Датум: 19.02.2014, 18:03
ФУНДАМЕНТАЛИСТИЧКИ ПЕСНИ НАЈДЕНИ КАЈ ОБВИНЕТИТЕ ВО „МОНСТРУМ“
„Трпението на Албанецот тука завршува, не си за договор, тебе ти треба само куршумот, и јас сакам, жими с` не лажам, да ти е... с` славјанско... Јас имам албански мозок и сум Лирим Јакупи, донеси ги сите што ги имаш оти ќе ги направам прав и пепел, само чувај се, Македонец, затоа што ќе ти го е... потеклото“. Ова се дел од стиховите од песната „За Гостивар“
http://www.youtube.com/watch?v=KByQmlcO6F4, која завчера како доказ беше слушана на судското рочиште за случајот „Монструм“. Песната ја пее извесен Аријан Агуши од Прешево и групата „Голд АГ“. Текстот му е посветен на двојното убиство во Гостивар, коесе случи во февруари 2012 година, три месеци пред петкратното убиство на Смилковското Езеро.
Групата „Голд АГ“ има повеќе песни во кои се пее за национализмот и омразата кон христијаните. Во текстот на песната „За Гостивар“ преовладува национална и верска омраза и се повикува на војна.
Видеото со песната било најдено во еден од компјутерите на обвинетите, но судот не посочи чиј е компјутерот. Во текот на завчерашниот судски процес обвинетиот Агим Исмаиловиќ, кој имал интернет-кафе и е еден од четворицата обвинети дека пукал во убиените, го прашал Судот дали видеото било најдено во неговиот компјутер, но судот не дал одговор на неговото прашање.
Песната била најдена и во мобилниот телефон на Сејди Рама, обвинет за тероризам во случајот „Монструм“. На завчерашното судење требаше да се гледаат околу 80 видеа, кои најверојатно се за поддршка на исламскиот фундаментализам, но бидејќи сите беа на арапски јазик, судот треба да побара преведувач, по што ќе бидат презентирани.
Во некои од стиховите се пее: „По цена на животот не ти ја простуваме крвта гостиварска. Ова е веќе крај, повеќе Албанецот не трпи. Затоа што вашиот грев не го мие ни Вардар“. (Д.В.)
Дајте бре банирајте го овој дардан , само провоцира, племето скапано секогаш ќе изигрува жртва макар и најдобрите светски стручњаци докажат дека овие грдотииве се убијците.