Има везе. Може не преку ноќ, може не во наш животен век, ама на тло на денешна Германија ќе живеат поинакви... Германци од Германците.
Можеби,ако се продолжи вака.Најверојатно ако се продолжи повеќе нема ни белци да постојат....ама тоа е што би било кад би било и многу далеку од денес.Дур сме ние живи ќе има промени,но сеуште ќе се знае кој е газдата.
На крајот на краиштата кој ти гарантира дека ако се осетат европјаните загорозени дека нема да дојде нов Хитлер што ќе им даде на сите шут карта ? Ле Пен веќе добива избори во Франција, Германците прв пат покажуваат колективна накурченост према странците и враќање на некоја национална гордост, низ цела Европа екстремно десните позиции се најпопуларни од завршувањето на втората светска војна.И тоа не се толку економските причини виновни за растот на нивната популарност.На Британец чии претци доминирале со светот не му е сеедно да гледа како главниот град му изгледа како мешавина на Исламабад, Делхи и Кингстон.
Масовната имиграција веќе повлекува сериозни политички прашања,а во иднина ќе стане уште побитна.
Само погоре имаш промашено што мислам под нема везе.Нема везе дека он такво нешто изјавил,дека му е ставено во уста нешто што не рекол.
Иако веројатно нема везе ни тоа дека муслиманите ќе ја превземат Германија.
А и приказната твоја ме потсеќа на Тригер од Only fools and horses кога ја покажа својата омилена метла на која и сменил 10 дршки и 12 четки(лупам бројки на памет).
Во време на Малтус “немаше везе“ да се дојде ситуација државите (напредни) да имаат тенденција да имаат повисок морталитет него наталитет.
Инаку, секое општество кое има специфична стапка на фертилитет (помалку од 2.1 дете по семејство) ја преминува рамката која значи „нема враќање“.
Шпанија (според некои извори) има 1.2.
Остај го Малтус на страна.....друго време, други предвидувања и видувања.Веќе ги симнавме едните ограничувања во експанзијата на популацијата (недоволна продукција на храна, војни, болести), и поради тоа кон крајот на 19от и во 20 век имаме рапдина експлозија на населението.Арно ама почнуваме да ги применуваме тие другите (абортуси,контрацепција, касни бракови итн.).И да,навистина едно време овие вторите доведоа до висок стандард на живеење,само што западот претера.До толку се отиде што ниту едно развиено општество нема ни блиску доволно деца долгорочно да ја одржува својата популација и да одржува благосостојба.Ниту едно човечко општество не нашло начин да одржи баланс висок стандард и доволно деца за проста репродукција. Никој кој што паднал под 2,1 до сега не се кренал (со по некоја година од време на време во краток период после падот).
Ова е веќе uncharted territory.Мислам дека човештвото никогаш не влегло во ваква фаза во своето постоење.Постојат некои изјави и докази дека и античките Грци и Римјани имале такови проблеми пред да почне распаѓањето на нивните цивилизации. Што ќе се случува понатаму е целосна енигма.[DOUBLEPOST=1403205755][/DOUBLEPOST]
Не се сеќирајте за германија со 80 милиони германци 500 год и требаат да се измени демографската слика. Гледајте за мкд со помалце од милион македонци о кои 30% над 60 год катастрофа е тоа за 20 год кога ќе умрат со оваа стапка на наталитет и селење македонци ќе има колку што има скопје жители сега
На 300 милионската Америка во помалку од 50 години целосно и се промени демографската слика. Белците од 90% сега паднаа на едвај 60-65%,а помеѓу родените се околу 50%.
Исто така помеѓу имигранти белците имаат мизерен удел.
Нема толку врска големината на земјата.The bigger they are the harder they fall.