Македонски поткасти - кој го следите и кој е најдобар?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Едино кај Ландов на јутуб се иам претплатено, знае да има интересен подкаст од време на време, другиве како Лазаров и друштвото негово се тешки ропаци сељаци.
 
Овај водитело само смешка се и клима о глата ко ќе е мирика гостин

Само ради тоа знам да пуштам некогаш. Како само ја реди со хвалоспеви и како е подмочан додека она беседи за БРИКС е нешто прекрасно за гледање.
 
Еден и единствен секогаш Во Центар господинот Васко Ефтов
 
Бајкерот и Кросфитерот исто сум ги гледал повеќе пати, им гостуваат познати спортисти што имаат многу постигнато и имаат што да кажат, само водителите се тешка катастрофа, посебно тој едниот што седи од лева страна, ретко антипатичен лик.
Цело време нешто се чуди кога ќе каже гостинот, се прв пат слуша, не може да ти гостуваат спортисти од тој калибар ако немаш основно познавање од нивниот спорт.
Само за ова би дал коментар, бидејќи зборуваш за Томас, кој претходно има и подкасти во соло верзија на неговиот канал Tomas Performance Podcast, човекот е со ултра добри познавања за спортовите со кои се има занимавано. Познавањата му се на тренерско ниво, доста е стручен. Веројатно си гледал кај нив некој подкаст со лик од шоубизнисот или некој спорт како фудбал за кој нема познавања Томас, па Жарко (десно) бил покадарен, но те уверувам ако гледаш некој подкаст околу атлетика, велосипедизам, па и пливање (дека и самиот Томас со триатлон се бави), нема да имаш мислење дека е неупатен. Целиот концепт им е таков, секогаш едниот водител да има подобро познавање од другиот, бидејќи се од различни области, па заедно да се надополнуваат. А и гледа да поставува прашања кои некои луѓе дудуци што врска си немаат од спортот би ги прашале и не би им биле јасни, за сите да може полесно да го пратиме подкастот.
 
Ландов е новинар и е доста поткован, знае добро да ги нагази гостите, да чепне таму кај што треба. Не го следам редовно, тек кога ќе налетам на некој гостин што мене ми е интересен. Ама за сега е позитивно октровение.

Бајкерот и Кросфитерот се скроз ок лкови. И јас, како и некој што пиша погоре, во почеток мислев за Томас, „глеј го какви глупи прашања поставува на некои работи што се општо познати“, ама тоа беше кога гледав епизоди со спортисти па ги знаев некои приказни. Ама после одгледани неколку други епизоди го сменив мислењето. Добри епизоди имаат и не се ограничени само на спорт. Мене ми беше интересна епизодата со Чашуле, од "Тhe Dude Coffee". Доста интересна приказна, иако, парадоксално, не пијам кафе :icon_mrgr:

Од друга страна, Лазаров и Иван Ивановски не можам да ги сварам никако. Екстремно иритантни ликови, поготово Лазаров, кој дури ми е и одвратен. Како што кажа некој погоре, најбитни му се парите и самопромоцијата. А и гостите што ги носи му се :гомце: во најчест случај, Иако знаел да ги потрефи некој oк гостин. А овој Ивановски не знам дали снима уште, ама имам пуштено 2-3 епизоди чисто ради радозналост и зажалив брзо. Ко успорен филм да гледав. А тек па кај него е ептен изразен моментот на самопромоција.
 
Редовно ги гледам Политиканти.
И од другите скоро од сите имам гледано по некоја епизод во зависност од гостите (Бизнис Муабети, Во Центар, Ландов...).
„Класната“ ја имам гледано 2-3 пати за да се шокирам и да се изнасмеам на глупостите што ги треси :D
 
@Acid босу колку кеш стави во џеб за промоцијата кај Ландов:D па уште и газда те пишал ,така се работи си ја знаеш работата убаво го менаџираш форумов,ја имаш мојата подршка.
Кога сме кај поткасти веќе секој трет има гледам и Панчев има нешто сега најново вика спортисти, ништо чудно во брзо време и Трифун да си направи па да си има гости по негова воја, се изгуби веќе жарта затоа пак ќе кажам Васко Ефтов бр.1 па многу празни места.
 
Глејте Ландов со Русковска.

Мене тоа ми е општо видео бр 1. Два пато го имам гледано од што не ми е верно што ѝ направи братот
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom