Иако навидум не се разликуваат, сепак Speedport Entry 2i и Speedport Plus се два различни рутера од два различни производители.
Speedport Entry 2i
Speedport Plus
Speedport Entry 2i го произведува кинески ZTE, додека Speedport Plus го произведува француски Sercomm.
Но далеку поважната разлика помеѓу двата уреда е во тоа што Speedport Plus доаѓа со Wi-Fi 5 ревизија, односно Wi-Fi ac, поради што има подобра безжична Wi-Fi покриеност во споредба со Speedport Entry 2i.
Единствената разлика во надворешниот изглед е тоа што Speedport Plus доаѓа со USB порта, додека Speedport Entry 2i доаѓа без USB порта.
Додека си поврзан преку бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком најдобри резултати ќе добиеш исклучиво со Speedport Plus рутер, или со новиот Arcadyan VRV9518 BA-2C, ова се единствените два рутера кои функционираат преку бакарна телекомуникациска мрежа за кои Македонски Телеком дозволува поврзување на Магента ТВ.
Единствено провери си дали адаптерот за рутерот е оригинален, односно дали пренесува струја од 12 волти со 2 ампера (12.0V, 2.0A). Неретко им се случува да даваат користени рутери или користени адаптери, а ако некогаш ти рикнал адаптерот и дошле да го заменат, добри се шансите да го замениле со користен адаптер кој можеби не е со соодветната моќност. Доколку адаптерот не е со соодветната моќност која му треба на рутерот, истиот ќе се рестартира одвреме навреме кога ќе биде оптоварен од повеќе корисници, на пример гледаш телевизија, а во меѓувреме некој се закачил на Wi-Fi безжичната мрежа, па рутерот се рестартира бидејќи нема доволно струја од адаптерот.
Моќноста на адаптерот ти е запишана на самиот адаптер, ако пишува дека DC Output излезната струја изнесува 12.0V, 2.0A, тогаш имаш оригинален адаптер и не би требало да имаш проблеми со рутерот.