Може ли да не промени....?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
277
Возраст
38
Вака, многу често сум слушнал разговори во стилот:

Почнав на работа и сега немам време за ништо, ни за пријатели, ни за излегување ни за ништо„ или

Од кога си фатив дечко/девојка немам време за ништо ги запоставив старите пријатели, немам време ни за кафе, ни да се видиме...„ или

Од кога се запишав на факулетет/кога почнав на работа немам време за ништо, цело време со обврски, немам време ни за излегување...



Што може во животот да во промени? Дали може ново работно место, или пак нова љубов да биде доволна причина за запоставување на старите пријатели?


Можеме ли да се дозволиме образованието (факултет или школото) да биде причина за промена? Или самото завршување на образованието (дипломирање или сл.) да биде причина за промена на начинот на однесување, да биде причина за запоставување на дружењето и на излегувањето?


Може ли новата работна позиција да биде причина за промена на кругот на пријателите и заборавување на старото друштво?
Дали евентуалното унапредување на работното место би требало да значи и ново друштво?


Дали новиот дечко/девојка треба да значи запоставување на старите пријатели?


Што треба да ви се случи во животот за да ве промени, за заборавите на старите пријатели, на старите другари?


Не мислите дека и школото (факултетот) и работота или пак новата работна позиција па и во крајна мера и љубовта се нешто што е минливо?


Вреди ли животот (младешки), друштвото и забавата да ги жртвуваме за работи кои се минливи?
 
На оваа тема сме дискутирале со сусаро на неколку наврата.
Факт е дека откако на пример ќе се вработиш не можеш да си дозволиш многу работи што си ги можел додека си студирал. Не можеш среде работна недела да се заборавиш до 5 сабајле затоа што знаеш дека на работа "мора" да идеш. Додека никој нема да ти одбие од нешто ако пропуштиш неколку предавања или вежби.

Проблемот е што ако си фатиш девојка/дечко па да ги баталиш другарите, па откако ќе раскинете подоцна пак да им се вратиш...тоа е лицемерно и злобно.
Ако појдеш на работа тоа не значи автоматски да се социјализираш само со луѓето од работа...тоа е апсурд. Тоа е само едно секунарно пријателство и ништо повеќе. Секогаш наоѓајте време за пиво со пријателите, или за некој излет преку викенд.
Ако не можете тоа да си го дозволите тогаш џабе ви е и директор на T-Mobile да сте.
 
Не вреди да го менуваме животот, ама состојбите го налагаат тоа:)
Новата работа не само што ме оддалечи од друштвото, фамилијата и старите навики, ами направи да заборавам и на себе:)
 
Зависи од човекот.Мене ми се случиле работи кои сите други луѓе би ги промениле од корен.Сепак останав иста, барем пред луѓето.Сама, јас си знам.
Живеев 1 година и нешто во Скопје, не се оддалечив многу од другите.Студирав, сега работам, и уште со истите луѓе сум во контакт. Ако некогаш се нема време, тогаш ке мора да ме разберат.Вака барем знам кои ми се блиски пријатели, вистински.Не се тие со кои секој ден пиете кафе, туку оние кога ви е тешко оставаат се. Значи, да имам време за моите пријатели кога им требам, а понекогаш и за кафе.Не како во средно, кога по 10 саата бевме заедно.Ама барем ги научивме вистинските вредности.
Имам дечко со години.Не можам да излегувам со другарките секоја вечер, ама па затоа ако имаме потреба да се видиме, денски си одиме на кефе, или шетаме.Наоѓам време. Само никогаш да си ги средам алиштата:toe:
 
Откако се вработив, секако дека не ги запоставив другарите со кои сум се дружел и сеуште се дружам, но сепак некои навики се сменија, порано легнување, одмор после работа и нешто слично.

Сепак увек сум расположен за кафица или за искачање со друштвото со кое се дружам, но секако после работното време. :)
 
Можеме ли да се дозволиме образованието (факултет или школото) да биде причина за промена? Или самото завршување на образованието (дипломирање или сл.) да биде причина за промена на начинот на однесување, да биде причина за запоставување на дружењето и на излегувањето?
Со дипломирањето и вработувањето може ненамерно да се запостават пријателите.Пример се вработуваш и одиш на работа од 8 до 16h,имаш многу обврски,треба рано да стануваш на сабајле па си уморен да излезиш и сл.Или пак ако работиш и студираш истовремено тогаш имаш се помалку време.Но ако се сака се се можи,така да тоа не би требало да е пречка барем еднаш,два пати неделно да излезиш на едно кафе или на една пијачка со пријателите.

Може ли новата работна позиција да биде причина за промена на кругот на пријателите и заборавување на старото друштво?
Дали евентуалното унапредување на работното место би требало да значи и ново друштво?
Познавам ваков случај,со новата работна позиција човекот автоматски си ги смена пријателите,заборави на старото друштво и почна да се дружи само со луѓе на според него исто ниво ко него итн.Според мене тоа воопшто не би требало да е пречка во пријателството,не треба да се бираат пријателите според тоа кој каде работи и колку заработува.

Дали новиот дечко/девојка треба да значи запоставување на старите пријатели?
Е ова воопшто не е за оправдување.Секогаш треба да се има врема за пријателите.Не можи само околу еден човек да се врти се.А најзлобно е да ги заборавиш пријателите додека си во врска па ако раскиниш одма барај ги.Е така не оди.Тоа е пријателство од корист.Како шо кажав погоре за се има време, и да излезиш со партнерот и со пријателите и со фамилијата да се видиш итн.

Што треба да ви се случи во животот за да ве промени, за заборавите на старите пријатели, на старите другари?


Не мислите дека и школото (факултетот) и работота или пак новата работна позиција па и во крајна мера и љубовта се нешто што е минливо?


Вреди ли животот (младешки), друштвото и забавата да ги жртвуваме за работи кои се минливи?
Кругот се врти...никогаш не знаеш што ти носи животот,некогаш си горе некогаш си долу...така да нема смисла да дозволиш нова позиција,нова љубов,нова работа да ти го смени целосно животот,да заборавиш кој си,да заборавиш на старите пријатели и сл.
 
Во животот се е минливо освен она за кое си поврзан физички и психички,а дури и тоа понекогаш не е сигурно!Подложни сме на многу нови случки кои можат да ни го променат животот но секако се е до нас и како ние ќе ги прифатиме.

Сакам нови работи во мојот живот но тие не зависат од ништо и не ги сакам ако заради нив треба да жртвувам нешто за кое сум врзана и веќе долго време е мое секојдневие.За се` си има време!Никаков дечко неможе да ме оддели од друштвото,другарките кои ги сакам повеќе од се на светов,школото сега за сега сеуште ме зближува со некој,а работата во иднина...се е до тоа каква ќе биде и какви услови ке бара.

Не се менувам,останувам таква каква што сум!Не сум шиткач и не запоставувам друштво поради дечко,туку ако веќе го имам наоѓам време за се зошто можеби љубовта е минлива но е најубава додека трае,друштвото е тука секогаш и секогаш ќе имам време за нив!!!fiksna:
 
Општеството во кое живееме е такво што не ни дава алтернативи.Како што кажа Lady погоре-состојбите го налагаат тоа т.е. околностите.
Да-може да не промени факултетот, школото, работата или ватевр...
 
Вака, многу често сум слушнал разговори во стилот:

Почнав на работа и сега немам време за ништо, ни за пријатели, ни за излегување ни за ништо„ или

Од кога си фатив дечко/девојка немам време за ништо ги запоставив старите пријатели, немам време ни за кафе, ни да се видиме...„ или

Од кога се запишав на факулетет/кога почнав на работа немам време за ништо, цело време со обврски, немам време ни за излегување...
Се` зависи од тоа како ќе си го организираш времето.

Кај сите со тек на време ни влегуваат нови личности во животот со кои се зближуваме повеќе или помалку. Убаво е кога би можело со сите луѓе со кои ти е пријатно да бидеш во исто време и на исто место, но знаеме дека некогаш е невозможно. Сепак, зависи од нас како ќе си испланираме и како ќе си го поделиме времето за да можеме да им пружиме внимание на сите за некој да не се почувствува запоставено.

city напиша:
Што треба да ви се случи во животот за да ве промени, за заборавите на старите пријатели, на старите другари?
Што знам, до сега ништо не ми влијаело за да ги заборавам. Секогаш се трудам да останам во контакт и да најдам начин како да се помуабети, да се дружам, да излегувам и да не се почувствува никој запоставено. Ни дечко, ни факултет, ни работа не ми попречиле, секогаш сум балансирала и не сум дозволила да ми се замери.
Можеби некои обврски кои се со рок можат да допринесат да ме „снема“ некое кусо време, ама многу ретко ми се случува тоа и си кажувам претходно за да бидам сфатена. Дури не ми се ни вклопува ова во муабетов за запоставување.
 
Nikogas nisto ne me promenilo da izbegavam ili nemam vreme za prijatelite.Nitu rabotnoto mesto nitu skoloto nitu vrskata.Sekogas sum se trudela da ostanam vo kontakt so site onie moi dragi luge bilo sto da se desava vo mojot zivot.Naogam vreme za se po malku.A strasno me vadat od takt luge koi poradi nesto se gubat od tvojot zivot kako da i nikogas ne postoele vo nego.Iako do pred nekoe vreme ste pominuvale pola den zaedno, gi nema nikade.Za se covek moze da najde vreme samo treba da postoi zelba za toa.I nikako ne mi e jasno kako nekoj moze da zaboravi prijatelstvo samo radi nekoja nova desavanka vo zivotot.:toe:
 
веќе 3 години работам и стварно се мењаваат некои работи...не дека самиот сакав ама од шо морав...а за друштво и кафе у секое слободно време па и женска цело слободно време го користам за тоа...
 
Па има промени да, додека никој од друштвото не работеше цели денови и ноки бевме заедно не се делевме, се вработивме и сега секој со свои обврски, ама не е топа изговор дека сега не сме заедно толку често, секој на своја страна трган со нови луге се запознаваш и некако се оддалечуваме, ова сега зборам лично за себе зш кај мене така излезе , се гледаме ама не како што беше претходно сега со братучетките со кои од утро до мрак бев заедно не сум се видела до денес еве баш се погоди и датумов 1 месец се слушаме ама не е тоа истото како претходно.
некако се заладуваат работите , а ако се сака време да се најде може да се најде ама.........
 
Мислам дека ако се сака може за се да се најде време.
Сепак се е до обрврските. На пример сега за факултет навистина некогаш нема да имаш време за пријатели, да излезиш со нив, ама пак да немаш цело време? Па не вервам дека само некој ќе седи и ќе учи, ниту еден ден да не излези од дома, ни за викенд ни нишо. Да, некогаш можеби нема да излезиш, ама за то дека немаш воопшто време за пријатели,барем еден сат..то не го разбирам. Немора секој ден со нив, ама се наоѓа време ако се сака.
Истото важи и за љубовта. Како шо кажа се е минливо и љубовта е минлива и ти
ќе ги запоставиш пријателите,ама на крај кога на пример ќе раскиниш со него/неа тогаш пак врти-сучи на нив ќе се вратиш.
Па добро, мора секој ден да си со него/неа? 24/7 треба да сте заедно?..
Тоа може да ги промени само луѓето што сакаат све најново да им е најубо, а старото ќе си почека. Тие што незнаат да си го организираат времето.
Иначе сепак мислам дека се има време за се ако се сака.
 
Ако се сака се може. И покрај многуте обврски кои следуваат со работата или студирањето ако сакаш можеш и ќе најдеш време за пријателите. Во принцип тоа би значело да се видите и да поразговарате за она што има ново, како се и да се потсетите зошто сте пријатели. Едноставно да бидете дел од она што сакаат да го споделат, иако тоа не значи дека мора да се гледате секој ден.
Да работата и студирањето го одземаат времето кое сте го имале некогаш за целодневно посетување и муабетење со пријателите, но тоа не значи дека нема да се гледате и да бидете пријатели.

Наглата промена за дечко не ја разбирам. Ако имаш дечко или девојка не значи дека немаш време да се гледаш со пријателите. Па сите сме имале некаков живот пред да се запознаеме и да бидеме со нив.

Работата и обазованието не се баш минливи. Добро еден ден сигурно е дека ќе престанеш да се школуваш меѓутоа работата ќе ти биде потребна а не само минлива.:wink:
Ништо не жртвуваш освен безделничарењето. Со време сфаќаш дека ако некој ти е пријател ќе ти биде макар го гледал и 2 пати неделно. Едноставно тоа е процесот. Како растеме и созреваме така и самите си го диктираме начинот и поделбата на обврските кои ни се наметнуваат.
 
Според мене доколку стварно сакаш да најдеш време за тие работи ќе најдеш...сигурно нема да бида како порано,заглавување до доцна и ред други работи,но се е до карактерот на човекот и колку е тој спремен да жртвува нешто за да добие нешто друго :toe: секогаш има време само треба добро да го распределиш :salut:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom