Ве молам за совет,
Имам Скрил акаунт, направив верификација на Виза од Тутунска (повлече околу 2 евра), ми стигна маил дека картичката е верифицирана, и за проверка ги повлеков назад на картичка 0.87 евра колку што останаа одкога Скрилл си зема провизија за повлекување на картичка. Тоа беше минатиот вторник, тие 0.87 евра уште не се стигнати на картичка. Денес е 5ти работен ден од денот кога ги префрлив од Скрил на Виза НЛБ.
Дали има некој проблем затоа што домашната адреса не ми е верифицирана( Скрилот ми е отворен пред неколку години, ама не го користев до сега, не ми текнува дали ми стигнало писмо за верификација...). Кај трансакцијата на Скрил пишува "Processed".
Значи, дали може да се префрлат пари од Скрил на Виза од Тутунска со верифицирана картичка без верифицирана домашна адреса?
Поздрав