Македонски евергрин

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.693
Поени од реакции
8.832
Возраст
35
old_music_2_by_erfea-d34a316.jpg

Многумина се жалат дека сега македонската музика не е тоа што некогаш беше па затоа и потикнат од тоа ја отварам оваа тема каде ќе дискутираме за песните на Славе Димитров, Верица Поп Панкова,"Ти само, што ми идеш на сон, од денот - в предел темно-мрежен ти една само можеш да кажеш колку сум тих, и дури нежен. Не! Силен, сепак сум се клонел на власта своја да се решам, - да не би да ме намразиш трајно, да не ми идеш, ако ти згрешам. Иако сонот ми дал право да сложам сенка на секое чело , искрено кажи: дали сум те навредил, еднаш, со какво дело? " Верица Ристевска, Диме Попоски, Маја Оџаклиевска, Нина Спирова, Сашка Петковска, Дарко Мијалковски, Зафир Хаџиманов, Љупка Димитровска, Никола Боби Автовски, песни на Драган Ѓаконовски Шпато, Џина Папас Џокси, Лидија Кочовска, Олгица Христовска, Трајџе Манев, Владо Јаневски, Џон Илија Апелгрин и многу други песни кој ги слушале нашите родители на кој низ раговор со нас и кога ќе ги слушнат ќе речат "Еххх!! Ова беше песна", и стварно тоа е така. Песните имаат длабоки текстови кој тераат да ја слушаш песната со внимание, имаа добра музика отсвирена со оркестри и сето тоа направено со многу љубов и пот и труд.

Пред два дена гледајќи го преносот на скопскиот фестивал ја слушнав оваа песна па и таа беше потик да ја отворам оваа тема
Славе Димитров - Нежност

"Ти само, што ми идеш на сон, од денот - в предел темно-мрежен
ти една само можеш да кажеш колку сум тих, и дури нежен.
Не! Силен, сепак сум се клонел на власта своја да се решам,
- да не би да ме намразиш трајно, да не ми идеш, ако ти згрешам.
Иако сонот ми дал право да сложам сенка на секое чело ,
искрено кажи: дали сум те навредил, еднаш, со какво дело? "​
 
Последно уредено:
Одлично, со самиот наслов ме КУПИ, што ќе каже Шабан Шаулич.
:aplauz::aplauz::aplauz::aplauz::aplauz::aplauz::aplauz::aplauz::aplauz::aplauz::aplauz::aplauz:
понатаму ќе пишам и јас нешто а повеќето ќе слушам, а кога јас пуштам да слушам,
слушат и сите комшии, поточно до даске што се вели, иако имам и на ушите апарат.
Има доста што си ги подзаборавил,не си ги набројал од времето после рата,
па и од пред и после земјотресот на пример Ѓоко,Томислав или Зоран и други.
 
Има доста што си ги подзаборавил,не си ги набројал од времето после рата,
па и од пред и после земјотресот на пример Ѓоко,Томислав или Зоран и други.
Премногу сум млад за да ги знам овие. Роден сум 1990 година. Темава ја отворив бидејќи сакам македонска музика и сакам да слушам вакви стари песни од времето на мајка ми и татко ми.
 
покрај пеачи(најчесто на скопскиот фестивал) има и групи 1960-1970год
познатите Безимени и Бисери - понатаму Биз-Без, со одлични песни,пушти некоја од нив
Група „Исток“ 1971-1972 год.
Група „Било како“ 1972-1973 год.
Група „Скрб“ 1973-1974 год.
Група „ Утрински роси“====
Група „Спомен за еден миг„ 1974-1975 год.
Група „Мост“ 1975-1976 год.
Група „Тор“ 1976-1977 год.(кој им се сеќава на жолтото комбе W W за турнеи)
Група „ Мед и Млеко“ 1976 год
Група „ Пу“ 1974-1978 год.
(Група „ Лева патика“ 1978 год.)
Група „Око“ 1974-1977
Група „ Република 1903“ 1975
група „ Лисн“
Група „Фис“=====
-
Група „Македонија„ и од нив пушти нешто
 

Баш вчера задремав малку и си пуштив ова.
Прекрасна музика , високо квалитетна.
 
Ова е многу поново, но, според мене дефинитивно се запишува во листата македонски евергрини. Кога и да ја слушнам песнава, се ежам од глава до пети.
 
Ова е многу поново, но, според мене дефинитивно се запишува во листата македонски евергрини. Кога и да ја слушнам песнава, се ежам од глава до пети.
Дефинитивно ова е тоа што се запишува во листата мак евергрини. Во Мак евергрин музика не мора под дифолт да се само шлагери од автрои и артисти кој ги набројав во првиот мој пост, туку и друг вид на македонска музика од други автори и артисти кој и ден денес млади генерации ги слушаат иако не израснале тој период кога се пуштени во етерот (на тв и радио).
 
Ние реално имаме убави евергрини. Јас кога ќе го слушнам зборот евергрин, веднаш ме асоцира на Драган Мијалковски, потоа на Маја Оџаклиевска и на Славе Димитров. Еве неколку евергрини кои на мене ми се некако најдраги..........





А од денешниве песни, песна која ми личи дека во иднина ќе се смета за евергрин е Тажна љубов, среќна песна од Тамара Тодевска:)
 
Нешто најдобро излезено од деновиве. Dj Гоце Саф со негов ремикс на Даниела Панчетовиќ - За нас
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom