- Член од
- 6 јануари 2010
- Мислења
- 1.120
- Поени од реакции
- 104
Сабајле се вратив, уште средувам импресии...
Беше најбоље!
Првиот ден, имаше проблеми со тоа што не задржаа на граница и ги пропуштивме Антракс. Стигнавме на Мегадет во најголемиот дожд.
Мегадет, како група, ми се свиѓале само неколку песни и никогаш не ми биле нешто посебно. Откако ги слушнав во живо, премногу ми се промени мислењето. Незнам дали се должеше на дождот или пак на тоа што сеуште беше рано и не беше стадионот полн немањето на атмосфера. Битно е што добро се покажаа затоа што беше најавувано Сонисфер да биде битка меѓу големата четворка.
Немаше голема пауза додека настапија Слеер. Ако треба тој настап да го опишам со еден збор, тоа би било КРВОПРОЛЕВАЊЕ! Направија одлична атмосфера, свиреа прилично долго, Angel of Death, War Ensemble, World Painted Blood, и South of Heaven и Raining Blood каде што ја имаше најголемата шутка во тие 2 дена. Луѓе летаа во воздух, во буквална смисла, мислам дека да не беше тоа сега ќе можев да одам. Ја имам евидентирано таа шутка, покасно ќе ја постирам.
Металика. Првпат ги гледам и си поминав одлично, ми се свиѓаше како се покажаа, затоа што сепак, само да се појават на сцена и да речат: Не свириме, ќе бидат тема на разговор долго време. Критиката што ја добија беше дека концертот пред 2 години бил идентичен со настапот на Сонисфер. Публиката беше расположена, имаше пиротехника, се на се, добар настап со тоа што свиреа песни на кои публиката збесна: Harvester of Sorrow, Fade To Black, Sanatorium, Master of Puppets, Sad But True и на барање на публиката завршија со Seek And Destroy.
За крај, сите настапија со Am I Evil, и тоа го имам снимано, но сепак мислам дека требаше да му оддадат чест на Дио со нешто од Сабат.
Следниот ден, први настапија Стоун Соур. Просечен бенд, ништо посебно. Не се лоши, ама не се ни нешто вау, атмосфера скоро и да не направија со оглед на тоа дека 80% од публиката им ја знаеше само Те Мањачам Кроз Стакло, но сепак, интересна група, промовираа нов албум.
Елис Ин Чеинс беа повеќе од добри, само беше многу лошо тоа што свиреа најмалку, нецел саат.
Меновр, лејм бенд, направија таква атмосфера што цел стадион пееше заедно со нив. Мене лично не ми оставија некаков впечаток, но му посветија песна на Дио кој требаше да настапи со Хевн енд Хел првата вечер (исто како и Антракс) што е за почит.
Рамштајн.
Рамштајн не направија концерт, направија пиротехничко-самозапалувачко шоу. Можеби и најдобриот настап на Сонисфер оваа година, настапија со Rammlied, Sonne, Du Hast, Benzin, завршија со Ich Will, прскаа розева пена и не испратија со инструменталката на Ohne Dich.
Се на се, одличен концерт, за успомен си купив и од маиците што ги продаваа, публиката буквално се бањаше во пиво (спонзорот Каменица со паролата Да се лее рок), организацијата беше на ниво, само имаше и истрипани проверувачи на карти кои даваа гага Фан Пит влез.