1. Source Code (2011) - 7.5/10 - мое мислење е дека ја посраа малце на крај. Требаше да си истера филмот како што се движеше, да го најде терористот и да го спасат Чикаго од нуклеарката.
2. National Treasure (2004) - 8/10 - според мене многу потценет е на imdb, има едвај 6.9 оценка.
3. The Proposal (2009) - 7/10 - одлично филмче за релаксација. Лабав, забавен, со преубави пејсажи од Аљаска. Би кажал класика Сандра Булок.
4. All About Eve (1950) - 7/10 - пишав во Филм Клуб темата.
5. Тhe Truman Show (1998) - 8.5/10 - оддамна го меркав овој филм, мора да признаам дека сум позитивно изненаден. Башка убаво е да се види Џим Кери во подруга улога, иако и тука имаше "свои" моменти.
6. Gone Girl (2014) - 8.5/10 - Розамунд Пајк
7. Along Came a Spider (2001) - 8/10 - уште еден потценет филм на IMDb, и тоа длабоко според мене. Можеби јас сум нешто глуп не знам, ама филмов има 6.3 рејтинг. А баш е класика трилер со добар пресврт на крај.
8. The Next Three Days (2010) - 7.5/10 - малце ми беше досаден на почеток искрено, вториот дел од филмот далеку подобар.
9. American Psyho (2000) - 7.5/10 - ме разбрка на цело на крај, појма неам дали убивал, дали си правел филм, кого убивал, кога си правел филм и слично.
10. Captain Phillips (2013) - 8/10 - го имав гледано еднаш, па знаев одприлика што како ќе се случи. Сепак кој го нема гледано, нека го гледа обавезно.
11. Red Eye (2005) - 7/10
12. The Number 23 (2007) - 8/10 - ми го задржи вниманието низ текот на целиот филм. Ептен забегано заврши, на крај памет немаше да ми текне дека сам ја напишал книгата.
Мислев дека ќе биде полош искрено, ме изненади позитивно.
13. Se7en (1995) - 10/10 - ретко ќе давам 10ки, но дојде време за мојата прва на темава. Втор пат го гледав филмот, по втор пат ми беше страшен. Најмногу сакам вакви филмови, крими-детективски трилер-мистерии.
Актерската екипа е исто одлична, би го гледал уште 100 пати и уште 100 пати ќе ми биде јак.
14. Lleyton Hewitt: The Final Tour - 8.5/10 - документарец за Лејтон Хјуит, кој пред некој ден ја заврши неговата кариера. Препорака за сите фанови на тенисот.
15. A Short Film About Love (1988) - 7/10
16. No Country for Old Man (2007) - 8.5/10 - го гледав на 2 пати, ептен касно го пуштив, па задремав на сред филм прво.
17. Pawn Sacrifice (2014) - 8/10 - обожавам биографски филмови. Имав слушнато за Боби Фишер, не знаев дека бил до толку откачен. Супер филм во секој случај.
18. Primal Fear (1996) - 10/10 - по трет пат го гледам во пола година.
Нормално, не е ист впечатокот на крај, но филмот ми е чиста десетка. Едвард Нортон е неверојатен.
19. Rain Man (1988) - 10/10 - Филмиште. Можеби најдобра драма што сум ја гледал до сега.
20. Brooklyn (2015) - 7.5/10 - со овој најверојатно ќе ги почнам овие што се номинирани за Оскар, па лека полека ќе изгледам колку можам.
21. The Intouchables (2011) - 8.5/10 - пишав во темата за Филм Клубот
22. Spotlight (2015) - 8/10 - искрено, филмов допре до мене, а и стварно не знам кој би можел да остане рамнодушен на таква приказна.
23. One Flew Over The Cuckoo's Nest (1975) - 9/10 - не ми се допадна како заврши. Сакав да ја збудали сестрата со mind-игрите. xD
24. The Revenant (2015) - 8/10 - филмов визуелно има премногу да понуди. Приказната исто е интересна, ама не ми се допадна што на моменти се одвива преспоро. Сцената со мечката е too much.
25. Schindler's List (1993) - 10/10 - и овој почнува малку споро, додека да се запознаеме со Шиндлер и додека да ја отвори фабриката е дури по малку досаден. Но тоа мора да се истрпи, бидејќи после следуваат (буквално) страшни 2 и кусур саати. Сакав да му дадам 9ка баш поради спориот старт, но освен што многу поштувам историски филмови, дел од 10ката е и за ликот и делото на Оскар Шиндлер. Филмов треба да се пушта во средно школо.
26. V for Vendetta (2005) - 8.5/10 - Филмов ми беше предобар цело време, ама последните пола саат се изгубив малце. Ваљда бидејќи почна да ме фаќа дремка, оти 2 и кусур беше саатот.
27. Marley & Me (2008) - 7.5/10 - Супер забавно филмче, со малку тажен крај.
28. Alive - (1993) - 8/10 - Правен по вистинска приказна, за рагби репрезентацијата на Уругвај, чиј авион паѓа на Андите. Преживува половина од екипата, и остануваат цели 72 дена заглавени горе. Го имав гледано пред едно 15тина години на А1, ми остави впечаток тогаш, а во сеќавање ми беше останато само дека ќе јадат месо од мртвите за да преживеат.
29. Bridge of Spies (2015) - 7.5/10
30. Submarino (2010) - 7/10
31. I Know What You Did Last Summer (1997) - 6.5/10
32. I Still Know What You Did Last Summer (1998) - 6.5/10 - цимерот запна да сме изгледале некој хорор, па ете.. Океј се филмовите, имаат некои нелогичности, предвидливи и тоа како, ама затоа траат саат ипол, па за тепање време се добри.
33. The Big Short (2015) - 8/10 - сакам да го изгледам уште еднаш, со наш превод...иако ја сфатив суштината, па и пораката што ја праќаат преку филмов.
34. Two Night Stand (2014) - 6.5/10 - уште еден лабаво филмче од саат ипол, со тука и таму по некоја добра заебанција.
35. Room (2015) - 8.5/10 -
36. Shutter Island (2010) - 8.5/10 - ми се допадна најголемиот дел од филмот, ти држи внимание, те тера да размислуваш што се случува и што ќе може да се случи, но откако главниот лик влегува во светилникот се живо се испомешува. Пишав и во темата за генерална дискусија, неможам да го сфатам крајот, без да најдам нешто што сепак нема да одговара за тој конкретен случај.
37. The Treatment (2014) - 8/10 - овој е од филм клубот
38. The Interpreter (2005) - 8/10
39. Donnie Darko (2001) - 7.5/10 - ќе бидам искрен и ќе признаам дека имаше делови од филмот кога бев целосно изгубен, но сепак ме држеше заинтересиран и сакав да видам што ќе се случи понатаму. Крајот малку ме разочара, но така се поклопува со по малку чудниот филм.
40. Detachment - (2011) - 7.5/10 - и овој е од клубот
41. Concussion (2015) - 8/10 - уште еден биографски филм, од кој научив нешто. За американскиот фудбал никогаш не сум бил ни заинтересиран, од неколку причини. Сепак гледам популарноста му се зголемува ептен на Балканот, а почнаа да го емитуваат на на Спорт Клуб. Во Србија мислам дека и професионално се игра спортов.
Со филмот само се докажува каков станува спортот како што одминуваат годините, и дека бизнисот и парата што се врти околу него е се повеќе во преден план отколку животот и здравјето на спортистите. На кој му е битно што 1/4 од играчите (на амерички фудбал) завршуваат со CTE болеста и за некое време ќе станат опасност за околината и самите себе, кога благодарение на тие играчи некој ќе заврти милијарди долари?
42. The Hateful Eight (2015) - 9/10 - пишав и во темата за генерална дискусија, замерка што нема малку повеќе акција, и што најголемиот дел од филмот се одвива во таа колибата.
43. The Untouchables (1987) - 10/10 - Класика крими филм, сигурно еден од најдобрите. Must watch.
44. Fracture (2007) - 8/10 - Ентони Хопкинс е роден за вакви улоги.
45. Splendor in the Grass (1961)- 7.5/10 - татко му на цимерот ни беше сношти на гости, свртивме малку муабет за филмови. Ни предложи некои филмови од неговото време, го изгледавме овој со него. Филмов покажува дека не секоја работа во животот има хепи ендинг...но баш како што е потенцирано со цитатот од книгата (кој се споменува и на самиот крај), треба да најдеме сила и (да пробаме) да уживаме во тоа што ни останало.
46. Heat (1995) - 8.5/10 - оддамна скоро месец помина откога го гледав, не се ни сеќавам веќе на филмот, ам знам дека беше малку предолг.
