- Член од
- 12 септември 2008
- Мислења
- 271
- Поени од реакции
- 42
Прекин на преговорите со Грција?
Три дена откако во извештајот на Европската комисија исчезна придавката „македонски“ сличен скандал се случи и во Обединетите нации. Дневниот весник „Дневник“ објави дека од Регистерот на ООН го снема зборот „македонски“ во графата со која се опишуваше името на македонскиот јазик.
Експертите велат дека во неколку наврати досега биле менувани информациите за Mакедониja во регистарот каде се даваат основните информации за името , нацијата и јазикот на земјите членки на светската организација, но дека сега за првпат за ова дознава јавноста. Во претходните случаи грешката секогаш била поправана по реакцијата на македонските власти.
Дополнително во Регистарот на светската организација во делот на француски и шпански и руски јазик исчезна и терминот „македонски“ со кој се дообјаснува националноста. Сега наместо двојниот опис со времената референца и зборот „македонски“ остана само името под кое сме примени во Обединетите нации.
Македонскиот државен врв ќе ги искористат сите дипломатски и правни средства за да ги спречат во иднина ваквите ситуации. Во текот на вчерашниот и денешниот ден биле направени дипломатски напори и извршени телефонски разговори со сите кои што имаат ингеренции за овој регистер. Иако нема владина потврда, Канал 5 дознава дека една од опциите која се разгледува од државниот врв по двата случаи во кои настрада придавката „македонски“ е привремен прекин на преговорите со Грција.
Неофицијално од извори во Светската организација се претпоставува дека исчезнувањето на придавката „македонски“ е направена по препорака на висок грчки претставник во Обединетите нации кои има моќ да наложи промена на Регистарот.
Нема коментар за ваквите информации од страна на македонските власти. Денеска ниту претседателот, ниту премиерот јавно не го коментираа ваквиот развој на настаните со придавката „македонски“ од кој се појасно станува дека името не е единствениот проблем со Грција.
izvor: http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=67120