Македонски театар

Швејк во втората светска војна од Брехт, Прилепски театар, режија Мартин Кочовски. Топ снимка и звук. Нешто што мора да го изгледате :)

 
Го имам гледано филмот. Го даваа на Телма, пред десетина години можда, црнобел, од времето на Чехословачка.

Ако задржале бар 50% од хуморот во филмот, ќе биде топ.
 
Го имам гледано филмот. Го даваа на Телма, пред десетина години можда, црнобел, од времето на Чехословачка.

Ако задржале бар 50% од хуморот во филмот, ќе биде топ.
Не можам да најдам инфо за филмов, а и чудно ми е што велиш дека е комедија. Да не е правен според оригиналната приказна за Швејк, а не според Брехт?
 
Мислев дека по филмов е. Има и втор дел.
Ахх, го имам порано начекано на кратко на ХРТ, урнебес е, не се заборава оваа фаца:pos:

Претставава е скроз различна приказна и е епски театар, нешто што само Кочовски го работи кај нас. Не се споредува со искуството во живо, ама вреди да потрошиш 2 саати :)
 
На Тракермк може да се симнат интересни театарски претстави

Денес е ставена Чернодрински се враќа дома 1992 Драмски театар - автор Горан Стефановски а режија на Слободан Унковски.
Сомнително лице 2007 МНТ - автор Бранислав Нушиќ а режија на Синиша Ефтимов.

Наскоро Еригон Драмски театар - од Јордан Плевнеш.
 
По Швејк од Бертолт Брехт е, дело чинам напишано дури бил во емиграција.
Филмот е работен по книга на Јарослав Хашек. Ја има преведено Литература.мк.

Е сега не знам дали Брехт зел инспирација од Хашек или обратно.
 
Еригон од Драмски ставен на trackermk.com. Исто така тука е ставен и краткиот документарен Птиците доаѓаат на Бранко Гапо.

Преплавен е со македонска содржина торенти овие карантински денови trackermk.com
 
Филмот е работен по книга на Јарослав Хашек. Ја има преведено Литература.мк.

Е сега не знам дали Брехт зел инспирација од Хашек или обратно.

Брехт има земено инспирација од Хашек.
 
Секој четврток на МРТ 1 во 23:10 часот македонска театарска претстава. Вчера беше претставата Сребрена свадба од МНТ но не беше на сцена туку во холот и со многу малку публика.

Исто и на Наша тв имате претстави претежно се од Драмски во недела а реприза мислам беше среда но термините ги заборавив.

Ги имате некој од претставите што се емитуваат на јутјуб каналов
 
Повторно на МРТ 1 секој четврток театарски претстави во 23 часот.
 
На Тракер мк е ставен Словенски ковчег емитувана во чест на Марин Бабиќ. Се емитуваше во вторникот во 23 часот на МРТ 1.
 
Ги гледав драмите речиси сите во драмски. Мојот маж е премотивна и напорна, Странци е супер, Мајн нејм ис Горан Стефановски не функционира пресегменирана е, Кармен е ок но досадна е, Чудесна терапија најмногу ми се допадна лесна е сатирична, Гертруда има интересна приказна, Чудна случка во ноќта исто е интересно сценарио но малку напорна. Во мнт го гледав Петра фон Кант, ок е но лоша глума има, лезбејска е ако на некој му значи тоа. Едно 8-9 претстави фатив за 4-5 месеци. Оди театарот напред ок е има добри особено нови глумици и режисери.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom