Mанипулација со “бенџмарци“ за влез на Македонија во ЕУ!

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Во низата “бенџмарци“ кој треба да ги исполни Македонија за влез во унијата денес се појави уште еден “бисер“:

-Децата до 12 години од Македонија не смеат да имаат повеќе од 3 расипани заби во просек,доколку сакаме да станеме членка на унијата.:tapp:

За вакви и слични “бенџмарци“ би било интересно да се развие отворена и јавна дискусија за да видиме што уште треба да се исполни пред влез на нашата земја во унијата.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=97508
 
Од каде им е просекот од 7 РАСИПАНИ заби кај децата? :nesvest:

Со 16 расипани заби кај секој возрасен и седум кај децата за Македонците вратата за влез во Европската унија е затворена.

Какви се овие глупости?
 
Па не би ме зачудило да стават и ,,бенџбарк,, во колку се оди по голема нужда во ЕУ. И доколку некој одстапи веднаш да интервенираат.
 
Накратко речено ќе се измислуваат секојдневно нови “бенџмарци“ се додека не го смениме името,а потоа се ќе биде “лесно“,сите бенџмарци ќе бидат “исполнети“ како да сме знаеле цел живот што треба за да влеземе во ЕУ.:toe:
 
Ne zezaj .... ova nekoi zubari platile novinar da pise glupost ... kaj mzoe vakvo nesto kako ke proverat pred vlez u EU ke idat site na sistematski pregled li ?

Jes da se oni friki al do ovolku friki ne mi se verue
 
Во Азербејџан таткото бил претседател, а по него избран е син му за претседател на избори.
 
Накратко речено ќе се измислуваат секојдневно нови “бенџмарци“ се додека не го смениме името,а потоа се ќе биде “лесно“,сите бенџмарци ќе бидат “исполнети“ како да сме знаеле цел живот што треба за да влеземе во ЕУ.:toe:

Не мислиш сигурно дека стварно ова е дел од условите за влез во ЕУ.

Кажи ми дека си ја отворил темата за зафрканција :)
 
Не мислиш сигурно дека стварно ова е дел од условите за влез во ЕУ.

Кажи ми дека си ја отворил темата за зафрканција :)

Така вели министерот Бујар Османи,не го измислив ова јас,ебаго.:toe:
 
ЦцЦцц......Дополнување:

2.Да си ги дресирате комарцита,пошто многу касале,да си ги дресирате да касаат максимум еднаш дневно,оти кај нас толку касаат.
3.Дозволено е максимум да се земаат по 3000 здивови на ден,во спротивно се троши воздух,а вие сте многу над просекот,доколку сакате во ЕУ,мора да се придржувате,и да го намалите дишењето!!!
4.Гитаристите што се левичари,да се науча да свира со десна рака,оти тоа се коси со законите на ЕУ,
5.Тие шо има,кокошки ,петли,гуски,пајки,да му и сеча криљата да и неса јајцата дома!!!
6.Тие што уча со разбирање,пот хитно да го сменат методот и да почнат да учат напамет,согласно со законите на ЕУ!!!!!!

И уште мени мени мор вакви барања ке станат реалност!!!!!!!!!:tapp: :tapp: :tapp:
 
Имаше и на вести за забите. :pos2: Не се зафркава ABC.
 
Можеби нареден бенчмарк ќе е колку пати да имаме секс...
Со љубовницата 5 пати во неделата, со сопругата 3 пати...
Ова е веќе смешно...во најмала рака...
 
Така вели министерот Бујар Османи,не го измислив ова јас,ебаго.:toe:

Aј цитирај каде виде дка Бујар Османи вели така :):) Ај плиз кажи каде го прочита тоа дека Бујар рекол така:):)
 
Да прашам, кој им ги брои забите на сите жители во Европа?

Многу работа е тоа.

А можеби однадвор ми е здрав забот, а во каналот се расипал нервот. И шо праиме, како се рачуна тоа?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom