Македонско фудбалско првенство 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.
А што било тоа со Комити некој инцидент имало на плоштад не разбрав добро на вестите???

Не е ништо налик на тоа што го пумпаат на вести. Ако им верува некој на нашиве новинари тогаш сигурно не е при себе.
 
Не е ништо налик на тоа што го пумпаат на вести. Ако им верува некој на нашиве новинари тогаш сигурно не е при себе.


Е како не е ништо?Не биди ко политичарине „Нема голема штета у Охрид се е под контрола".
Што треба да напраат за да биде голема тепачка или нешто да убијат човек па после да речеме инцидент.
Да, ова не е ништо па и ти удриле неколку души и тоа.:tapp::pusk:
 
праќале Албанци во болница :toe:

Инаку добри нанивачи и луѓе се ко така :wink:

А дека на ТВ секогаш прикажуваат повеќе отколку што е така е. Глупи новинари, само да му се зголеми гледаноста.
 
Е како не е ништо?Не биди ко политичарине „Нема голема штета у Охрид се е под контрола".
Што треба да напраат за да биде голема тепачка или нешто да убијат човек па после да речеме инцидент.
Да, ова не е ништо па и ти удриле неколку души и тоа.:tapp::pusk:

Добро ти не беше таму за да знаеш што било. Новинарите имаа речено дека поради револт и лутина после утакмицата тепале, каменувале граѓани на плоштад. Рекоа дека е дете повредено, а не рекоа дека ненамерно е погодено, не рекоа дека некој бил провоциран па возвратил така да не осудувај пред да ги слушнеш двете страни.
 
Демант од "Комити" околу случувањата на плоштадот Македонија


По повод тепачката на плоштадот Македонија, во која повредено беше 11-годишно дете, се огласи навивачката група "Комити", која беше обвинета за случувањата во центарот на Скопје.
"Комитите" по повод обвинувањата, во кои беа означени како “хулигани”, “раздивеана толпа” приложи демант, во кој меѓу другото стои:
"Се случи уште еден обид да се наруши репутацијата на навивачката група и да се оцрни нашиот образ со тоа што бевме генерализирани и остро нападнати поради постапките на неколкумина. Особено не навредува односот на медиумите кои како и во случајот со Нерези не ја слушнаа другата страна, туку избрзаа со своите коментари." - стои во демантот од навивачката група "Комити", кој продолжува во ист тон:
"Повикуваме името Комити Запад, да се избрише од овие настани и да се прекине со манипулацијата со истото. Ние како навивачка група бевме присутни на натпреварот Работнички-Вардар кој се одигра на Арената Филип Втори, по неговото завршување, гледачите кои беа присутни се упатија кон своите домови, притоа Комити Скопје не се одговорни за постапките на одредени поединци кои присуствуваат на натпреварите на Вардар, по завршувањето на натпреварот. Во ниеден случај ние организирано не ги напуштаме натпреварите кои се играат на домашен терен. Сакаме да упатиме порака дека во нашата група поминале голем број на минати генерации, а ние сме група која е отворена за сите, така да многу Скопјани ги имаат нашите реквизити, без разлика дали се сеуште наши редовни членови или пак не.
Особено сме навредени поради реакцијата на одредени медиуми кои наведоа дека биле нападнати невини деца на плоштадот, ние веруваме дека ниеден наш член, бивш или сегашен гледано индивидуално или пак групно не би нападнал без никаква причина. Притоа веруваме дека целиот инцидент е режија на друга навивачка група, која непрекинато ги прави овие проблеми на Градскиот Плоштад каде демне со цел да одземе наши реквизити и да ги нападне нашите членови кои ги носат истите. Таа иста група беше провокатор и на настаните во Нерези." - посочуваат од навивачката група "Комити".
 
резултати од 20 коло на мкф
работнички - вардар 1-0
ренова - силекс 3-1
турново - тетекс 0-2
милано - победа 3-2

табела
1ренова 45
2работнички 40
3металург 31
4пелистер 26
5силекс 26
6турново 21
7тетекс 20
8победа 19
9вардар 13
10милано 6

НОВА ПРОМЕНА НА КАЛЕНДАРОТ ВО ПРВАТА ЛИГА
Првенството завршува на 19 мај!
Нова промена на календарот за Првата лига. Место на 16 мај (недела) тековната 2009/2010 сезона ќе заврши на 19 мај (среда). Ова доаѓа по завчерашната одлука на комесарот за натпревари на ФФМ, Миле Спиркоски, викендов да не се игра 21. коло поради лошите временски услови и катастрофални терени на нашите стадиони. Првенството ќе продолжи со 21. коло кое ќе се игра наредниот викенд, значи на 21 март 2010 година, со почеток во 14 часот. Значи тој термин место 22. коло ќе се искористи за играње на 21. коло. И така натаму, с$ до 16 мај кога требаше да заврши годинашниот шампионат со одигрување на 31. коло. Но сега во тој термин се игра 30. коло, а, пак, натпреварите од последното коло ќе се играат неколку дена подоцна, на 19 мај (среда), со почеток во 16:30 часот.
Новите термини, односно новиот календар вчера го официјализираше и комесарот Спиркоски.
"Ние мораме натпреварите од Првата и Втората лига да ги завршиме најдоцна до 19 мај, зошто на 22 мај почнува кај нас ЕП за жени до 17 години. Терминот на финалето на Купот на 24 останува ист. Оваа измена доаѓа по одложувањето, односно пролонгирањето на 21. коло во Првата лига од овој за следниот викенд од познати причини", ни изјави Спиркоски.
З. Ѓ.
21. КОЛО - 21.03. (недела) 14 ч
22. КОЛО - 24.03. (среда) 14 ч
23. КОЛО - 28.03. (недела) 14 ч
24. КОЛО - 03.04.(сабота) 16 ч
25. КОЛО - 11.04. (недела) 16 ч
26. КОЛО - 18.04. (недела) 16 ч
27. КОЛО - 25.04. (недела) 16 ч
28. КОЛО - 02.05. (недела) 16:30 ч
29. КОЛО - 09.05. (недела) 16:30 ч
30. КОЛО - 16.05. (недела) 16:30 ч
31. КОЛО - 19.05. (среда) 16:30 ч

Во Купот по старо
Нема измена само во термините за Купот. Првите 1/2 финални мечеви се играат на 07.04. (среда), со почеток во 16 часот. Реваншите се играат, пак, на 05.05. (среда), во почеток во 16:30 часот. Големото финале вообичаено се игра на 24 мај. Времето дополнително ќе се утврди. Додека сме кај Втората лига да кажеме и тоа дека место на 15 мај (сабота) првенството во ова лига ќе заврши на 18 мај (вторник).
 
Како најава за најголемото дерби во макфудбалот

Во ова коло за одбележување е и дербито за Македонија, во кое се среќаваат Вардар и Пелистер, најлутите ривали од македонската елитна лига

mk1%5B15%5D.jpg
transparent.gif
Македонскиот фудбалски лидер, екипата на Ренова, викендов ќе биде на вистински маки на гостувањето кај Металург, во рамките од 21. коло од Првата лига. Екипата од тетовското село Џепчиште е главен фаворит за титулата, но в недела на стадионот на Автокоманда ќе биде ставена на вистински тест за можностите за до крајот на сезоната. Металург е една од трите најквалитетни екипи во Македонија, пролетниот дел го почна со триумф на гости кај Победа, а амбициите на клубот се пласман на некое од местата кое води во Евролигата на УЕФА. Металург е во борба за третото место, но со амбиции да го стигне Работнички на втората позиција и затоа ќе оди на освојувањето на трите бода против актуелниот лидер на табелата.

Табела

1. Ренова 18 14 3 1 42-14 45
2. Работнички 19 12 4 3 35-15 40
3. Металург 18 8 7 3 26-14 31
4. Пелистер 18 7 5 6 21-20 26
5. Силекс 19 7 5 6 26-26 26
6. Турново 19 7 3 9 25-28 24
7. Тетекс 18 6 2 10 24-25 20
8. Победа 18 6 4 7 22-28 19
9. Вардар 18 4 4 10 19-26 16
10. Милано 19 2 0 17 12-67 6 Евентуалниот пораз на Ренова во Скопје добро ќе му дојде на Работнички, кој гостува кај Победа, па борбата за титулата да се вжешти дополнително до крајот на сезоната.

Во ова коло за обележување е и дербито за Македонија, во кое се среќаваат Вардар и Пелистер, најлутите ривали од македонската елитна лига. Покрај фудбалското ривалство, кое поради моменталната состојба на табелата не е многу во израз, двата тима имаат и сериозно навивачко ривалство, па останува да се види колку ќе биде интересно на единствената трибина на националната арена „Филип Втори“, каде што треба да се сместат и „комитите“ и „чкембарите“, за кои е забрането организирано патување во Скопје, но најавата е сепак дека битолските навивачи ќе дојдат во сопствена режија - инкогнито!

Во четвртиот дуел во ова коло, Тетекс го чека Силекс, во меч штоможе да даде многу одговори за изгледот на долниот дел на табелата.

Двојки: Металург - Ренова, Победа - Работнички, Вардар - Пелистер, Тетекс - Силекс. Слободни: Милано и Турново.
 
МАКЕДОНСКА ПРВА ЛИГА

Металург - Ренова 3-1
Крстев 40, 49 п. Илијоски 45
- Али 34 п.
Победа - Работнички 4-2
Вељановски 36, Рутевски 43,
Дамески 51 п., 90 - Фабио 6, Марсио 48
Вардар - Пелистер 1-0
Христов 78
Тетекс - Силекс 1-1
Сашков 90+1 - Трајчев 27
Слободни беа Милано и Турново


ТАБЕЛА

1. Ренова 19 14 3 2 43-17 45
2. Работнички 20 12 4 4 37-19 40
3. Металург 19 9 7 3 29-15 34
4. Силекс 20 7 6 6 27-27 27
5. Пелистер 19 7 5 7 21-21 26
6. Победа (-3) 19 7 4 7 26-30 22
7. Турново (-3) 19 7 3 9 25-28 21
8. Тетекс 19 6 3 10 25-26 21
9. Вардар (-3) 19 5 4 10 20-26 16
10. Милано 19 2 0 17 12-67 6


Идно коло 24-03 среда

Ренова - Тетекс, Турново - Вардар, Пелистер - Победа, Милано - Металург. Слободни се Работнички и Силекс
 
ФФМ ја (за)губи битката со телевизиите



И покрај тоа што ФФМ термините од натпреварите на Првата лига ги заштити пред УЕФА, сепак, телевизиите емитуваат преноси од странски првенства за време на одигрувањето на средбите од домашното првенство




Најголемото македонско фудбалско (навивачко) дерби во неделата, дуелот Вардар - Пелистер, го следеа едвај 2.000 гледачи, додека најинтересниот дуел за врвот на табелата, оној помеѓу Металург и Ренова, беше интересен за само 500 љубители на фудбалот. Во исто време со овие два натпревари, дербито на англиската Премиер-лига помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул, било гледано од речиси 200.000 гледачи.
И покрај тоа што ФФМ термините од натпреварите на Првата лига ги заштити пред УЕФА, сепак, телевизиите емитуваат преноси од странски првенства за време на одигрувањето на средбите до домашното првенство. Директна штета од ова најмногу трпат македонските екипи, кои и покрај очајниот квалитет со кој располагаат, не заслужуваат да бидат толку малку гледани.
Пред почетокот на оваа фудбалска сезона, ФФМ првпат во историјата доби потврда од Европската фудбалска унија за блокирани термини за одигрување на натпреварите од Првата лига. Поради таа одлука, најмногу ќе загубеа телевизиите што пренесуваа дневни средби во неделите. Сепак, преносите од Англија и од Италија останаа.


Никој ништо не им може на телевизиите


- Телевизиите воопшто не ги почитуваат правилата. Знаат дека тоа што го прават е нелегално, особено што сите ги добија термините во кои не смеат да емитуваат преноси од странските првенства. Но тие се свесни за нивната моќ, тоа го користат за закани и уцени и никој ништо не им може - вели Харалампие Хаџи-Ристески, претседателот на ФФМ.

Според регулативата, половина час пред и по завршувањето на натпреварите од домашното првенство ниту една телевизија не смее да емитува преноси од странските првенства, за да се заштити домашниот фудбал.
- Не знам што треба да направиме за да имаме договор со телевизиите. Не верувам дека ако одиме на суд ќе го најдеме решението - вели првиот човек на македонскиот фудбал.

Сличен проблем како овој имаше и во Црна Гора, каде што исто така никој не ги почитувал заштитените термини. Фудбалскиот сојуз ги тужел телевизиите и добил оштета од десетина илјади евра, а преносите продолжиле.


Македонија да се приспособи спрема светот, а не обратно


ФФМ може да дејствува на подобрување на посетата ако ги приспособи термините на почетокот на натпреварите од Првата лига - да не се совпаѓаат со тие од првенствата на големата фудбалска петорка (Германија, Англија, Франција, Шпанија и Италија). На тој начин се определија многу фудбалски поразвиени земји од нас, како што е случајот со Чешка, Полска, Словачка, Романија...

- Ние на нашите клубови им имаме дадено да избираат кога сакаат да ги играат натпреварите. Тие можат да бираат термини од петок до вторник. Но сите се навикнати да играат во неделите, воопшто и не помислуваат дека може да им се зголеми посетата ако мечот не им се совпадне со некој од преносите. Македонските клубови до толку се набиваат да играат во недела, што во тој ден се сите натпревари - на младинската екипа, на женската екипа. Затоа и гледаме колку терените се лоши. Во еден ден имаат и по три-четири натпревари. Поинаку би било кога би се договориле и би играле само по еден натпревар дневно - вели Хаџи-Ристески.


Автор: Златко Крстевски
 
а како тоа кога ќе гостува Шпанија или Англија Филип Втори е исполнет до последно место?! сакаме да гледаме квалитет,тоа е причината зошто немаме гледачи по стадионите,а не преносите од странски лиги.....лиата е катастрофа-како да привлече гледачи?!
 
Ќе се помириме со судбината.:toe:
 
Демант од "Комити" околу случувањата на плоштадот Македонија


По повод тепачката на плоштадот Македонија, во која повредено беше 11-годишно дете, се огласи навивачката група "Комити", која беше обвинета за случувањата во центарот на Скопје.
"Комитите" по повод обвинувањата, во кои беа означени како “хулигани”, “раздивеана толпа” приложи демант, во кој меѓу другото стои:
"Се случи уште еден обид да се наруши репутацијата на навивачката група и да се оцрни нашиот образ со тоа што бевме генерализирани и остро нападнати поради постапките на неколкумина. Особено не навредува односот на медиумите кои како и во случајот со Нерези не ја слушнаа другата страна, туку избрзаа со своите коментари." - стои во демантот од навивачката група "Комити", кој продолжува во ист тон:
"Повикуваме името Комити Запад, да се избрише од овие настани и да се прекине со манипулацијата со истото. Ние како навивачка група бевме присутни на натпреварот Работнички-Вардар кој се одигра на Арената Филип Втори, по неговото завршување, гледачите кои беа присутни се упатија кон своите домови, притоа Комити Скопје не се одговорни за постапките на одредени поединци кои присуствуваат на натпреварите на Вардар, по завршувањето на натпреварот. Во ниеден случај ние организирано не ги напуштаме натпреварите кои се играат на домашен терен. Сакаме да упатиме порака дека во нашата група поминале голем број на минати генерации, а ние сме група која е отворена за сите, така да многу Скопјани ги имаат нашите реквизити, без разлика дали се сеуште наши редовни членови или пак не.
Особено сме навредени поради реакцијата на одредени медиуми кои наведоа дека биле нападнати невини деца на плоштадот, ние веруваме дека ниеден наш член, бивш или сегашен гледано индивидуално или пак групно не би нападнал без никаква причина. Притоа веруваме дека целиот инцидент е режија на друга навивачка група, која непрекинато ги прави овие проблеми на Градскиот Плоштад каде демне со цел да одземе наши реквизити и да ги нападне нашите членови кои ги носат истите. Таа иста група беше провокатор и на настаните во Нерези." - посочуваат од навивачката група "Комити".
sigurno deteto gi pcuel.... :toe: i tie se isplasile pa od strav napadnale neli...

Inace alal da im e na Renova za kratko vreme postignaa mnogu uspehot doaga i od dobroto menagiranje na Sopstvenikot na firmata koj istotaka im pomaga na siromasnite i dava bursi.. Edno golemo BRAVO :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom