Најцрн рекорд: во Новаци на шест починати лица се раѓа само едно бебе

Дури во 30 македонски општини во првите девет месеци од годинава има повеќе починати наспроти новороденчиња.
Малата пелагониска општина Новаци има најзастрашувачки негативен прираст на населението заради тоа што на шест починати лица во оваа општина се раѓа само едно дете, покажуваат најновите статистички податоци на Државниот завод за статистика.
Во првите девет месеци годинава во оваа општина во која се наоѓа РЕК „Битола“, најголемиот електроенергетски капацитет во земјава, се родиле само 3 бебиња, односно се раѓало само по едно бебе на три месеци. Во истиот период починале 18 лица.
На листата на Државниот завод за статистика има дури 30 општини во кои смртноста на населението е повисока од бројот на новороденчињата во првите девет месеци годинава. Најголемата општина на таа листа е Битола, а освен Новаци од пелагониските општини тука е уште и Демир Хисар. По Новаци загрижувачки сооднос меѓу новороденчињата и починатите лица има во западномакедонската општина Другово.
Таму за првите девет месеци на пет починати лица е регистрирано само едно новороденче, а вкупниот број на бебињата во овој период е само 3. На третото место на оваа црна листа е малата рурална општина Росоман, популарна по производството на праски. Таму во првите девет месеци годинава се родиле 6 бебиња, а бројот на починатите изнесува 19 лица, што значи дека соодносот е 3 наспроти 1. Подолу на црната листа се шест општини во кои бројот на починати лица е барем двојно поголем од бројот на новородени бебиња во првите девет месеци годинава. На листата се: Ресен, Пехчево, Зрновци, Демир Хисар, Дебарца и Богданци.
Дури во 30 македонски општини годинава е регистриран негативен природен прираст. Освен општините со изразен негативен прираст од барем две починати лица наспрема едно новороденче на листата се: Битола, Карпош Скопје, Охрид, Берово, Валандово, Вевчани, Велес, Вранештица, Гевгелија, Градско, Делчево, Дојран, Карбинци, Кратово, Кривогаштани, Маврово-Ростуша, Македонски Брод, Осломеј, Пробиштип и Старо Нагоричане.
Инаку секоја од овие теми заслужува посебна тема,ама ајде ја ставив во оваа тема зошто кога отворив нова темата со наслов македонците се секоја година во минус од 2000 луѓе поголем морталитет од наталитет а албанците во плус 5000 луѓе со голема наталитет ја споивте темата. Така да затоа и оваа веста ја ставам тука, место нова тема да отварам и не се согласувам што таа тема ја споивте во Македонскиот народ е пред демографска катастрофа.Таков битен податок заслужува посебна тема. И нека размислат администраторите што се одговорни за оваа тема дали добро си ја вршат работата.Поздрав