Ако си правел преселба од стара адреса на која си бил поврзан на оптичка мрежа, на нова адреса на која те поврзале на бакарна мрежа, рутерот од старата адреса го земаат назад, а рисиверите и далечинските управувачи секако дека си остануваат.
А ако си откажувал рисивер или ти менувале неисправен рисивер со нов рисивер, а ти ги оставиле старите далечински управувачи, најверојатно заборавиле да ги земат. Кога се враќа рисивер заедно со рисиверот задолжително се враќаат кабелот/адаптерот за струја и далечинскиот управувач, но ако техничарите заборавиле да го земат далечинскиот управувач тоа си е нивен проблем. HDMI и/или SCART каблите, и мрежните кабли спаѓаат во потрошливи материјали и затоа остануваат кај корисникот, не се враќаат.
Ако ти вршат работа далечинските управувачи слободно користи ги, ако не ти вршат работа чувај ги за некој друг или за во иднина, не им ги враќај ако не ти ги побараат бидејќи ако им ги вратиш без да ти ги побараат, знаат да ти наплатат пенали за вратена неисправна опрема. А1 се бетер, бараат да им вратиш буквално се` и сешто што ти дале на користење, за најмала ситница ќе ти наплатат пенали.
И најважно, кога враќаш било каква опрема во салон, задолжително да им побараш потврда за вратената опрема за да не им текне да ти наплатат пенали за наводно неисправна вратена опрема.
На MaxTV рисиверите го помнат распоредот на ТВ каналите се` додека не биде исфлена некоја нова верзија на софтверот, а во случајот со MaxTV нова верзија на софтверот многу ретко исфрлуваат. А и кога ќе исфрлат нова верзија на софтверот за MaxTV, распоредот на ТВ каналите лесно се менува во споредба со рисиверите на А1, одзема околу 10 до 15 минути.
Ти држи вода теоријата за задржување на MaxTV на ADSL, а Магента ТВ да работи на VDSL и на оптичка мрежа, но за жал од крајот на 2022 година и почетокот на 2023 година во Македонски Телеком имаат нови раководители и директори кои се разбираат од техника колку што последните двајца генерални директори на Боинг се разбираа од авијација - за жал со фатални последици по животите на стотици луѓе, кои на крајот резултираа со оставките на тие двајца генерални директори - а кои се посветени на намалување на бројот на вработени и уште понатамошно цедење пари од рајата.
Бидејќи појма немаат од техника, поверувале во приказните кои им ги раскажале некои луѓе според кои најголемиот број на дефекти во Македонски Телеком биле дефектите на рисиверите, па префрлувањето на сите постоечки корисници од MaxTV кон Магента ТВ ќе ги решело сите тие проблеми бидејќи на Андроид платформата имало помалку дефекти, што е чиста глупост, опремата секогаш се расипува колку и да е нова и современа.
Но бидејќи веќе тргнаа по тој пат за жал мали се шансите да запрат, а да тргнат назад на стариот пат шансите се речиси непостоечки.