како мала имав сериозни неуспешни обиди да се одвојам од една плишена панда! толку бев навикната пред да заспијам рацете да ми бидат во таа положба (да ја гушкаат неа), шо дури некогаш, ако стварно не можев да ја земам некаде со мене, гушкав блузи, перници, било шо со големина слична на нејзината, само за да се успокоам!
траеше тоа година, две и после ја надраснав!:pos2:
во последно време пак си ја барам бељата, и ми се случува на спање со мене да си ја земам кравата Сјузи (правилно: Сузана ) ама се обидувам да не се навлечам пак на таа лоша (или подобро кажано, непрактична) навика!
Ха, мечки. Ги имав мала милијарда, во сите големини, форми и димензии, ама некако во последниве неколку години... Не ме занимаат многу.
За спиење, спиев со една (и единствена) мечка, со машничка, троа поголема од мене, ама многу ми беше мила, ама еден ден ми пукна филм, освен тоа секое сабајле ја наоѓав на под, па ја исшутирав.
И не поднесувам играчки во кревет. Мене ми треба простор.
Со едно мече спијам , подарок од Г.... :wub:
Ама не се оделувам и од едно срце , кое е старо колку мене ..Ако ми го нема во кревет не легнувам додека не го најдам ...
Јас и до ден денес не можам да се одвојам од едно плишано мече. Ко ќе одам да спијам кај некоја другарка, ми е неубо, се осеќам некако празно и ми е многу тешко да заспијам.
За 18-от роденден добив прекрасно мече од саканиот и секој ден си спијам со него.Пред тоа не сакав! .......Јас од кога станав полнолетна спијам со мече ... хаха
Темава :wub:
Да, имам 19 години и спијам со две плишани кучиња, екстремно гушкливи и прекрасни. Едното(машкото) се вика Раш-Раш, а другото (женското) Фафа.
Кога бев мала не спиев со мечиња, само ги чував на рафтови (како што и повеќето уште ги чувам) ама откако пред некое време го добив првото на подарок почнав да си спијам со него. Прво го наоѓав под кревет ама после се испраксирав, па кога го имав и второто веќе немав проблеми со прифаќање на новата личност во кревет. Кога не спијам дома, т.е кога сум по одмори и слично ми фалат и понекогаш заспивам тешко, ама не сакам да ги носам со мене за да не ми се згужваат.
Кога легнувам да спијам морам да гушнам нешто и сакам да е тоа некое мече.Ако не е мече, ондак е перница ,ама послатко ми е да заспијам, додека гушкам плишано мече. Додуша, во последно време, само перницата ја гушкам, ги баталив мечињата, иако ми стојат 3 од нив покрај креветот.
Порано ги имав милион и едно, ама како растев, така нивниот број почна да се намалува.
Не сум спиела ни претходно ниту пак сега, иако ги имам во мнооогу голем број ама си ги чувам на одредени места.
Сега над глава имам едно малецко магаренце кое си го гледам само пред да заспијам , ама не спијам со него, ми сметаат во кревет да ми се плеткаат лево десно.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.