Мојот дом е и твој или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Има разлика од гости до гости,неформални формални,постојат луѓе кои не ги рачунам како гости,со нив сум си слободен се им дозволувам,а на некој не толку близок самата култура треба да не му дозволи толку да се опушта:)
 
Зависи од луѓето кај кои шо сум. Пример кај другарка дома колку и да ми е блиска нема шанси да се затрчам во фрижидер да си земам за јадење,ако сакам нешто ќе побарам од неа.Кај тетка ми сум буквално исто како дома.А за кај мене дома најблиските имаат секаква дозвола,не е проблем.
 
Кај баба ми и кај дедоми многу сум слободен бидејќи кај нив сум од мали нозе., кај вујко ми исто така...:vozbud: Ама сепак внимавам кај мене дома на кого му допуштам да ми ѕирка по станот или пак да ми претура по некои работи...:nesvest: , посебно не на луѓе кои малку ги познавам...
 
Кај тетка ми и баба ми се чуствувам како дома..ама пак не отварам по фрижидер и такви ствари зошто ми е незгодно..ако ми нешто треба ке побарам или ако ми кажат сама да се послужам тогаш ок.Кај другарките колку и да ми се блиски не сум толку отворена така да никад не чепкам по туѓи ствари да отварам и слично.Така и кај мене кога доаѓаат несакам да ми чепкаат некои работи кои се само мои..колку и блиски да ми се..Инаку ако им треба нешто не ми смета и сами да се послужат :pipi:
 
Не.

Без разлика, кај кој и да сум, било баба или дедо или вујна, јас пак ќе си прашам дали смеам или не смеам. Пер, не ми е згодно да бркам низ туѓ фрижидер, ниту пак сакам истото да го прават кај мене, без разлика колку и да ми е близок. Па и да прашам за нешто и да сум кај пријател и да ми рече, не, не може (па да било и на шега) ја ќе сватам како не. Не може? Не може. Не се навредувам, напротив. Пробувам да ја почитувам неговата/нејзината желба или интима. А на истиот начин се однесувам и јас, спрема другите.

Мех... цела фамилија сме такви. Which is good.
 
Кај тетка ми и баба ми си сум баш ко дома,си отворам сама во фрижидер,си варам сама кафе и сл.А кај другарките нема шански и да ми речат сама да се послужам не прифаќам.
 
Како дома се чувствувам само на овие 3 места: Дома, кај баба ми, и на море (во куќата на баба ми). Другде сум гостин и непријатно ми е да чепкам по туѓи куќи...
 
Нормално дека кога се иде кај пријатели или во туѓа куќа се си има граници и мерки.Не можам јас како дома да се понашам да им легнам да им спијам на тросед,да си зеам од фрижидер што ќе ми се јаде.Треба да се покаже култура затоа што тоа е туѓа куќа и во неа живее туѓа фамилија.
 
Па во принцип кај мене дома е, било и ќе биде хотел промаја овие што ми се најблиски нонстоп се кај мене и сум ги навикнал да се чувствуваат ко дома. Мене не ми пречи, е сега ако сакам малце да бидам сам или вечерва сум договорил да ми дојде девојче и слични ситуации, им кажувам вечер не ве дружам и толку немало никогаш проблем. Јас па дека поретко им одам нив на гости по стегнат сум малце, а и чудно ми е. Стално кај мене седиме.
 
Уф само колку мразам распуштени гости :a:. Бидејќи пред средно ретко пуштав луѓе кај мене дома(а,и тоа беше на 30 мин),си имав некоја представа дека сите се однесуваат воздржано како мене. А,кога првпат поканив некој кај мене-тоа беше :nesvest:. Шетање по соби,:nenene: слободно отварање и разгледување,а нај ме изненади останувањето повеќе од 2 саати. Особено ме нервираше една другарка(сега бивша) која комотно си остана до 2 саат по полноќ...а дојде во 8.:tapp:. Оттогаш,си го поделив станот во зелени,жолти и црвени зони. Дневната и вецето е слободна за сите,кујната е само за доверливи пријатели. Сепак кога ќе дојдеш ќе те послужам домаќински и ќе те прашам ако ти треба нешто друго :icon_lol:. Се' друго само со моја дозвола :). Малку параноидно,но ја и немам доверба во луѓето многу ;)

Што се однесува до мене,само дома си е дома. Кај никој не би помислила да направам нешто без дозвола,освен ако сакам нешто да дознаам.(ако имам нешто против таа личност:pishtoldz ) Слободна сум само кај баба ми и дедо ми кога сме на прослави или кога преспивам кај нив,па и тогаш гасам светло пред 8 вечер и не правам бучава.
 
najslobodna sum koga sum kaj nekoi bliski rodnini illi kaj drugarki, osobeno ako se sami, a koga nekoj doaga kaj mene na gosti sakam da se cuvstvuva prijatno, potocno kazano kako doma...
 
Во мојот втор дом, домот на еден мој драг пријател, се чувствувам како дома. Тука сурфам на нет, пијам по сто кафиња, си чатам на мсн, ручам, чат-пат преспивам ако сум уморна, си носам гости (што не ги ни знае :icon_lol:) и слично. Се што е негово е и мое. Чуварите пред зграда веќе мислат дека овде сум станарка. :pos: Специјален поздрав до Деки. :pipi:

Кај поблиските пријатели сум прилично опуштена, ама од друга страна, кај мене дома баш и не сакам да им давам до толку слобода. :icon_lol: Ама затоа сами си се служат со кафе и вода, пошо ме мрзи. :pos:
 
Кога сум на гости, макар и кај ептен блиски пријатели или роднини, не си давам за право да се однесувам премногу слободно. Веројатно затоа што страшно ме нервира кога тоа го прават кај мене дома(а, нели викаат не му го прави на другиот она што не сакаш да ти го прават тебе:icon_razz).
Скоро за се прашувам, и дури и кај баба ми и дедо ми не си дозволувам самоволно да разгледувам што имаат у фрижидер и сл. Кога треба да користам телефон прашувам, ако не ми понудат нешто за пиење не барам, а уше помалку сама си се послужувам. Мислам ипак домот е интимен простор у кој треба да се почитуваат правилата на сопственикот, колку и да ти е близок. Дури и у хотел се знае до кај може да ти иде слободата.
А кај мене дома уште одма кажувам што ми смета, и ако сметам дека си даваат преголема слобода не се устручавам да им го кажам тоа и во лице. И како што рече Дивајн:"- Мојот дом е само мој, а секој друг внатре е само гостин.
 
јас кога идам негде на гости па да ме убиеш ..... да ми речеш оди вода наполни си мене ке ми биде срам ама кога имам гости дома сакам да се чувствуваат стварно како дома а не како мене кога јас сум на гости:kesa:
 
Колку и да сакам моите гости да бидат опуштени сепак мојот дом е само мој!!!Мразам некој да ми чачка по фиоки и шкафови без моја дозвола сепак сакам да си имам некоја мала приватност колку и да ми е блиска особата
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom