Македонски театар

Ја гледав ЕЕГ - Електроенцефалограм, во режија на Ѓорѓи Јолевски, кој и самиот е единствен актер во оваа монодрама...
Бев воодушевена од неговиот вонсериски талент за глума...
А во однос на тематиката - ЕЕГ е една творба од повеќе различни претстави и целта е да се прикаже во 90 мин комплексноста на човечкиот мозок, т.е. разновидноста на емоции(плачење, радување, лутење, самосожалување, гнев, љубов итн...) во интервал од 90 мин...
 
Одличен коментар, инаку јас ја немам гледано ама според ова мора да ја гледам :) И секако не се сомневам во талентот на Јолевски, феноменален е! :)
 
Инаку јас последно ја гледав Олово на перница и тоа по 3 пат, текстот е на Венко Андоновски и е исклучителна претстава која не смее да се пропушти и им ја препорачувам на сите.
 
Нова претстава во МНТ

„Кој се плаши од Вирџинија Вулф”

Автор: Едвард Олби
Режија: Синиша Евтимов

Улоги: Весна Петрушевска
Сенко Велинов
Игор Стојчевски
Јелена Јованова
483245_316465841746568_126759577383863_856436_90881811_n.jpg

Повеќе на: http://www.facebook.com/igor.stojchevski.fanpage
 
Да не сака некој карта за Евгениј Онегин, утре 20.30, драмски.... ?
 
дали е возможно да се купат карти онлајн за МНТ? поточно ми треба за „Не се клади на Енглези“. пошо на нивнион сајт не гледам таква опција...
 
Супер со овој потег да се пуштаат театарски претстави на Јутјуб во време на коронавирусов. Сепак ова со претставиве треба да биде така засекогаш секако со старите претстави што веќе не се на репертоарот одамна.

МНТ вечерва го имаат пуштено Сомнително лице во 1080p HD квалитет.
Театар Комедија го имаат пуштено Сон на летната ноќ и тоа во 480p ужасен квалитет.
 
Каква катастрофа од претстава, мајко мила :facepalm: :facepalm: :facepalm:
 
Сомнително лице, МНТ :)
Ич да не ја гледам значи. Ќе си ги чекам Изгубени Германци и Мајсторот и Маргарита.

П.С. И Кумановски театар имаат пуштено досега три претстави. Ме чуди што Велес и Битола уште спијат, па и Драмски.
 
Ич да не ја гледам значи. Ќе си ги чекам Изгубени Германци и Мајсторот и Маргарита.

П.С. И Кумановски театар имаат пуштено досега три претстави. Ме чуди што Велес и Битола уште спијат, па и Драмски.
А, за најдобрите (Прилеп) не ти текнува, а? :icon_lol:

Озбилно, прелоша, дно претстава, ни Театар Комедија мислам дека не би успеале вака лошо да ја направат. Никаква логика, никаков флоу, физички и вулгарен хумор во Џери Луис стил, Ристановски се смешкаше после своите реплики од што е преглупаво сето тоа што се случува.

Германците се одлични, само не знам дали добро би се пренесле преку екран.
Автоматски споено мислење:

Уствари овој Синиша режисеров има режиано и во Театар Комедија, така да, да, тоа е тој стил што само на Марик му е смешен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom