А што било тоа со Комити некој инцидент имало на плоштад не разбрав добро на вестите???
Не е ништо налик на тоа што го пумпаат на вести. Ако им верува некој на нашиве новинари тогаш сигурно не е при себе.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
А што било тоа со Комити некој инцидент имало на плоштад не разбрав добро на вестите???
Не е ништо налик на тоа што го пумпаат на вести. Ако им верува некој на нашиве новинари тогаш сигурно не е при себе.
А што било тоа со Комити некој инцидент имало на плоштад не разбрав добро на вестите???
праќале Албанци во болница![]()
Е како не е ништо?Не биди ко политичарине „Нема голема штета у Охрид се е под контрола".
Што треба да напраат за да биде голема тепачка или нешто да убијат човек па после да речеме инцидент.
Да, ова не е ништо па и ти удриле неколку души и тоа.:pusk:
sigurno deteto gi pcuel....Демант од "Комити" околу случувањата на плоштадот Македонија
По повод тепачката на плоштадот Македонија, во која повредено беше 11-годишно дете, се огласи навивачката група "Комити", која беше обвинета за случувањата во центарот на Скопје.
"Комитите" по повод обвинувањата, во кои беа означени како “хулигани”, “раздивеана толпа” приложи демант, во кој меѓу другото стои:
"Се случи уште еден обид да се наруши репутацијата на навивачката група и да се оцрни нашиот образ со тоа што бевме генерализирани и остро нападнати поради постапките на неколкумина. Особено не навредува односот на медиумите кои како и во случајот со Нерези не ја слушнаа другата страна, туку избрзаа со своите коментари." - стои во демантот од навивачката група "Комити", кој продолжува во ист тон:
"Повикуваме името Комити Запад, да се избрише од овие настани и да се прекине со манипулацијата со истото. Ние како навивачка група бевме присутни на натпреварот Работнички-Вардар кој се одигра на Арената Филип Втори, по неговото завршување, гледачите кои беа присутни се упатија кон своите домови, притоа Комити Скопје не се одговорни за постапките на одредени поединци кои присуствуваат на натпреварите на Вардар, по завршувањето на натпреварот. Во ниеден случај ние организирано не ги напуштаме натпреварите кои се играат на домашен терен. Сакаме да упатиме порака дека во нашата група поминале голем број на минати генерации, а ние сме група која е отворена за сите, така да многу Скопјани ги имаат нашите реквизити, без разлика дали се сеуште наши редовни членови или пак не.
Особено сме навредени поради реакцијата на одредени медиуми кои наведоа дека биле нападнати невини деца на плоштадот, ние веруваме дека ниеден наш член, бивш или сегашен гледано индивидуално или пак групно не би нападнал без никаква причина. Притоа веруваме дека целиот инцидент е режија на друга навивачка група, која непрекинато ги прави овие проблеми на Градскиот Плоштад каде демне со цел да одземе наши реквизити и да ги нападне нашите членови кои ги носат истите. Таа иста група беше провокатор и на настаните во Нерези." - посочуваат од навивачката група "Комити".