Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Во чест на Мето Јовановски, овој викенд на Телма:
Недела, 19.11 во 22:15ч. - Среќна нова '49-та
Понеделник, 20.11 во 22:15ч. - Тетовирање

Bo четвртокот на МРТ 1 во 23:30 часот го емитуваа тв филмот Тумба тумба дивина со Мсто Јовановски. Ако успее тој тв филм да го извади некој од MaxTV Go или од Neotv или друга таква платформа би било супер.
 
И по кузнај кој пат, насмевка, задоволство, восхит, гордост. По 20+ пат, сосема случајно и после сплет на околности се одлучвам по долго време да пуштам тв, листам и годи шо, сам почеток на Тетовирање. Радоста е неизмерна, иако ги знам сите дијалози и монолози и сите песни во самиот филм. Денешниов момент, бесценет. Фала ти Господе, фала ти Илко.
Im just lonely boy-Paul Anka
 
Во чест на Мето Јовановски, овој викенд на Телма:
Недела, 19.11 во 22:15ч. - Среќна нова '49-та
Понеделник, 20.11 во 22:15ч. - Тетовирање

Bo четвртокот на МРТ 1 во 23:30 часот го емитуваа тв филмот Тумба тумба дивина со Мсто Јовановски. Ако успее тој тв филм да го извади некој од MaxTV Go или од Neotv или друга таква платформа би било супер.
Кој резил од страна на државно финансираната МРТ - да го пуштиш во најотепаниот термин. Една Телма што работи комерцијално во понормално време ги пуштила филмовите.
 
Кино љубов

Тешка драма залудно потрошено време неинтересен воопшто катастрофа после Ругање со Христос уште една катастрофа
 
Преку езерото во петок на МРТ 1 20:50 часот.
 
Чудно, ова ремек дело го гледав само пред неколку месеци, ни самиот не знам како ми имаше избегано од видикот и пребарувањата, иако сум голем фан на македонскиот филм.
Страшно добар филм, тажна и сурова вистина за Константин кој маестрално го изглуми големиот Никола Ристановски.
Филмот е базиран на вистинска приказна, дејството е сместено негде после основањето на титова Југославија и настапувањето на тоталитарниот режим во Албанија.
Препорака за сите.
 
Го имам на DVD го даваја во некој весник. Не се сеќавам можеби сум го гледал филмов, а го имаат неколку пати прикажувано на тв.
 
Последно уредено:
Домаќинство за почетници

4/5

Потсетува на некои од поновите филмови на М. Манчевски, но не ги повторува неговите грешки. Забавна драма/комедија за едно нетипично семејство, составено од припадници на ЛГТБ заедницата, кое ќе се соочи со проблемот на правното регулирање на чување деца откако ќе им почине мајката. Има и неколку легендарни реплики кои, верувам, со тек на време ќе се врежат во нашата поп култура.
 
Каде го гледаше?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom