем нормално..
Тука, гинекологот ја превзема улогата Божја.
Па значи човекот е Бог..оти и тој може да даде живот..
чисто за споредба: на еднокелијските организми не им треба епрувета (ни Свет Дух) но и тие се размонжуваат, со проста/механичка делба
Споредбата за еднокелисиките организми и човекот...Мики друже..не ми текнува..ова е страшно..
 
Каква врска има православието со Бога? Тоа е добро прашање. Има: НЕПОСРЕДНА врска со Творецот.
Не е во прашање само благословот, но таков е редот во Црквата. Секое однесување во православието треба да биде одобрено/благословено од свештенството, оти искуствата од Црквата велат дека секоја своеглавост дава негативни резултати, т.е. нема ДОБРИ дела. За православните верници, битно е да го почитуваат редот во Црквата и да не се впуштаат во своеглави однесувања и глупирања.
Дека благословот не е пресуден, може да се види од постоењето на народи кои сеуште се пагани и долопоклоници па уште постојат. Очигледно, до нив сеуште не стигнала добрата вест.

Мики со ова твое, т.е. на МПЦ пишување искрено МЕ УПЛАШИ.
Па што се овие луѓе, ЗОМБИ?
Можат овие луѓе од епрувета да се покајат?
Или кога ќе умрат само ќе исчезнат?
Ова создание или Е човек или НЕ е човек, не може да биде и двете во исто време

Христијанин, и ТРЕБА да те плаши! Откога се појави можноста за клонирање на се и сешто, православните богослови на цел глас ПРЕДУПРЕДУВААТ кон што може да не одведа таа човечка лудорија, запакувана под фирмата „напредок на науката„!

Неможам со сигурност да кажам дека се зомби, оти зомбите не се човечка, туку ѓаволска креација. А дали можат да се покајат? Па тоа и сам го поставив како прашање: дали тие „нешта„ ќе почнат некогаш, во текот од нивниот живот, да го бараат Бога или да го бараат гинекологот кој си создал? А дали ќе исчезна кога ќе умрат? Тоа допрва треба да се согледа. Можеби некое од „епруветирание„ деца сега веќе е покојно.
Е сега, дали Е човек или НЕ е човек, тоа е добро прашање. На пример, кога овцата Доли беше клонирана, самите генетичари прашаа: кој е родител на Доли? Дали Доли почнала да ЖИВЕЕ од моментот кога била клонирана? А како заврши животот на Доли? Умре/пцовиса, и живееше пократко и од својата мајка-овца.
 
Каква врска има православието со Бога? Тоа е добро прашање. Има: НЕПОСРЕДНА врска со Творецот.

Тоа може да го кажат и католиците, и мормоните, и Адвентистите, и Јеховините Сведоци... секој си мисли дека е во непосредна врска со Творецот.

Секое однесување во православието треба да биде одобрено/благословено од свештенството,

свештениците може да ви бидат богови во рамките на православната заедница, но не и надвор од неа. Тие можат да имаат власт и да вршат ред во рамките на својата заедница, меѓу оние кои ги избрале да им бидат богови. Но не и надвор од православната заедница. А тука збориме баш за тоа, за дете од епрувета чиј живот е одобрен од Бог со тоа што Бог одобрил тоа дете да биде родено. Ако Бог не одобрил, тоа дете ќе се родело мртво, но бидејќи живо, животот му е дар од Животодавецот - Бог.

- ѓаволот неможе ништо да создаде

MIKI1 напиша:
Неможам со сигурност да кажам дека се зомби, оти зомбите не се човечка, туку ѓаволска креација.

Контрадикција!
Зборот креација доаѓа од англискиот збор creation што значи создание.
Во првата изјава велиш дека Ѓаволот не може ништо да создаде, а во втората изјава велиш дека зомбите се ѓаволско создание. :)
 
искрено мислам дека црквата сега навистина греши...Бог е тој што ги дал инстинктите...и секако најголемиот мегу нив...мајчинскиот..исто и мајчинската љубов...ништо на овој свет не е посилно од тоа...и ништо нема да ја спречи мајката да дојде до свој сопствен плод....кога една жена(идна мајка) може да биде исполнета со љубов не гледам причина зошто црквата не би го благословила тоа....
 
Тоа може да го кажат и католиците, и мормоните, и Адвентистите, и Јеховините Сведоци... секој си мисли дека е во непосредна врска со Творецот.

свештениците може да ви бидат богови во рамките на православната заедница, но не и надвор од неа. Тие можат да имаат власт и да вршат ред во рамките на својата заедница, меѓу оние кои ги избрале да им бидат богови. Но не и надвор од православната заедница. А тука збориме баш за тоа, за дете од епрувета чиј живот е одобрен од Бог со тоа што Бог одобрил тоа дете да биде родено. Ако Бог не одобрил, тоа дете ќе се родело мртво, но бидејќи живо, животот му е дар од Животодавецот - Бог.

Кон болтуваното, по редослед:
- да, сите тие можат да го кажат тоа. Но сите неможат истовремено д абидта во право. Како што е еден Бог, така, една е и Вистината.
- токму за тоа и пишувам на форумов: пишувам за православието а не за нешто НАДВОР од него. Лично и персонално, воопшто не сум оптеретен со другите религии.
Во првославието, бракот е СВЕТА ТАЈНА, која се благословува при веначавањето. Според тоа, бракот не е „место„ за „научни„ екперминети и ексхибиции, туку заедница преку која се продолжува родот човечки онака како што е од Бога одредено а не од некој гинеколог. „..плодете се и множете се и наполнете ја земјата..„ вели Творецот. Очигледно е дека НИКАДЕ не е спомената епруветата или било кој друг неприроден начин на размножување на луѓето.
 
Сепак Мики, тука ние не дискутираме за тоа дали постапката на оние кои го "создале" детето во епрувета е благословена или не, значи зборувам за постапката. Туку збориме за детето. Тоа немало избор како ќе биде родено. Тоа не е криво што некој решил да го произведе од епрувета. И затоа сметам дека штом Бог му дал живот на тоа дете, дека неговиот или нејзиниот живот е благословен од Бог. Бидејќи Бог можел и да не го даде.
Затоа не ја мешај темата за бракот тука, бидејќи не и е место. Тука не збориме за постапката, туку за детето.
 
Тоа може да го кажат и католиците, и мормоните, и Адвентистите, и Јеховините Сведоци... секој си мисли дека е во непосредна врска со Творецот.

свештениците може да ви бидат богови во рамките на православната заедница, но не и надвор од неа. Тие можат да имаат власт и да вршат ред во рамките на својата заедница, меѓу оние кои ги избрале да им бидат богови. Но не и надвор од православната заедница. А тука збориме баш за тоа, за дете од епрувета чиј живот е одобрен од Бог со тоа што Бог одобрил тоа дете да биде родено. Ако Бог не одобрил, тоа дете ќе се родело мртво, но бидејќи живо, животот му е дар од Животодавецот - Бог.

Контрадикција!
Зборот креација доаѓа од англискиот збор creation што значи создание.
Во првата изјава велиш дека Ѓаволот не може ништо да создаде, а во втората изјава велиш дека зомбите се ѓаволско создание. :)

Чорбаџија, не е тоа никава контрадикција. Немој да ми кажеш дека сум згрешил, оти Божјата, човечката и ѓаволската креативност се три различни категории.
-Бог создава „од ништо„
-човекот пре-создава од веќе создадената материја
-ѓаволот не создава ништо. Тој е дух. Тој само зема (душите од грешниците, на пример). А кога велам дека создава, мислам на неговото ДУХОВНО влијание врз поедниците кои СВЕСНО му служат, оти тој име бог. Тие се оние кои СОЗДАВААТ зло под демонското влијане и и иснтрукции.

Сепак Мики, тука ние не дискутираме за тоа дали постапката на оние кои го "создале" детето во епрувета е благословена или не, значи зборувам за постапката. Туку збориме за детето. Тоа немало избор како ќе биде родено. Тоа не е криво што некој решил да го произведе од епрувета. И затоа сметам дека штом Бог му дал живот на тоа дете, дека неговиот или нејзиниот живот е благословен од Бог. Бидејќи Бог можел и да не го даде.
Затоа не ја мешај темата за бракот тука, бидејќи не и е место. Тука не збориме за постапката, туку за детето.

Кон болтуваното:
- да, тоа НЕМАЛО исбор, секако. Јас не сум роден од епрувета па и јас не сум имал избор за моето (не)раѓање. Но моите родители ИМАЛЕ избор. Можеле да ме родат како што и неморале да ме родат.
- точно, Бог можел и да не го даде. Но прашање е дали давањето живот на таков, неприроде и неблагословен начин е Божја волја? Кога тоа би било Божја волја, тогаш и Црквата би им советувала на сите да не денгубат со свадби и веначвки туку кому како ќе му се кеифне, да си создаде дете.
- неможам да не ја мешам темата „брак„. Од бракот се раѓаат деца и само благословениот брак може да даде деца кои ќе бидат релативно нормални и кои ќе можат да се надеваат на спасение на своите души.
 
- неможам да не ја мешам темата „брак„. Од бракот се раѓаат деца и само благословениот брак може да даде деца кои ќе бидат релативно нормални и кои ќе можат да се надеваат на спасение на своите души.

Значи сеа по твое ЕПРУВЕТЏИИВЕ НЕМААТ ШАНСА ЗА СПАСЕНИЕ?

Аман бре пријателе!

Морам да кажам пак, АЈ ЦИТАТ ЗА ТОА ОД БИБЛИЈАТА?
 
Значи сеа по твое ЕПРУВЕТЏИИВЕ НЕМААТ ШАНСА ЗА СПАСЕНИЕ?

Аман бре пријателе!

Морам да кажам пак, АЈ ЦИТАТ ЗА ТОА ОД БИБЛИЈАТА?

Не реков дека немаат, само ја споменав дискутабилноста на таа епруветска креација, која , ајде, за тековни потреби, ќе ја наречеме човек. А дали имаат можност за спасение? Па спасението не зависи ни од мене ни од моето мислење, туку од МИЛОСТА Божја.

Пак цитати? А каде е споменато ваквото, „научно„ зачнување луѓе во Писмото ? Каде Бог го благословоил таквиот начин на раѓање луѓе?

„ А на жената и рече: „Кога ќе бидеш бремена, ќе ти ги умножам и преумножам маките, со болки ќе раѓаш деца и ќе се приклониш кон мажот свој, и тој ќе ти биде годподар„
(Постаноик, 3.16)
„Потоа Адам легна со жената своја Ева која зачна и го роди Каин и рече:„ Придобив човек од Господ!„
(Постаноик, 4.1)

Во овие цитати, НЕ ГЛЕДАМ неприроден начин на зачнување луѓе!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom