Ја само што се вратив од чудово од концерт, сеа треба да идам да полагам интерен на матура, па да си кажам како си поминав додека пројде времево, итака нема да спијам.
Концертов беше...невиден

Организацијата овој пат беше за нигде-никаде, стигнавме пола саат после почетокот со што Антракс веќе беа почнати, али како и да е јас си фатив први редови, и успеав да го изгледам цел концерт од блиску.
Да не ги опишувам посебно настапите на сите бендови пошто ме мрзи, ќе кажам само дека беше неописливо, само тие што беа таму си знаат

Од посебните моменти за паметење, иако цел концерт беше незаборавен,Антракс изненадија со Heaven and hell oд Heaven and Hell на пола на Индиенс, и по завршување со H&H ја продужија Индиенс до крај. Одличен настап, само малку озвучењето ко да не им беше наместено или не знам што се дешаваше, или може таков впечаток ми оставија дека после Металика скинаа со озвучењето

По Антракс настапија Мегадет со Холи ворс, Симфони од дистракшн, Пис селс и други врска што неам у моментов, добар настап имаа и они. Тука момент за паметење беше тоа поројниот дожд што истури и што не испокупа сите, буквално се цедев од вода.
После настапија Слејер, најмногу ми се свиѓаше нивниот настап, не дека имаше нешто посебно у настапов да двои од другите, али највозбудена општо за концертов бев за Слејер. Кери Кинг свиреше на 2 метра од мене бе ејјјјјјјјј

Кај нив на репертоар беа South of heaven, War ensamble, God hates us all и други...
И на крај беа Металика со најдолг репертоар. Настапот горе доле беше копија од концертот пред 2 години у Софија, што од сценски ефекти што од репертоар, со мали измени од новиот срање албум, и плус Blackened со што бев пренајсреќна

И врв на концертот беше кога сите 4 бенда настапија заедно и ја иссвиреа Am I evil, е тоа беше колење

И еве ви на крај неколку сликчиња од мобилен зошто од апаратот уште не се стигнати. Видеа не ви прикачувам, а баш убаво ја имам снимено Am I evil :devil3:
Прегледај го приврзокот 31038 Прегледај го приврзокот 31039 Прегледај го приврзокот 31040 Прегледај го приврзокот 31041 Прегледај го приврзокот 31042 Прегледај го приврзокот 31043 Прегледај го приврзокот 31044 Прегледај го приврзокот 31045 Прегледај го приврзокот 31047
Чисто информативно да кажам дека не се зумирани

П.С:Исто така и Seasons in the abys ја рокнаа Слеер.