Македонскиот народ е пред демографска катастрофа

Кажи ни чаре, како да се зголеми наталитетот?
Има повеќе решенија а едно решение што беше убаво чаре го укина предавничкиот мислев уставниот суд, а тоа беше општините со негативен прираст на население да се подржаат со поголеми средства за второ, трето дете...Ама ако Македонец не заебе Македонец друг не може:facepalm:
 
А тие што се иселуваат од тие општини како ќе ги задржиш?
 
А тие што се иселуваат од тие општини како ќе ги задржиш?

Ај да му помогнам на Лавчето (и онака тешко он да даде одговор)

1) Инвестиции во инфраструктура во неразвиени општини
2) Субвенции за приватниот сектор за отворање работни места во рурални места
3) Директни субвенции за домување (не преку банка) во ваквите региони
4) Ослободување на плаќање на персонален данок и останати државни давачки за родителите со 3 или повеќе деца кои живеат таму
 
Ептен мизерни услови има во тие општини, мислам плата по 6.000 денари човече.Џабе е што да направиш неверувам дека има некој спас.
 
Ај да му помогнам на Лавчето (и онака тешко он да даде одговор)

1) Инвестиции во инфраструктура во неразвиени општини
2) Субвенции за приватниот сектор за отворање работни места во рурални места
3) Директни субвенции за домување (не преку банка) во ваквите региони
4) Ослободување на плаќање на персонален данок и останати државни давачки за родителите со 3 или повеќе деца кои живеат таму

Се е во ред тоа,само првите две ставки ти се долгорочни а вторите би требало да донесат некое подобрување ама тоа ќе биде далеку од доволно.Нас ни треба бејби-бум сега за во наредните 10 години да се вратиме на нивото од 94-95,после ќе биде касно.
Инаку во ред е ова што си го пишал само јас би го искомбинирал со еднократна парична помош од 5,10 и 15000 евра,за прво,второ и трето дете.Мислам дека само тоа може да донесе бејби-бум.
 
јас би го искомбинирал со еднократна парична помош од 5,10 и 15000 евра,за прво,второ и трето дете.Мислам дека само тоа може да донесе бејби-бум.
Секако овие пари ќе бидат донирани од страна на општините, а не од владата. Општините со намален наталитет имаат право до владата да бараат наменски дотации за конкретни проекти, меѓу кои се сите оние кои ги набројавте, а со крајна цел секако за подобрување на демографската слика. Чисто за да не биде дека ете владата прави дискриминација па уставниот суд да реагира, бидејќи слична ваква одлука веќе ја поништи....
 
Има еден куп начини како тоа да се изведе,ако се сака.Може дел да оди преку општините а дел преку НВО или МПЦ во зависност од начинот на обезбедување на средствата.
Пишав и претходно,секој христијанин вработен во локална/државна администрација/фирма да донира 10% од платата ќе се соберат околу 100 мил. евра(тогаш и да им ги качат платите нема да се бунам).
Ако на тоа се додаде и процент од сите тендери кои се плаќаат од буџетски пари таа сума ќе се зголеми за уште неколку десетици мил. евра. кои може да се соберат и делат вон-институционално.
Тие пари би биле доволно да се обезбеди помош од 5-10-15000 евра дури и кога наталитетот би се зголемил за 50-100% -ме мрзи сега да барам податоци за точно да израчунам.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 606
Најцрн рекорд: во Новаци на шест починати лица се раѓа само едно бебе

http://www.mkd.mk/77480/makedonija/najcrn-rekord-vo-novaci-na-sest-pocinati-se-raga-samo-edno-bebe/

Инаку секоја од овие теми заслужува посебна тема,ама ајде ја ставив во оваа тема зошто кога отворив нова темата со наслов македонците се секоја година во минус од 2000 луѓе поголем морталитет од наталитет а албанците во плус 5000 луѓе со голема наталитет ја споивте темата. Така да затоа и оваа веста ја ставам тука, место нова тема да отварам и не се согласувам што таа тема ја споивте во Македонскиот народ е пред демографска катастрофа.Таков битен податок заслужува посебна тема. И нека размислат администраторите што се одговорни за оваа тема дали добро си ја вршат работата.Поздрав

Не вреди во профилот да ставаш вест за Новаци.

Ти препорачувам за поставиш вест за Битола , еве вака : Битола секоја година губи 400 жители по природен пат.

Треба да најдеш општина која вреди за граѓаните , а за Новаци кому му е гајле , како и секоја општина со 3000 жители , не е ни прва ни последна што го доживува тоа.

Проблемите за Новаци датираат одамна.
Во 2002ра , 26% од населението беше над 65 години. (30%+ пензионери).

Новаци
131 лице беа над 80 години
126 лица од 0-4 годишна возраст.

Арачиново
над 80 год : 68 лица
0-4 год : 1246

Кога одиш во Арачиново на секои 18 деца (0-4год) има по еден старец над 80год.
А во Новаци на секое 1 дете има по еден старец над 80год.

Јасно ли ти е сега кај е проблемот , на овие 80 годишњаците к*рот со попратните елементи им починал одамна , од нив не очекувај да раѓаат деца.

За наталитетот има лек , но за морталитетот не е човекот надлежен, секој ќе умре.

Има повеќе решенија а едно решение што беше убаво чаре го укина предавничкиот мислев уставниот суд, а тоа беше општините со негативен прираст на население да се подржаат со поголеми средства за второ, трето дете...Ама ако Македонец не заебе Македонец друг не може:facepalm:

Не збори безвезе , и после одлуката на Уставниот суд стимулацијата важи , но сега за сите општини , значи не е прекината.
Дај покажи колку биле тие поголеми средства пред одлуката на Устваниот суд.
 
За наталитетот има лек , но за морталитетот не е човекот надлежен, секој ќе умре.
Срце тој, се загрижи за наталитетот на македонскиот народ...

Кажи ми, како после човек да не те сака?

:cautious:
 
Па не сте виделе вие колку само труд треба денеска женска за да затрудни.....
.
Не си имала ти работа со вистински трудбеници. Трудот го створил човекот!
 
Зезнете Новаци, Скопје е на пат да отиде. Ко на пример случајов со комплексот згради кои се градат кај Алумина и до Алумина.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5765DB0CC5F1A24E980D5FE8A71F3D4A

Во суштина целосната слика е дека во Скопје нема повеќе македонски инвеститори кои вложуваат во станбени згради. Истиот случај и со Јужен Булевар и зградите кои треба да никнат таму.
 
А тие што се иселуваат од тие општини како ќе ги задржиш?
Има повеќе начини не е еден, но најдобар сет е вложување во инфраструктура, после субвенции за секое ново родено дете, за секое дете што го има семејството да добива по 3000 денари месечно додека не наполни 18 години, пример ако некое семејство има 3 деца малолетни може 9000 денари месечно помош да добие , инаку претежно во тие општини се земјоделски така да и земјоеделските субвенции помагаат до одреден степен ,да не беа земјолските сибвенции последниве години во многу потешка ситуација ќе беа, гледам владата во некој рурално општини отвара нови градинки но мое мислење е дека секоја општина во Македонија мора да има бар миниумум по една градинка, за да може секој член од семејството да работи место цело време да чува, деца, не е проблемот со наталитетот од тие општини од вчера или од пред 6 години има подлабоки корени, но сепак мислам дека најлесно економски просперитет можат тие општини да остварат преку современо земјоделство со субвенции кој ќе имаат развоен карактер, наместо социјален карактер до сега , мада и и до сега нешто имаше повеќе субевнции ако си од рурална општина, и што е најбитно бесплатни обуки како до поголема продуктивност и ефикасност во производството да се стигне, а држава треба да дава и грантови од на пример 30% од купената механизација или системите капка по капка да бидат неповратна помош од држава за тие општини. Но не очекувајте фабрики или не знам што во такви општини зошто економските, демографските, и образованите капацитети на тие општини се мизерни, ова е само еден начин има 1 000 000 начини како да им се помогне на тие општини,а за тие општини со низок наталитет нема да е лошо да се дава за прво родено дете 1500 евра, за второ 3000 евра, за трето 6000 евра неповратна помош.
--- надополнето: 24 ноември 2012 во 12:21 ---
Ај да му помогнам на Лавчето (и онака тешко он да даде одговор)
Лавчето не може да виси 24 саати на форум , инаку читај дадов некој мој идеи, во кој правец треба да се иде.
 
Зезнете Новаци, Скопје е на пат да отиде. Ко на пример случајов со комплексот згради кои се градат кај Алумина и до Алумина.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5765DB0CC5F1A24E980D5FE8A71F3D4A

Во суштина целосната слика е дека во Скопје нема повеќе македонски инвеститори кои вложуваат во станбени згради. Истиот случај и со Јужен Булевар и зградите кои треба да никнат таму.
Znaat kakva e situacijata,cenite ke padnat na 500 evra za m2 mozebi i podole,lapnaa sto lapnaa dosega,gi ostrižaa ovcite po 1000-1300 evra za m2 a sega polecka zavrsuva filmot.
 
Да беше Мк богата земја од типот на Словенија или Германија тогаш наталитетот ќе ни беше уште помал од овој сега.Во сиромашни земји секогаш наталитетот е голем.Е сега проблемот во Мк е што е сиромашна земја,ама си ствараме потреби како на богата земја.Памперс пелени,креми за мачкање на кожата,посебна храна,па да му се купи Ајпод,Ајфон на 6 години,потоа кога ќе тргне на школо лап-топ Дел,па потоа кола да имал на 18 г.,секој ден да излегувал по кафиќи и сл.
 
Слаба економија , иначе многу лесно се зголемува наталитетот кај нас.

Во 2011та , 4225 мајки родиле три и повеќе деца.

По 10.000 евра да и се дадат у кеш на секоја мајка, тоа се 42 милиони евра.

Ова нема шанси да се случи во Македонија.

Можат да се отпуштат 20.000 административци , и парите кои се давале на нив (100 милиони евра за една година) , да се дадат секоја година на 20.000 мајки кои раѓаат дете. (прво , второ , трето...).

Но ако отпушат толку административци , тогаш ќе се зголеми невработеноста и ќе се погодат финансиски 20.000 семејства.

Можат да се намалат субвенциите за земјоделство , и да се дадат на мајките , и ова е лошо.

Кај нас си зимаат од една група , за да дадат на друга , ете ваков буџет имаме ние.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom