МПЦ не благословува бебе од епрувета!

  • Креатор на темата Креатор на темата bobi2008
  • Време на започнување Време на започнување
И што де? Може да дојде до расправија и после (не мора да е поради детето, ако мислиш на тоа)

Не мислев на тоа.
Реплицирав на тоа што го кажа дека може да се посвои напуштено детенце. Целев на тоа дека и напуштено детенце може да биде "бебе од епрувета", а тоа не смее ли да се посвои?
 
Поентата ми беше да не плукате по сите религии заради една - во случајов МПЦ.
Ако едно дрво не дава добар плод, тоа не значи дека цела шума треба да се сече.
 
Благословот не доаѓа од попот! Благословот иде од Господ. Библијата вели дека и ние луѓето треба да се благословуваме еден со друг. И еве, јас тебе ти велам: Господ да те благослови!
А во што девојче ти го виде мојот фанатизам?

Oколу фанатизмот не би дискутирала зошто не сакам да одам премногу оф топик.
Ако не доаѓа благословот од попот,како се осмелува тој така дрско со сите свои гревови да се сити на мојата мака(мојата неплодност),па уште да не добијам благослов за моето чедо.
Па нели и детето зачнато во епрувета е дар од Бога.Како инаку би се родило дете ако Бог не му дари живот?
 
Cafe, убаво ти вели Христијанин, благословот не доаѓа од попо, туку од Господ.
Ако ти не си христијанка, тебе не ти е потребен никаков благослов, а доколку си христијанка, тогаш барај благослов од Бог, а не од некој самопрогласен "благословувач".
 
Сите примери ги земам фиктивно па затоа земам за пример дека ако неможам да оставам потомок,а сакам,се молам на Бога 10 години и едноставно неможам,човек сум и надежта полека згаснува,а имам шанса мојата најголема радост да ми се случи,да имам дете.Нели е човечки да родам дете создадено во епрувета,а благословот од Бога да ми биде тоа дете што се родило?
Премногу се нафрливте во друга насока,а си велев дека нема да реплицирам зошто знам дека е залудно на различни станици чекаме воз.
 
Не мислев на тоа.
Реплицирав на тоа што го кажа дека може да се посвои напуштено детенце. Целев на тоа дека и напуштено детенце може да биде "бебе од епрувета", а тоа не смее ли да се посвои?

Дај ми една добра причина зошто да не може да се посвои 'бебе од епрувета'?

Што би требало да му направиме?!?!?!?!?

Јас не сум ни помислил дека не може и не треба да се посвои.
 
Сите примери ги земам фиктивно па затоа земам за пример дека ако неможам да оставам потомок,а сакам,се молам на Бога 10 години и едноставно неможам,човек сум и надежта полека згаснува,а имам шанса мојата најголема радост да ми се случи,да имам дете.Нели е човечки да родам дете создадено во епрувета,а благословот од Бога да ми биде тоа дете што се родило?
Премногу се нафрливте во друга насока,а си велев дека нема да реплицирам зошто знам дека е залудно на различни станици чекаме воз.

Зошто мислиш дека Господ нема да го благослови детето? И од каде ти е тоа мислење дека Господ неа би го благословил? Јас тоа не сум го рекол!
Од друга страна значи логиката на то што го велиш дека Господ нема да го благослови би била 'штом не го благословува, значи ќе го проколне'!

Изгледа девојче дека ти Господ не го познаваш! Ако сакаш да го запознаеш, ОДМА земај Библија и читај!
Немаш/имаш Библија? Јави ми ќе се договориме.

Господ нека те благослови и еден ден (кога ќе бидеш во брак) нека ти даде рожба тебе и на твојот сопатник за да му се радувате.
 
Oколу фанатизмот не би дискутирала зошто не сакам да одам премногу оф топик.
Ако не доаѓа благословот од попот,како се осмелува тој така дрско со сите свои гревови да се сити на мојата мака(мојата неплодност),па уште да не добијам благослов за моето чедо.
Па нели и детето зачнато во епрувета е дар од Бога.Како инаку би се родило дете ако Бог не му дари живот?

Кон болтуваното:
- во мојот вчерашен пост, се обидов да покажам зашто не МПЦ туку цело православие не го одобрува „епруветирањето„. Кога детето зачнато во епривета би бил дар Божји, тогаш православните Цркви би рекле: „Луѓе, шо ќе ви брак, живејте безбрачно, „раѓајте„ деца од епрувета„. Ама не е така, за среќа. Само благословениот брак, како ЗАЕДНИЦА помеѓу машко и женско е можност за раѓање деца а не некое си таму епруветирање. Сопружниците се тие кои носат ЗАЕДНИЧКА одлука за зачнување НОВ човек. Сопружницте се тие кои НЕПОСРЕДНО учествуваат во зачнувањео на нов човек а не некој си таму гинеколог-специјалист за вонтелесно оплодување.
Како инаку би се родило дете ко Бог не му дари живот!? Па тука е клучниот проблем! Кога се зачнува нов човек, родителите му даваат ТЕЛО а Светито ДУх му дава ДУХ животен на телото! Така и Адам е создаден: од земја/тело во која е вдахнат дух животен! Така е нормално и така е природно! А што се случува при „епруветирањето„: специјалистот врши НАСИЛНО (!!!!!!!!) спојување на машката и женската полова келија, НАДВОР од телото од МАЈКАТА, при што учеството на Светиот Дух е ИСКЛУЧЕНО (!!!) а специјалистот ја превзема улогата Божја!!! Па сеа, како може да биде Бог учесник во таквото зачнување!????

„На сила нема убавина„ рекол некој народен мудрец.
 
Кон болтуваното:
Кога се зачнува нов човек, родителите му даваат ТЕЛО а Светито ДУх му дава ДУХ животен на телото! Така и Адам е создаден: од земја/тело во која е вдахнат дух животен!
А што се случува при „епруветирањето„: специјалистот врши НАСИЛНО (!!!!!!!!) спојување на машката и женската полова келија, НАДВОР од телото од МАЈКАТА, при што учеството на Светиот Дух е ИСКЛУЧЕНО (!!!) а специјалистот ја превзема улогата Божја!!! Па сеа, како може да биде Бог учесник во таквото зачнување!????

Значи ли Мики по твое дека зачнатото бебе во епрувета нема дух животворен во себе?!?!
А како е живо?
 
МПц и сите други цркви и религии млатат празна слама. Во иднина ќе се измисли лек пртов сида, а тие ќе излезат со став дека смрта бил господова одлука и тие луѓе мора да умрат.

не е точно се во светов има рамнотежа па и ова имаме стрилни парови кој немаат деца ама имаме самохрани мајки кои ги даваат своите деца во домови па нека си посинат а што се однесува до сидата има лекар кој може да да ја излекува но ние не ја бараме неговата помош 95% од хив позитивните се заразиле на неприроден начин кој е забранет од црквата да ја почитувале немало глава да ги боли ама и да се покајат и да се моллат за прошка и за исцеление Бог нашиот лекар како досега во многу примери ке ги исцели
 
Кон болтуваното:
Кога се зачнува нов човек, родителите му даваат ТЕЛО а Светито ДУх му дава ДУХ животен на телото! Така и Адам е создаден: од земја/тело во која е вдахнат дух животен!
А што се случува при „епруветирањето„: специјалистот врши НАСИЛНО (!!!!!!!!) спојување на машката и женската полова келија, НАДВОР од телото од МАЈКАТА, при што учеството на Светиот Дух е ИСКЛУЧЕНО (!!!) а специјалистот ја превзема улогата Божја!!! Па сеа, како може да биде Бог учесник во таквото зачнување!????

Значи ли Мики по твое дека зачнатото бебе во епрувета нема дух животворен во себе?!?!
А како е живо?

Секако дека е живо...ама живи се и растенијата и животните а за нив не велиме дека се и духовни....ме конташ што сакам да кажам?
 
Не!

Секако дека е живо...ама живи се и растенијата и животните а за нив не велиме дека се и духовни....ме конташ што сакам да кажам?

Извини, ама не. Животните немаат душа, само човекот ја има. Според тоа ...
 
Еве какво е православното објаснување.
Тело+ниска душевност=растение.
Тело+повисока душевност=животно.
Тело+душа+дух(!!!)=човек.
Така?
Значи, растенијата се телесни/материјални со најнизок облик од душевност. На пример, едно дрво, кога го сечат, не вика „ме боли„.
Животните се телесни/материјални со повисок степен на душевност. Кој дома има/чува некој љубимец, знае на што мислам. Животните се раководат по т.н. инстинкти кои им се „фабрички„ вградени и зата се „движат„ само во границата од инстинктите. Животните (ниту растенијата) немаат „рацио„ кое може да учи, „конта„ и философира за Светот и да го спознава Бога.
Кај човекот, како врв на Божјата креација, работата е сосема поинаква. Човекот има своја телесност/материјалност (во православието, телото се нарекува „плот„), има и душевност (уште се нарекува и „емотивност„) а има у духовност. Духот е дар од Светиот Дух за човекот и ниедно други живо творение НЕМА дух! Духот пак (енергијата која го движи и контолира телото) има свои три „органи„: РАЗУМ (рацио), ЧУВСТВА и СЛОБОДНА ВОЛЈА. Ни растенијата ни животните НЕМААТ разум, ни човечки чувстав ни слободна волја, туку имаат „рамка„ во која можат да егзиситраат и која неможат да ја надминат/напуштат.
Токму духот е „она„ кое ги разликува луѓето од другите живи творенија. Затоа и реков: „епруветираниот„ човек, кога ќе расне и порасне, ќе има скоро се: ќе има и тело и лик човечки и душевност, но ќе нема дух/духовност оти духот го дава Светиот Дух а не гинекологот кој насилно ги спојува м-келијата ж-келијата во еден зигот, од кој подоцна треба да се развие човек. Така создадениот човек физички ќе НАЛИКУВА на човек, ќе има и одредена душевност/емотивност. но дали ќе биде способен за духовност? Дали така создадениот човек ќе има потреба и дали ќе почне да го бара Бога? Или ќе почне да го бара гинекологот кој го создал?
 
при што учеството на Светиот Дух е ИСКЛУЧЕНО (!!!) а специјалистот ја превзема улогата Божја!!! Па сеа, како може да биде Бог учесник во таквото зачнување!????

Велиш дека учеството на Светиот Дух е исклучено и дека Бог (Животодавецот) не е учесник во таквото зачнување, тогаш одговори ми како е можно од епрувета да се роди живо дете?
Ако Животодавецот, според тебе, не е учесник во тој процес, значи не му дава живот на бебето, тогаш како е можно да се роди живо дете?
Да не сакаш да кажеш дека Ѓаволот му дава живот на детето од епрувета? :pop:
 
- можно е да се роди живо бебе/дете, кое физички/телесно ке НАЛИКУВА на човек, тоа не го спорам. Но од друга страна, и растенијата и животните се живи а во нивното размножување сигурно не учетвува Светиот Дух, кој духот им го дава само на луѓето, а не на растенијата и животните.. Да се потсетиме на Постанокот: Бог заповеда а растенијата и животните, секое по својот род и вид, се создаваат по Божјата заповед. Кај Адамовот создавање, ситуацијата е различна: Бог не заповеда да биде создаден Адам, туку Бог ЛИЧНО учествува во создавањето Адамово а Духот Свет на земјата (телото) и вдахнува ДУША и така, „човекот стана жива душа„
- ѓаволот неможе ништо да создаде оти и самиот е создаден. Тој може само да земе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom