Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.382
- Поени од реакции
- 35.016
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Мора да признааам, во последниве години гледам телевизија само кога има некој настан „во живо“ (како натпревар на македонска репрезентација и слично). Кога имам желба да гледам „телевизија“, најчесто отворам Јутуб и разлистувам низ македонските поткасти на кои сум „сабскрајбнат“. Има добри приказни што вредат да се слушнат, но има и тупаџиски поткасти кои постојат „само затоа што сите сега имаат подкаст“.
И покрај популарноста на Лазаров, го следам се поретко - ваљда поради изборот на гости кои не ми се интересни. Во последно време, Претрес со Ландов ми е фаворит, особено со подготвеноста на домаќинот и burn-овите кои им ги приредува на македонските политичари. Изборот на гости е исто така погоден - последниот поткаст со Тони Михајловски беше еден од поинтересните. Епизодата со прилепскиот затвор исто така е врв, ме задржа да ја изгледам во еден здив.

- Кој поткаст ви е фаворит и зошто?
- Кои епизоди би ги препорачале?
- Дали имате свои идеи или гости кои би сакале да ги чуете кај некој од водителите?
- Дали сметате дека има поентата ТЕЛЕВИЗИИ да прават поткасти?