Места за јадење што работат до подоцна и сервиси за достава на храна

  • Креатор на темата Креатор на темата Raul Duke
  • Време на започнување Време на започнување
Темава ја отварам од практични побуди: многу често кога се прибирам од излегување сум гладна, а не знам многу места за јадење што работат. Вие знаете? :vozbud: Ако да, овде може да постирате дали и каде јадете после 12 (за викенди после 1 :)), дали е свежа храната, до колку работат, како се движат цените, гужвите и така натака.

Еве јас почнувам да набројувам (моите искуства се само од Скопје):

-Двете пекари во Кисела Вода. За овие можам реферати да напишам. Во маало ми се и често ги посетувам :)
Едната е кај црната кула, кај паркчето и се вика Цујо :) Има масички кај што може да се седне, на зима е затворено и топло, а сега на лето е отворено. Храната е горе-долу ок, само често пати начекувам камен-ладни пици :(
Другата е на 200 метри од првата. На истата улица е, само право се оди во насока на Мечкаров и доаѓа од лева страна. Малечка е, во подрумско дуќанче на зграда, се симнуваш по удолни скали до неа. Храната е мноогу вкусна и топла постојано, нема шанси нешто ладно да начекаш, само лошо е што нема кај да се седне освен да се потпреш на околните ѕитчиња.

-Пекарата кај Шампионче
Многу убави затворени пици (друго немам пробано), само лошо е што за викенди не работи до покасно, само преку недела.

-Жито Лукс на Рекорд

-Сендвичарата до Мементо
Ладни, мали и скапи сендвичи со неубав кечап :(

Други сега моментално не ми текињаат...
 
хахаха има во Битола една пекара ... ФИНЕСА се вика мислам , има едно интересно мени ,,, го сликав ке ви го пуштам ... ама убедливо најубави печива прават таму во цела битола ...
 
Охрид-ФЕНИКС пекарата, обавезно се поминаува секоја вечер после излегување.:icon_lol:
 
Во Ресен има пекара во центарот на градот која работи цела вечер, многу убави јадења прават, повелете, ќе пробате :helou:
 
Места во кои преферирам да јадам после 00:00
Жужу, Ваташа, Дезо, Кај Шефот во Железара...бурек и разни печива најтазе:) кај сите овие што ги пишав мора да се јаде. Топол бурек и во 3 саатот има кај Дезо:)

А да не ја заборавиме и Шехерезада на Железничка(само Бушав не јаде таму зашто му паѓа бурекот:))
 
Мене ко за беља кога се враќам од град ми се отвара најголем апетит редовно сум гладен ко вол ми се јаде ми се рика,али мора да се земе у обзир дека,ноќ ко ноќ тешко да најдеш асална храна 90% ти е греена римитенда од денот :)
-Цујо ако немаш јадено 5 дена ништо проаѓа иначе јок ја немам видено на друго место пица бурек без кечап тоа само кај нив и во Шехерезада го има :) дур сме кај тој реон да ја изругам сендвичарата до Шехрезада што е плескавица тврда и ладна за тепачка им е.
Ипак мислам дека Жужу е најдобра не само ноќе општо е најака пекара(со Вегера заедно),пица бурекот им е перверзии мада е малце скупичок ама вреди до динар исто и тоа кросаните со Еурорем ко од градинка што го даваа тој уфффф,ии да ја пофалам и Лесковачката кај Југодрво е многу јака и тоа му е тоа
Додуша има и во Аеродром 3-4 маалски бурекчилници што работат ноќе ама последно време сите се расипаа кратат на зајре тепаат тесто а тоа не чини

Здравје еден ден да се деси 7ица ноќе да работи,нема ни да искачам у град таму ке си седам :):)
 
Софи-М во Струмица работе 24 часа !

За други незнам...
 
Tonnys bakery- стариот беверли хилс во Капиштец, најдобрите пица сендвичи и пици!
Работи до кај 5 сабајле секој ден освен недела!
Мора да се проба...
 
Легендарниот Чаир има се што ви треба за после-кафанско-кафиќско-дискаќко-парковско-домашно поминатите ноќи. Освен ако не се наоѓате во Ѓорче.
 
Маче - спроти Бисер

Шекерезада - под зелезничка

има едан пекара у Кисела вода и таа работи цела ноќ

на Макпетрол почнаа да отвараат пицерии Далфуфо

се е 24/7
...
 
Седмица работи до еден некаде, ама кога и да јадам таму тоа време, не можам да спијам после. Работи и тоа нештото на Симпо ама таму понекогаш не е баш тазе јадењето.
 
хахаха има во Битола една пекара ... ФИНЕСА се вика мислам , има едно интересно мени ,,, го сликав ке ви го пуштам ... ама убедливо најубави печива прават таму во цела битола ...

Кај се наоѓа ова жити се
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom