Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Дебитантскиот филм на Дина Дума "Сестра" (или "Сестри" како што гледам дека го пишале сега) премиерно на фестивалот во Карлови Вари.

Прва премиера на долгометражен игран за годинава и прв позначаен фестивал за долгометражните филмови за оваа година. (y)
 
Ја изгледав прееска трибината по повод 30 години македонски филм (30 години во рамки на државава, а не севкупно) и скоро па ништо паметно не слушнав.

Гости: Теона, Изи, Ана "критичарката" и Мони (новоназначениов директор на Манаки). Толку антипатични лица на едно место тешко да се соберат, освен во парламент.

Дискусија и да немаше, новинаркава поставува прашање, овие сите пошто врзани ко преплет црева само се надоврзуваа, да, се согласувам, да сакам да се надоврзам.

Ја испофалија Златна рамка ко да ја прават од свој џеб и да бараат спонзори, а не дека е од наш џеб спонзорирана.

Изи: Критиката е промоција на филмот.

Баце, критиката е став или осврт на тоа колку едно дело вреди или не вреди за парите и времето што планирал некој гледач да го потроши. Не е критиката промоција на полупродукти како твој Хомо.

И ако немало критика во Македонија, има во светот, ќе се слушнеше како во Индија или Иран го фалат Хомо, како бил страшен филм и мора да се погледне.

Едина паметна работа што ја слушнав е дека треба поголема поддршка за развој на сценаријата. Ако добро се сеќавам претходната гарнитура исплати на два пати луѓе да ги развијат своите сценарија и од тие 6 или 7 сценарија е поддржан за снимање дебитантскиот на Волкашин.

Друго некако слабо за 40тина минути освен што ми се смачи Теона. Не знаев дека е толку одвратна за слушање.
 
Моментално (почна после фудбалот и вестите после фудбалот) краткиот игран филм Ливада.
 
Последно уредено:
„Најтешкото нешто“ или првиот македонски филм на турски јазик.
Какво аматерско нешто, мајко мила, како да гледаш тв филм или епизода од некоја турска серија. Евтино, негледливо срање, а платено 30 милиони денари.

Па екскурзиите на одредени наши автори што се срање, се каде-каде погледливи од ова чудо.

Глума никаква. Дури и тие наши актери што се појавуваат во мали улоги подобро глумат од турскиве што снимаат по 300 денови во годината. Монтажата крш. Сценариото 0.

И јас па, што да очекувам од филм што е правен по роман кој што не беше ни издаден кога филмот доби пари. Само кај нас може да се случи филм да биде правен по роман, а романот да го издадат откако ќе се сними филмот.

Кај платен толку пари па и секаде турскиот ко-продуцент си се претставува ко главен продуцент, си го пушти филмот во турски кино сали во февруари 2020, сега си го продале и на Нетфликс, а Македонија што го спонзорирала ко мнозинска продукција нит го пуштија во кино, нит имаат абер за тоа, ама важно си го ставаат во каталог како македонска продукција. Не верувам ни дека знаат дека филмот е продаден на Нетфликс. Лоповишта скапани, мамата да им ја ебам на сите што поддржале вакво срање. :mad:
 
Деновиве излезе една вест дека Македонија по 21 година се враќа на фестивалот во Венеција.

Ќе беше убаво да не беше фејк њуз, а уште поубаво Кајгана да не оди по паметот на такви квази порталчиња со бомбастичен наслов.

Филмот "Вера сонува за морето" е косовски филм.
Не е никаква македонска продукција.
Да, Македонија има вложено одредена сума во филмот (поточно нешто повеќе од 48000 евра), ама филмот е косовска продукција со македонско малцинско учество, а не продукција на Дрим Фектори.

Од македонска страна имаме само монтажер и снимател/дизајн на звук.

Не, македонскиот филмски фонд не ја препознал косоварскава режисерка, таа веќе била препознаена во Косово. Не, малцинските продукции не се дел од новиот филмски бран. Престанете со ширење на фејк њуз и филување на вестите.


Пред една недела излегоа резултатите од првиот конкурс за филм оваа година.
Поддржани се само две мнозински продукции т.е. дебитантски филм на Косара Митиќ и прв долгометражен филм на Марјан Гавриловски поддржан од Филмскиот фонд (инаку Марјан веќе има два долгометражни филмови во независна продукција).

И повторно шалабајзерски изјави ко Медо Брундо на времето: „Македонскиот филм е рамо до рамо со европската кинематографија“. Ова ни даде поттик дека можеме да се носиме со секој предизвик пред нас, сега и во иднина.„ – вели директорот Бојан Лазаревски.

Да, да, рамо до рамо. Не можеме рамо до рамо ни со Косово, чии филмови направија растур по фестивалите.
 
Honeyland го има надминато Пред дождот на ИМДБ во број на гласови

1629316606169.png

Патем, ве поздрави сликава и објаснувањето xD

 
Последно уредено:
Филмска култура во независна Македонија со филмови од последните 5-6 години и косовски продукции ко Татко и Летечкиот циркус.

"Манифестација" на која се одбележува македонскиот филм од последните 30 години, а сите филмови од последните 5-6 години.

Да ти ебам лоповската држава!:mad:
FB_IMG_1629360308098.jpg
 
Филмска култура во независна Македонија со филмови од последните 5-6 години и косовски продукции ко Татко и Летечкиот циркус.

"Манифестација" на која се одбележува македонскиот филм од последните 30 години, а сите филмови од последните 5-6 години.

Да ти ебам лоповската држава!:mad:
Прегледај го приврзокот 303984
Ќе ослепе додека прочита човек, по тоа ќе видиш колку се добри :D
 
Да го овековечиме почетокот на новото уметничко делце на Теончето. :LOL:
 
"Без љубов" филмот со Ана стојановска дали има негде да се погледне?
 
Деца на сонцето во петок МРТ 1 во 21 часот.

Мислам еднаш беше емитуван но не знам дали на МРТ или на некој друг тв канал.
 
Врба (целосната верзија, наместо скратената на ХБО) ќе игра во сабота на МРТ1.

Недела го пишува Преку езерото. Што им текнало македонски филмови да даваат, да ми је знати.
 
Што им текнало македонски филмови да даваат, да ми је знати.
Празникот се ближи,
Празникот се ближи,
Празникот се ближи,
Празникот се ближи...

...Always Macedonia!

MKD30
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom