Деновиве излезе една вест дека Македонија по 21 година се враќа на фестивалот во Венеција.
Ќе беше убаво да не беше фејк њуз, а уште поубаво Кајгана да не оди по паметот на такви квази порталчиња со бомбастичен наслов.
Филмот "Вера сонува за морето" е косовски филм.
Не е никаква македонска продукција.
Да, Македонија има вложено одредена сума во филмот (поточно нешто повеќе од 48000 евра), ама филмот е косовска продукција со македонско малцинско учество, а не продукција на Дрим Фектори.
Од македонска страна имаме само монтажер и снимател/дизајн на звук.
Не, македонскиот филмски фонд не ја препознал косоварскава режисерка, таа веќе била препознаена во Косово. Не, малцинските продукции не се дел од новиот филмски бран. Престанете со ширење на фејк њуз и филување на вестите.
21 година подоцна, Македонија повторно во селекција на најстариот и најпрестижниот филмски фестивал од А категорија, Интернационалниот филмски фестивал во Венеција, со филмот„Вера сонува за морето“.
www.kajgana.com
Пред една недела излегоа резултатите од првиот конкурс за филм оваа година.
Поддржани се само две мнозински продукции т.е. дебитантски филм на Косара Митиќ и прв долгометражен филм на Марјан Гавриловски поддржан од Филмскиот фонд (инаку Марјан веќе има два долгометражни филмови во независна продукција).
И повторно шалабајзерски изјави ко Медо Брундо на времето: „Македонскиот филм е рамо до рамо со европската кинематографија“. Ова ни даде поттик дека можеме да се носиме со секој предизвик пред нас, сега и во иднина.„ – вели директорот Бојан Лазаревски.
Да, да, рамо до рамо. Не можеме рамо до рамо ни со Косово, чии филмови направија растур по фестивалите.