И јас сум во групата на Виктор и Годес, спијам со мачка, жива и тоа.

Под мене, врз мене, на глава, до образ, кај стапалата, на стомак, на грб, на страничниот дел од телото (слабина), до мене... Важно на мојот кревет е.

И толку се навикнав, што скоро и не можам да заспијам ако не се погалам со Тигре во кревет.
Мечиња... Одамна не сме се дружеле. Еден нилски коњ што имам на кревет, ама ми служи за да го брцнам во просторот помеѓу даската од креветот и ѕидот, за да не ми паѓа под кревет навечер мобилниот.

Го користам, значи.

Имаше и едни бебиња тој (нилскиот), можеше да се пораѓа кога сакам јас со тоа што ќе му го откопчав патентот на стомакот и бебињата излегуваа. Такви мали, грди нилски коњчиња, ко играчка од Мекдоналдс. Кучето неодамна ги изеде повеќето од бебињата.
И некои други плишани створења чувам по полициве... Ама не ги гушкам пред спиење, со прашина се.
