Имам редми 3ка и вторпат како го носам на сервис поради проблемот со микрофонот. Кога зборувам соговорникот ништо не ме слуша, а јас него јасно и гласно. Додека ако го ставам на спикер се слуша меѓутоа со ехо и фонија. Како што гледав на интернет, ова е чест проблем на цела редми серија, а од МИ сеуште немаат ниту некоја изјава за проблемот, камоли па решение. Стварно сум разочаран, телефончето е супер, ама што телефон е тоа кога основа функција-телефонирање не може да ти ја обезбеди? Имал ли уште некој ваков проблем?