Матура

  • Креатор на темата Креатор на темата elektro
  • Време на започнување Време на започнување
супер, фала ви на помошта. Па ке видиме што ке се случи кога ќе полагам..
 
Само една препорака до сите матуранти: Немојте да дозволите да ве заплашуваат професорите како што си знаат, и тоа цела година однапред.

Македонски сигурно веќе ви солат памет, ама нема потреба да се трескате од земја. Доволно е само да го прочитате прирачникот, и притоа да се фокусирате на граматика. Од делата е доволно да запамтите периоди, правци, отприлика кога се напишани, односно да ја запамтите шемата како одел историскиот развиток. За содржината, си имате извадоци на самата матура. И, барем да знаете солидно да пишувате есеи, и да ги научите фактите од темата која однапред ќе ви биде дадена. Тогаш 4-ка не ви бега, за 5-ка одлучуваат нијанси.

За англиски нема навистина што да се спремате, освен да научите правила за писма и есеи. Остатокот е применет англиски, што значи дека повеќе треба да ви функционира логиката тука. И да не знаете до толку, голема е веројатноста во училница да се погоди некој што знае, па сите да препишуваат од него. :)

Можеби само математика е малку потешко, ама ако веќе сте ја одбрале, веројатно планирате да се насочите на нешто поврзано со тоа и ќе ја совладате успешно.

Со среќа, и уште еднаш, не се замарајте. Не си ја уништувајте последната година од средно, тек од наредната ќе ви почне вистински хаос со учењето. :)
 
Учете учете. Спремањето за матура ви е загревање за еден колоквиум на факултет. Позз
 
Брат ми одбра Македонски, Математика(основно) и Бизнис. Интерен: Електронски склопови и уреди.

Ме интересира дали постојат прирачници по екстерниве предмети? Јас пред 4 години кога полагав учев од прирачник македонски и се беше од таму... Дали е задржано истото сеуште? Благодарам однапред :D
 
Брат ми одбра Македонски, Математика(основно) и Бизнис. Интерен: Електронски склопови и уреди.

Ме интересира дали постојат прирачници по екстерниве предмети? Јас пред 4 години кога полагав учев од прирачник македонски и се беше од таму... Дали е задржано истото сеуште? Благодарам однапред :D

Лани полагав и поголемиот дел од тестот е пак истиот од прирачникот... нешто плус може ќе има додадено.
"Небиднина" :D

Да полагам сега, пак би учел од прирачникот (иако професорите не не советуваат на тоа) :)
 
Лани полагав и поголемиот дел од тестот е пак истиот од прирачникот... нешто плус може ќе има додадено.
"Небиднина" :D

Да полагам сега, пак би учел од прирачникот (иако професорите не не советуваат на тоа) :)

Тоа што е плус сигурно не е од делот за граматика или писма.... можда од делата или...?
 
Има ли некој некоја конкретна информација за темава од хуманизам и ренесанса???
 
Дечки, јас завршив 3 годишно средно образование, и од септември ќе се запишам четврта година вонредно и ме интересира дали јас ќе полагам матура бидејќи во трета полагав матура.
Исто така ме интересира дали ќе имам екстерно тестирање?
 
Ај да си дојдам на темава лани кај шо кревав паники.
Матуранти ви пожелувам многу среќа и само да ви дадам еден искрен и добронамерен совет, Полагањето матура не е ни пола тешко од она што ве очекува на факултет. Е тоа се вика стрес и страв.
Уживајте и опуштете се, учете си смирено и пополека без паники.. материјалот не е тежок, се повторува од сите години.. има прашања што ќе ви се паднат од минатите матури. Не е воопшто тешко и сака само малце посветување време ништо повеќе, јас сите предмети ги учев пред еден ден и сите ги положив со одлични оценки.. значи не сака да се акате од земја.
Факултетот е многу пострашен, сега уживајте.
(не да ве плашам од факултетот, ама тоа е вистината со која морате да се соочите, и припремете се добро бидејки на факултет нема „Професорке ај другио час ме мрзеше да научам сега“)
Сфатете си ја озбилно работата и кршете нога. :cool:
 
Некој да не знае кога слави матура Васил Антевски Дрен?
 
Има ли некој некоја конкретна информација за темава од хуманизам и ренесанса???
треба да пишуваш за 2 лика од делата на писателите од хуманизам и ренесанса на пр од Данте Алиегери и Франческо Петрарка. да има од 300 до 350 збора и да небиде ист со ниту еден друг состав ... ;)
 
Здраво ај ако може некој нека ми објасни подетално за темите.Колку што слушнав јас имаме една слободна тема и една од хуманизам и ренесанса.Сега не ми е јасно дали треба да бирам дали слободната или другата ,или како ке ми се падне ај ако знае некој нека ми објасни бидејќи Македонски сум нула.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom