Ме касна куче, а докторите ме пратија да го уловам...

  • Креатор на темата Креатор на темата emmy007
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа е прашањето што треба да им се постави на менаџерите на клиниките кои им ги одредуваат условите за работа на докторите. Не ја барајте одговорноста кај докторите, барајте ја кај оние кои ги водат клиниките.
Во ред е тоа, ама во конкретниот случај се земаше за пример каде човекот лежи во бесознание и никој не му помогал од докторите и сестрите од причина што Тодоров им наредил ако излезат надвор ќе ја изгубат работата.
Тоа е исто како некој од Комунална хигиена да те земи под тркала со 100 на час оти Коце Трајановски им рекол да го ебат знакот што пишува во него.
 
Поважни ти се илјада евра од човечки живот ?
И после назад ќе сме оделе.
Па со такви како тебе богами ни нема спас.
Мене тотално небитни ми се парите, јас посветив цела младост за да работам на спасување на туѓи животи, а од тоа баш и не може да се заработи кај нас, додуше тешко е и да се преживее, ама за тоа никому не му е гајле.
Но дали тебе ти се поважни парите? Што не ги дадеш ти ако ги имаш? Што е лекарот одговорен да ги поправа грешките на системот?
Во ред е тоа, ама во конкретниот случај се земаше за пример каде човекот лежи во бесознание и никој не му помогал од докторите и сестрите од причина што Тодоров им наредил ако излезат надвор ќе ја изгубат работата.
Тоа е исто како некој од Комунална хигиена да те земи под тркала со 100 на час оти Коце Трајановски им рекол да го ебат знакот што пишува во него.
Не е во ред, бидејќи токму таа организација на здравствениот систем, и безброј ограничувања, како правни така и финанскиски е причина за сите проблеми. И да не се лажеме, човек на умирање не секогаш може да се спаси, па макар докторот да пукне ако сака. Си замислувам каква ќе беше медиумската хајка да излегла докторката, да проба да го спаси човекот, а тој да си умре. Докторката ќе беше крива не само што ги оставила своите пациенти, туку и што го отепала човекот, пошто не било нејзина работа да го спасува.
 
Не мислев дека во ред е хајката и наредбата на Тодоров, туку мислев дека јасно ми е оти докторката само ги следела упатствата проследени од министерот.
Уште еднаш ќе го цитирам премудриот Џони Штулиќ кој вика....
А дека постојат закони појаки од пропишаните?...Тоа не го знаете?...Тоа го говореа хероите додека беа мали.
Технички докторката е во право, ама далеку од тоа дека го направила вистинскиот потег, барем според мене.
 
Ај не сери, те молам.
Извини за лошиот јазик, ама не можам да сфатам како некој има толку плитко и нечовечно размислување. Јас не само работното место, туку и работата би ја напуштил за да спасам човек кој умира. Особено ако некој ме вика да го спасам, а неговиот живот зависи директно од мене. Работата ја напуштаат секој ден за кафе и цигара, ама не смееле да ја напуштат за да спасат човек од умирање. Правилникот викал дека не смее да го напушта работното место... Абе, вие нормални ли сте бе? Здравиот разум и моралот да не ги изгубивте некаде по пат? Роботи ли сте за да се водите по однапред зададени правила и програми? Ако размислувате вака, колку и да сте добри доктори - оваа хумана професија не е за вас. Мекдоналдс повеќе би ви прилегал во секој случај.

Не дај Боже твој близок да е на умирање на 3 чекори од болница, а докторката да ги „почитува правилата“ и да не сака да излезе на помош. Во тој случај, дали ти и понатаму ќе ја оправдуваш тотално дебилната одлука на докторката? Да, дури и да е „по правилата“ - тоа не начи дека е тотално погрешно.

Не Ацид, ќе ги кривам идиотите што немаат донесено нови амбулантни коли а трошат пари за ламарини и немаат вработено кадар (парамедицинари) за да оди по итни случаи. Сум била во ваква ситуација, на 6 години настрадав во сообраќајка кај Дебар и крв плукав од уста, викаа по телефон дека нема амбулантни коли да дојдат, среќа застана еден човек па со негова кола ме одвезоа до болница.

Поентата кај нас е што сакаме да работиме ко светот (докторите да седат во болница каде им е местото) а немаме ресурси (амбулантни коли и кадар специјализиран за давање прва помош) за да овозможиме такво работење. Инаку тука во Ѓорче тоа е обична поликлиника, максимум инекција да ти стават, немаат ни материјали зошто Тодоров мисли дека е поважно по инспекции да се оди, човекот имал срцев удар, морало веднаш на ургентно да се носи, докторката не ни можела нешто да направи освен да сврти брза помош.
 
Во право си за тоа, ама тогаш толку сум знаела, сега знам повеќе.
--- надополнето: 28 октомври 2012 во 01:54 ---

Кај лугето се развива тешка нервна форма, и да интересен е податокот дека се јавува страв од вода...
Колку што ми е мене познато, не се јавува страв од вода туку името е добиено многу одамна кога кучињата што биле болни од беснило одбивале да пијат вода и овие си го сфатиле нештото како кучињата да се плашат од водата и од таму доаѓа името од грчките зборови хидро-вода фобија-страв.

Инаку не знам зошто го напаѓате Тодоров кога тој нема врска со ова, јас како што знам таква беше процедурата (да се најде скитникот којшто те каснал за да се провери дали има беснило) уште пред тој да дојде министер. Не е до него, туку таква е процедурата. Работава сега испаѓа - Абе кај се видело снег во април бе, абе да ти ибам и влада и све...
Не го смислил тој законот.Очигледно е дека станува збор за многу апсурдна и глупава процедура ама тоа е тоа. Не е од вчера така. А дека здравството, општо, ни е тиња, ни е! Имам искусено на моја кожа многу пати. А докторите за ебани 25.000 не сакаат да се замараат. И нив до негде ги разбирам, потрошиле огромно време на учење и на крај да работат за скапана плата.
 
a,што стана со „уапената„ ?
 
a,што стана со „уапената„ ?

уапената моментално се релаксира и е надвор од животна опасност ;) поздрав и брзо оздравување (y)(y)(y)
 
Фала (y)
--- надополнето: 29 октомври 2012 во 22:19 ---

Еве ја уапената, и добро е :)
не беше ли редно да кажеш како и што се случи по отворањето на темата и пишувањето 10 страници за тоа дали треба или не да примиш вакцина?
 
Фала (y)
Еве ја уапената, и добро е :)

Што се буниш за доктурката??? Не ти текна да прошеташ по шалтерите, може министерот ќе го најдеше како пие кафе на некое приемно одделение, тој многу сака да седи на шалтер. Впрочем, министерот шалтерот го смета за свое работно место. :icon_lol:

Шала на страна, ти посакувам брзо опоравувње.
 
не беше ли редно да кажеш како и што се случи по отворањето на темата и пишувањето 10 страници за тоа дали треба или не да примиш вакцина?
Епа еве после сите патешествија, прошетки и екскурзии по лавиринтите на нашиот "современ" здравствен систем фала му на Бога добро сум, во неделата примив тетанус а од денеска почнав да ги примам и серумите против беснило бидејќи не го најдов кучето (најверојатно умрело после каснувањето) :pos: И воедно им благодарам на сите кои што се обидоа на овој или оној начин да ми помогнат :)
 
Темата е промовирана на насловната страница. Се надевам ќе прочитаат и надлежните, па ќе тргнат и они во „лов“ на доктори кои наместо нега и опсервација, на каснати девојчиња им препорачуваат самостојно да ловат побеснети кучиња скитници. Што се' нема да доживееш во македонското здравство...
 
Мило ми е што и покрај сите перипетии, се добро се завршило. Што побрзо да оздравиш.
А за нашето здравство нема што многу да се каже. Секоја година покатастрофално, помизерно, без никаква искра надеж дека нешто ќе се промени. Имам и јас неколку неубави случки ама да не одам офф топик би ги кажал на соодветна тема, ако има таква.
 
Темата е промовирана на насловната страница. Се надевам ќе прочитаат и надлежните, па ќе тргнат и они во „лов“ на доктори кои наместо нега и опсервација, на каснати девојчиња им препорачуваат самостојно да ловат побеснети кучиња скитници. Што се' нема да доживееш во македонското здравство...
„Надлежните“ ја пропишале процедурата по која што докторите постапиле во случајов.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom