Bojan Van Buuren
Колектор
- Член од
- 11 април 2008
- Мислења
- 8.394
- Поени од реакции
- 12.058
Па подразбирам да си учел математика од прво одделение до средно, затоа што ако не знаеш да собираш дропки, нема да можеш да решиш равенка со дропки, неравенка со дропки, да не зборувам за тригонометријата итн...
Ама математиката за матура воопшто не е сложена. Колку што се сеќавам ништо од тоа што се учеше во 4та година воопшто го немаше. Значи интеграли изводи лимеси трогонометрија комбинаторика и веројатност нема. Што ти останува?
Немој да ми кажеш дека некој нема капацитет да научи како да пресмета волумен на топка или пирамида, или да пресмета растојание помеѓу две точки во простор? Колку што се сеќавам прелани на матурата овие две беа најтешките задачи![]()
Не викам дека не се учи математика, и ја мислам дека секој ако посвети време „ќе го биде“ за математика, ама ипак мислам дека не треба да ја има на матура како задолжителна..