Македонски поткасти - кој го следите и кој е најдобар?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Ландов само го гледам. Дефинитивно најпрофесионално ја тера емисијата, и не заборави да покани обични луѓе што имаа мака да си кажат.
Другиве ако имаат гостин и тема што ме интересира па да дознаам може да ги пуштам.
Макар да и Ландов знае да ја утне работата, последнава епизода со Миа Костова беше тотално непотребна, ја погледав малце, не ме бендиса ич ја изгасив.

Лазаров и Боки ми е дното, само кога ќе ми се појават на инста одма вртам да не ги гледам, заедно со ефтов и останати.
Макар да секој си има своја публика и начин да допре до неа, очигледно им функционира чим се држат уште. Макар да и за држење не им треба многу, една камера едно собиче и ајде мајка инфлуенсери станавне.
 
Еден и единствен секогаш Во Центар господинот Васко Ефтов
Хахаххаха која легенда е овој кога исти таков муабетчија ќе му се погоди. Отишол Васко кај Мирољуб Петровиќ у тоа селото у Лексовац и седнати у подрум едниов цепа на српски, другиов на македонски, никој никого ни го слуша ни го разбира. Петнаесет теми отворија, ниедна не затворија. Се поздравија како на брзање и чао чао , вие сте во центар бла бла и угаси камера.
Прва и последна епизода што ја изгледав.
 
Ниту еден не следам ... немам живци да слушам кењање 2,5, 3, 4 часа... секоја чест на тие што ги следат...
Јас на пример играм игра и во позадина ми врти, ама не следам никој подкастер. Слушам ако има некој гостин што има што да каже или ми е интересен од Х причина.
 
Исто не знам како ви се гледаат политички подкасти, ја само овие од област на култура или бизнис можам да ги гледам/слушам. Да седнам 2 саати пример Фрчко да го слушам, ќе го исфрлам лаптопот.
 
се изгуби веќе жарта затоа пак ќе кажам Васко Ефтов бр.1 па многу празни места.
Кај господинот Васко отсекогаш ми било импресивно кога ќе навлезе у дискусија со гостинот па овој ќе му смени тема намерно или ненамерно и Васе ќе рече: „Добро, ќе се навратиме на таа тема подоцна“..., апсолутно никад не се навратил на таа тема :ROFLMAO:

Ландов е ок ама мене лично ми пречи што има селективност во пристапот кон гостите. На пример, му гостува Русковска и ја прави пепел, што уствари и е целта на емисијата, НА ПРЕТРЕС со Ландов, а од друга страна го вика Апасиев и него не му влага со клизачи зашо знае дека може да го добие по муцка. Тоа мене не ми е ок, ама генерално гледано ок е за гледање, ми се допаѓа што е доста поткован за секој гостин и детално се спрема за емисиите.

Инаку немам против ниеден поткаст што има нормална содржина и не пропагира срања, а за сега ко земја ок се држиме од овој аспект. Најпознатите поткасти ни се горе доле со добра содржина без навлегување во тие вокерските срања, а сеа останува на секој од нас според вкус да си избере кој му е подобар, а кој му е полош.
 
Само за ова би дал коментар, бидејќи зборуваш за Томас, кој претходно има и подкасти во соло верзија на неговиот канал Tomas Performance Podcast, човекот е со ултра добри познавања за спортовите со кои се има занимавано. Познавањата му се на тренерско ниво, доста е стручен. Веројатно си гледал кај нив некој подкаст со лик од шоубизнисот или некој спорт како фудбал за кој нема познавања Томас, па Жарко (десно) бил покадарен, но те уверувам ако гледаш некој подкаст околу атлетика, велосипедизам, па и пливање (дека и самиот Томас со триатлон се бави), нема да имаш мислење дека е неупатен. Целиот концепт им е таков, секогаш едниот водител да има подобро познавање од другиот, бидејќи се од различни области, па заедно да се надополнуваат. А и гледа да поставува прашања кои некои луѓе дудуци што врска си немаат од спортот би ги прашале и не би им биле јасни, за сите да може полесно да го пратиме подкастот.
Пример за ова е подкастот со Дарио Ивановски, кога човекот знаеше буквално се што Дарио збори и објаснува за атлетиката и маратоните. Мене ми требаше малку време додека сфатам некои работи, ама тоа е бидејќи не пратам општо атлетика. Знае некад да има глупи прашања, онака тупаџиски за кои се губи безпотребно време, ама тоа е, таков си е човекот, не може ние да го смениме. :D
 
Кааде без братми Мандар, најлудиот македонски подкастер познат по тоа што е другар со Лазаров.

Ајде сериозно. Баско Ефтов ми е врв од политичките аналитичари, одличен дриблер и секогаш со добри гостувања. Сепак најдолго е во овие води.

На второ место веднаш под него ми се Меќо, Миќо и Фиќо од Инфомакс + Стефче. Нивните лелекања и офкања непроценливо ја збогатуваат македонската подкастерска сцена. Омилени ми се монолозите на Меќо кога ќе добие излив на бес или неговиот неизбежен стенд ап по кој Миќо се остава без воздух. Еднаш и Флеш го препознав таму кај нив во чат, епски глуп е и таму не грижете се. Сума сумарум, Гром екипа.

Ќе го споменам Ландов кога веќе се издаде дека е член (Ако не си регистрирај се. Овде не касаме, само пљукаме :)).
Го следам кога има интересни гости а и си ги владее незгодните прашања. Пример со Миа Костова емисијата не би ја гледал ни да ме тепаш.

Бајкерот и Кросфитерот, лабаво и држи внимание.
 

... мора да има и критериум за гостите на поткаст :(
Како женско, стварно ми е жал што на вакви ликови како Моника им се дава простор и внимание, и се претставуваат како јавни личности. Жално е какви примери имаат младите во Македонија.

Па и Бојан, скроз е хипокритипно што човекот кој беше осуден за проневера, изиграва некаков си морален судија. Веројатно така сега сака да привлече внимание кај народот.
 
Како женско, стварно ми е жал што на вакви ликови како Моника им се дава простор и внимание, и се претставуваат како јавни личности. Жално е какви примери имаат младите во Македонија.

Па и Бојан, скроз е хипокритипно што човекот кој беше осуден за проневера, изиграва некаков си морален судија. Веројатно така сега сака да привлече внимание кај народот.
Која нормална девојка ќе отиде на подкаст кај Боки 13 жити се. Само овие калаштуриве му останаа на педерот, вака да си тера мајтап со нив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom