Места за јадење што работат до подоцна и сервиси за достава на храна

  • Креатор на темата Креатор на темата Raul Duke
  • Време на започнување Време на започнување
има една бурекџилница Гостивар... Акче... повеќето што поминале ја знаат... до кога работи не знам.. мислам не знам дали работи 24/7 или пак до кај 4-5 али најкасно што сум била таму е 4 сабајле и го имаа најубавиот бурек што го има пробано.. имаат и некои пецива али бурекот топол душа во секое време... пош на гостиварчани најчесто им се отвара апетитотот после обилно локање можеш да се најдеш во ситуација од преголема гужва да попричекаш некое време
 
1. Фурна во чаир. Гужва 7-10 минути, цени 40 денара баничка 30 симит.
2. Јовче. Во аеродром кај три бисери. Гужва 2-3 минути цени 30 денара пецивата.
3. Од све во кисела вода ја поштувам само таа со ланецот затворената надоле што е по скалите. Гужва 10-15 минути цени најефтини од сите.

Тоа.
 
ja mozam da kazam ako posle 00:00 h vi se prijade a slucajno ste u sk,e pa zalam ama mozno e da umrete od glad :toe: posebno ako nemate kola da da trknete da si kupite od nekoja naselba :)))
 
СоФИ -М (Струмица) работи 24 часа (нон-стоп) навечер треба да одиш порано да си фатиш да јадиш има гужва .... (не ме сфакајте да иМА МНГОУ ама пак си има)


Дерби (Струмица) и тоа работи 24 мислам ..... таму нема гужва си влеваш си зимаш, има добри работи таму како ,,, парче пица 25 ден , Тост 25 ден , Затворена пица 25 ден , Баничка 15 , Едно има со кашкавал и габи и оно 25 ден ... и толку што знам :vozbud: ....
 
во последно време после 1 сатот јадам во леонардо, зш летна сезона почна и до покасно работат, срцки се, не знам шо би праела без нивнине тортелини :back:

а иначе јадам во феникс, успат ми е ко ќе си одам дома, и плус печат и навачер, така да некогаш потопли се работите навечер, него сабајле :)
 
И јас ќе ги спомнам двете пекари во Кисела вода, кај тетка Флеш што работи и втората кај Ц.ЈО,прават ЗАКОН со шунка и кашкавал за 25ден. и затворени пици за 30ден. има и една сендвичара КУЗ..има добри хамбургери. Од Кисела Вода, барем јас кај што сум кркал, ова се добри места што работат до касно навечер.
 
Лесковачка-Кај царот
Цујо-К.Вода до зграда ми е
Чаир- донер
 
Треба да се направи карта на скопје со сите места каде може да се има топол оброк после 24 односно 01 часот.
 
-Пекарата кај Шампионче
Многу убави затворени пици (друго немам пробано), само лошо е што за викенди не работи до покасно, само преку недела.

Мислиш на пекарата на „Рампа“ ? Ние еднаш по грешка ја баравме кај трафиката која го има истото име :nesum:. Кој по ѓаволите ги тера исто име да стават. Мислам дека бурекџилницата е „Кај Шампионче 2“ или нешто слично.
 
Мислиш на пекарата на „Рампа“ ? Ние еднаш по грешка ја баравме кај трафиката која го има истото име :nesum:. Кој по ѓаволите ги тера исто име да стават. Мислам дека бурекџилницата е „Кај Шампионче 2“ или нешто слично.

Таа е во белата зграда, веднаш до баракта, пиљарата Шампионче и има закон пици.
 
Таа е во белата зграда, веднаш до баракта, пиљарата Шампионче и има закон пици.

Ја нема приметено таа, а често поминувам од таму.
Како и да е, ете уште пекара која работи доцна.
 
Треба да се направи карта на скопје со сите места каде може да се има топол оброк после 24 односно 01 часот.

Да се укине таа смешна забрана, па да можш на секој чекор да си купиш за јадење. А мапа, може да направат овие туристичкиве сајтови, и да ја закачат онлајн. Но кога ќе ми текне колку многу мапи му се потребни на градов, се сомневам дека некогаш ќе дојде ден кога ќе биде промовирана и таква мапа.
 
Јовче. Во аеродром кај три бисери. Гужва 2-3 минути цени 30 денара пецивата.
Ја по тие со печурки сум највише :)
Плус, "Маче" у аеродром исто, карши бисер, кај Бобо и Бот у мало, позади кошот :pos: гужва кога како, ќе те пречека стариот и на крај ќе ти рече : А сакаш ќјечап? :)
И кај бивша Стела сеа игротека Балони во средната кула, ама ја забораив како се викаше :pos: исто топ работи, посебно пирошките ауу сексови!
 
Кај КИМ, одма до Зегин, млечен ресторан "Delliciоus" Цела ноќ, вкусно. Дури и преку ден вкусни нешта има. :)
 
Имат една бурекџилница кај МЗТ Салата во Аеродром, точно на кривината за накај Ново Лисиче. Секогаш кога ќе си одев навечер касно дома, пијан во такси (средно време - околу 4:00 - 4:30), земав нешо за поткаснување, и го јадев пред зграда кај мене. Многу вкусни и богати кроасани имаат, а мислам дека не се поскапи од 40 ден.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom