Monk

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Изгледа не си ја гледал најновата епизода Mr.Monk takes the stand.:pos2:

Ја гледав уште саботата сабајле. Смешна беше ама не толку барем не за мене. Имало и посмешни епизоди особено во петтата и шестата сезона.
 
Гледав со моите дома додека идеше на канал 5 и навистина имавме добри импресии од серијава, сега доколку повторно би ја давале на тв радо би ја гледал одпочеток..:)
 
Многу закон серија.Ги дават на Канал 5+ репризите па некогаш ги гледам.
Најинтересни ми се неговите фобии и кога ке почне да се гади од нешто:pos2:
 
Дефинитивно една од подобрите серии, доста добро сработена и интересна, моѓне оригинална едноставно неможе да здосадат епизодите никако не се монотони :D
 
Многу закон серија.Ги дават на Канал 5+ репризите па некогаш ги гледам.
Најинтересни ми се неговите фобии и кога ке почне да се гади од нешто:pos2:
Монк има 312 фобии,меѓу нив се издвојуваат страв од бактерии,игли,млеко,смрт,змии,гужви,печурки,висини и лифтови.Повремено се јавуваат и други фобии како на пример страв од ќебиња.:nesvest::)

http://en.wikipedia.org/wiki/Adrian_Monk
 
Која сезона и епизода е моментално од серијава на Канал 5?
 
дефинитивно сум заразен со Монк. ама нешто најблиску до Монк е Psych. сите епизоди од Psych ги имам гледано,а редовно ги следам и новите од Монк. кој има шанса нека гледа и Psych. нема да се покае:tv:
 
некој да ми прати превод за 5 и 9 епизода од 3 сезона??
 
Серијал во 8 сезони, главна улога - Tony Shalhoub - како детективот Adrian Monk.

Монк е најдобриот детектив во Сан Франциско, всушност за него велат дека е најдобар во светот.
По смртта на неговата сопруга Монк доживува нервен слом и пад во длабока депресија. Ја губи работата и живее живот кој не е ни малку нормален. Но иако формално не поседува значка, тој работи како советник на полицијата во случаи кои изгледаат нерешливи и каде има работи што само Монк може да ги види.
За него не постои нерешлив случај, освен убиството на неговата жена.

Серија која вреди да се гледа!
Што мислите вие?
 
Го имам гледано, али многу ми е глуп овај монк, не поднесувам онакви луѓе.
 
Солидна е...ништо повеќе :)

П.С. Серии од тој тип, оваа владее.

Монк може вода да му носи на Поаро бе. :)

За гледање е интересна, иначе е просечна серија.
 
Едно време многу ја гледав на Universal Ch. ама некако изгубив навика. Инаку интересна серија само заради тоа што не е класичен детектив и да решава злосторства на еден та ист начин. Има и комични моменти заради неговите принципи. Инаку ликот на Монк ми е закон :)
..и на Ренди. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom