Иселените Македонци да си ги регистрираа новородените деца во Македонија ќе имавме 95% од новородените во Македонија, само Битола ќе имаше 10.000 новородени секоја година.
Интересни се информациите од статистичарите, дека многу иселени Албанци од Македонија на запад, и таму им се раѓаат и децата, а тие и покрај тоа се регистрирани во матичните книги во Република Македонија. Според статистиката, како да немало иселени луѓе од Струга во 2011/2012, а се запишуваат во Струга како деца родени во странство по 350-370 новороденчиња секоја година. Во Дебар на пример, во 2011-та се запишани 109 деца родени во странство, а во 2012 година дури 125. Слична ситуација има со Гостивар, Кичевијата, Липково итн.
Може повеќе информации да си прочитате на:
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12214713444&id=9&setIzdanie=23081
Ќе издвојам само една реченица од статијава во Нова Македонија “Заклучокот е дека луѓето што заминале во странство и имаат таму родени деца, своите новороденчиња ги пријавуваат според нашиот закон за матично работење, во матичните канцеларии во Република Македонија и со тоа практично не ги откажуваат државјанствата“.
Ќе може некој да даде барем еден пример на Македонци од Австралија, Италија, Германија, Швајцарија итн. кои ги пријавуваат своите новороденчиња во матичните канцеларии во Република Македонија?
Уште поинтересни вести ни доаѓаат од Струга, каде според некоја си статистика имало родено 1247 струшки новороденчиња 2008 г., кои оваа година треба да станат првачиња, но се запишале само 572 првачиња оваа година. Еве да си прочитате:
http://lokalno.mk/namalen-brojot-na-prvachinjata-vo-struga/
Најточен статистички податок е ПОПИСОТ, а последниот попис беше бојкотиран од Албанците.