47. Klopka (2007) - 7.5/10 - филм клуб
48. Sir Alex Ferguson: Secrets of Success (2015) - документарец за Ферги
49. Colonia (2015) - 7.5/10 - филм за логорот Колониа Дигниндад. Колку што разбрав го држи Германец, кој соработува со полицијата на Чиле, која тука ги носи луѓето кои и сметат на власта. Тука буквално им ги пере мозиците и ги злоставува жените и децата. Основачот бил уапсен, а скоро и починал во затворот, ама како што видов по интернетот логоров уште постои. Не ми се верувше што гледам, дури и глупо ми беше на моменти. Сепак во филмов 2цата главни ликови успеваат да избегат, и се дел од само 5те души кои успешно избегале од логоров.
50. Cast Away (2000) - 8.5/10 - филм со Том Хенкс кој сигурно го имате гледано. Како помал го имав фатено на ТВ, конечно го изгледав цел.
51. Taxi Driver (1976) - 6/10 - искрено многу ме разочара филмов. Животот на воен ветеран, кој има некои пост воени трауми. Можеби убаво е прикажано, бидејќи не знае кај тера и не знае што сака со себе, ама во главно ми беше досаден и скоро ништо не се случуваше.
52. Flight Plan (2005) - 7.5/10 - класика терористички филм, каде обавезно на крај испаѓа дека терористот е некој од тие што се задолжени за безбедноста уствари.
53. Proof (2005) - 7/10
54. The Hunt (2012) - 8/10 - супер филм, каде што не ми се допадна што немаше барем малку неизвесност. Цел филм се знаеше дека Лукас не е педофил и дека е неправедно осудуван, па дури и малтретиран од сите околу него. Исто не ми беше јасно зошто никој не му даде шанса да се одбрани, да објасни дека ништо уствари се нема случено, да каже дека малата го бакна во уста и му остави порака во палтото пред да ја каже лагата. Не дека ќе му поверуваа, ама сепак можеше да влијае, ако некој ја прашаше нешто во врска со тоа. Исто и за подрумот кој го спомнувале децата, а неговата куќа немаше подрум. Океј, може ги носел во друга куќа со подрум, но зошто при една ваква ситуација никој да не каже "чекајте малку другари, дете е ова, може видела, слушнала нешто и сега глупости зборува." Искрено сум за педофили да бидат третирани на начинот на кој беше третиран Лукас, ама цело време се нервирав зошто никој не му даде шанса да се искаже и тоа не ми се допадна.
55. Harvie Krumpet (2003) - 8/10 - филм клуб
56. Looking for Eric (2009) - 6.5/10 - го гледав ради Кантона
57. The Game (1997) - 8/10 - стар филм, го знаете сите
58. Chinatown (1974) - 8/10
59. Creed (2015) - 8/10 - овој го гледав прекуокеански.
Ми се допадна што не победи Адонис на крајот, ептен ќе беше филмски. Интересно продолжение на серијалот Роки, очекувам уште еден дел наредните години.
60. Unknown (2011)
61. Law Abiding Citizen (2009)
62. Leicester's Imposible Dream - документарец (повеќе како season review, aма ај
) од Гери Линекер за сезоната на Лестер
63. Inside Man (2006)
64. Manhattan Night (2016)
65. Marshland (2014) - 8.5/10 Шпански крими филм, ми се допадна искрено, помина повеќе време откако го гледав, па не се сеќавам најдобро, но препорака во секој случај.
66. Zero Dark Thirty (2012) - 8/10 - иам повеќе пати напоменато дека сакам филмови по вистинска приказна.
67. 101 Dalmatians (1961) - 7/10 - детето во мене сакаше да го изгледам
68. Flight (2012) - 7.5/10 - го гледав на 5 пати, ми се уништи цел филм
69. Demolition (2015) - 9/10 - ти ебам филмот, уште иам кнедла во грлото од него. За жал, многу често не сфаќаме колку ни значат некои нешта во животот додека не ги изгубиме.
70. The Conjuring 2 (2016) - 7.5/10
71. 13 Hours (2016) - 8/10
72. The Secret Life of Pets (2016) - 7/10 - морав да го гледам овој, играчките што ги добиваа децата на мојата игра беа од филмов.
73. Black Swan (2010) - 7.5/10 - мнооогу тежок му беше филмов.