Матура

  • Креатор на темата Креатор на темата elektro
  • Време на започнување Време на започнување
До 14 јуни кај мене кажаа дека ќе има
 
Едно викаат друго праат. Навикнати сме ние на тоа
 
и на крај не ни беа битни темите за есејот, пошто сите препишувавме прашањата, есејот беше колку да се напише, јас филозофирав и пипував глупости за слободната тема колку да имам 350 збора и да извадам барем 5 бода.
 
Е тоа не ми се допаѓа што на некои им дозволуваат препишување, а на некои не...
 
есејо не го напиша :(

Sent from my Nexus 5 using Tapatalk
 
Јас денес не полагав зашто не бев во Македонија, има ли некој рок за тие што не полагале?
 
Јас денес не полагав зашто не бев во Македонија, има ли некој рок за тие што не полагале?
Си требал да се пријавиш порано дека нема да полагаш, имаше посебни термини за тие што не биле во можност од икс причини (мада и за тоа не знам колку толерираат). Вака ќе мораш во август и ќе испуштиш прв уписен рок на факултетите.

Иначе, не ми сте јасни вие што се фали дека сте препишале...ај со соучениците мање више, али бубица.:tapp: Да сакаат, во нормална држава, ќе ве најдат и ќе си полагате матура негде за 1-2 години, не знам како беше тоа.
 
Mатурата е чиста глупост!
Минатата година ми ја кажаа темата од некоја приватна гимназија во Скопје. Дека имам добивано награди за проза и не се замарав за есејот. Седнав пред спиење го напишав во Word, го испртинтав...а на полагање фино лепо си го препишав.
Просторијата во која полагавме беше хаос. Од сите страни препишуваа, се јавуваа на мобилни абе никаков ред. Немав ни концентрација да решавам.
Тестот беше ГЛУП. Значи ти вреѓа интелигенција. Не беше лесен. Туку во одговорите имаше повеќе точни...премногу блиски одговори. Сеа и на факс има такви зафркнати, ама треба да ги размислиш, логика и ако си учел ќе го откриеш кој е точен. Ама со матурата тоа не беше случај. Колку и да мислиш и сто пати да си ја читал книгата, и пред тебе да ја имаш...одговорите беа никакви. Имаше и ситуација во која книгата не беше наведена ни во наставната програма, барем ние не сме ја обработувале, ниту ја имаше во прирачникот. А на тестот имав околу 6-7 прашања од неа. Така што, тие поени што ги изгубив не ми беа од незнаење - туку од неправда.
Англиски нема што да се спремаш од дома. Прочитај правила за формално и неформално. Другото или го знаеш јазикот или не го знаеш.
Граматика имаше малку, повторете некои основни правила во времињата. Ако добро сте го учеле јазикот уште на изговор ќе го осетите кој е точниот одговор.
Финтата беше што текстовите беа на многу висок стил пишувани, а ние не го учевме тоа ниво. Ама со малку повеќе размислување додека ја сфатиш смислата на текстот...и малку среќа се положува :D
Писмата у глобала секоја година се лесни. Писмото ми беше прелесно. А есејот, темата беше малку тешка за да ја напишеш на друг јазик. Ама и тоа не беше толку зезнато, колку високиот стил на првите два текста на кои го изгубив 70% од времето.
Изборните предмети - гола вода. Полагав од еден, прашањата ги прочитав еден саат пред полагање и извадив максимум бодови. А и на тоа се препишуваше на големо.

Затоа да не се замарате за матурава. Ќе дојдете на факс и ќе има за што да се замарате.
Јас македонски бев многу научена...и пак извадив 4. Чудни нешта се случуваат :D Kулирајте и уживајте. Гајле ви е.
 
Денес лабаво препишување до коска кај нас :D Така и треба
 
Дечкии... дали ако си чкртнал(преправал) во прашањата за пополнување се важи поенот?? или не.
btw.. имав многу поправки јас :(:(
 
Дечкии... дали ако си чкртнал(преправал) во прашањата за пополнување се важи поенот?? или не.
btw.. имав многу поправки јас :(:(
НЕ не се важи се што е шкртато е грешно жал ми е
 
Ај некој кој ги изнае одговорите на овие прашања нека ги напише.
1. Какви се именките “решение“ и “соопштение“ ? (апстрактни или конкретни)
2. Збирна множина од именката “планина“ ? (дали е планиње или шуми)

И некој ако е сигурен дека чкртањето на одговорите со дополнување не се признава, нека каже, ама да е сосема сигурен. Да си се помирам со тоа :unsure:
 
Си требал да се пријавиш порано дека нема да полагаш, имаше посебни термини за тие што не биле во можност од икс причини (мада и за тоа не знам колку толерираат). Вака ќе мораш во август и ќе испуштиш прв уписен рок на факултетите.

Иначе, не ми сте јасни вие што се фали дека сте препишале...ај со соучениците мање више, али бубица.:tapp: Да сакаат, во нормална држава, ќе ве најдат и ќе си полагате матура негде за 1-2 години, не знам како беше тоа.
Најискрено мене ми е многу гајле, секако не игра голема улога оваа матура на мојот понатамошен образовен процес. Образовниот систем ни е заебан до даска, професорите не доваѓаат на часови заради митинзи(озбилно), никој не се замара да ти предава во мојов случај програмирање, значи програмирање не се учи на тетратака него на компјутер а компјутер се купува на човек не на говедо. Единствено што имаме нацртано 2-3 графици математика на компјутер друго или на тетратка или седеме на часовите и на смартфони играме игрици. Моментално со 1 час неделно учење по сите предмети, завршуваш со 5,00 средно, од лично искуство ви кажувам. Затоа за матурантите, ако се во можност финансиски и ви е доста од овие срања, куферот и словенија или бугарија за факс па потоа барајте си ја иднината на пазар на кој ќе ви се цени трудот. Секако тоа важи за тие што не сакаат да клатат врати и да земат плати, туку дечки на кои им значи знаењето и сакаат утре поштено да си го вадат лебот.[DOUBLEPOST=1401559828][/DOUBLEPOST]
Ај некој кој ги изнае одговорите на овие прашања нека ги напише.
1. Какви се именките “решение“ и “соопштение“ ? (апстрактни или конкретни)
2. Збирна множина од именката “планина“ ? (дали е планиње или шуми)

И некој ако е сигурен дека чкртањето на одговорите со дополнување не се признава, нека каже, ама да е сосема сигурен. Да си се помирам со тоа :unsure:
1. глаголски именки
2. планини (ова го земи со доза на резерва не сум сигурен но тоа го напишав).
За чкртањето не знам, ама не требало да правиш такви грешки во секој случај.
 
На две очи,не читам прашања,јас па уште глуп не прочитав за збирна множина и ко ропак си напишав ПЛАНИНИ :D А ако не се важи шкртањето :@ Ај веројатно ќе иам за 3ка :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom