Еве го извештајот од изминатово коло
Најискусниот кошаркар во Космофон Супер лигата,
Перо Блажевски, е избран за МВП на 7. коло на најелитната кошаркарска лига во Македонија, во изборот на официјалниот сајт на КФМ,
www.basketball.org.mk, и весникот “Македонски спорт“. За ветеранот ова е второ признание во рамките на 14 дена, откако претходно беше прогласен и за МВП на 4. коло.
На натпреварот против својот матичен клуб Фершпед Работнички, Блажевски немаше никаква милост и одигра клучна улога во високата победа на Вардар Осигурување. Тој постигна 18 поени, а оствари и 15 скокови (од кои 7 беа офанзивни).
1. Најдобар играч на колото на позицијата плејмејкер заслужено му припадна на Јане Петровски од МЗТ Скопје. Тој е прв стрелец на колото со 26 поени и беше најзаслужен за важната победа на неговиот тим на гости на Фени Индустри.
2. Марјан Ѓуров постигна 11 поени во дресот на Вардар Осигурување, но уште поважен е неговиот придонес во одбраната, “неутрализирајќи“ го првиот стрелец во лигата, Диме Тасовски на само 8 поени.
3. Местото на најдобро крило во идеалната петорка на колото е резервирано за Перо Блажевски.
4. Србинот во дресот на Свисслион Пелистер, Бошко Јововиќ, е најдобриот кошаркар на позицијата крилен центар во ова коло. Неговите 18 поени беа мошне важни за победата на Битолчани над лидерот Струмица 2005.
5. Првото име на средбата Свисслион Пелистер – Струмица 2005, Миќо Голубовиќ, е најдобриот центар во ова коло. Тој имаше ефект од 24 поени и 10 скокови, и беше најзаслужен за триумфот на неговиот тим.
ВТOРA ПEТOРКA НА 7. КОЛО
Карлос Мoрбaн (Вaрдaр Oсигурување)
Горан Сaмaрџиeв (Вaрдaр O.)
Василекос Кицулис (Струмицa 2005)
Ѓорѓи Тaлeвски (МЗТ Скoпje)
Тони Симиќ (Фeршпeд Работнички)
НАЈМНОГУ ПOEНИ ВО 7. КОЛО
Jане Пeтрoвски (МЗТ Скoпje) 26
Миќо Гoлубoвиќ (Свисслиoн Пелистер) 24
Тони Симиќ (Фeршпeд Работнички) 21
Дејмијан Мeк Свajн (Фeни И.) 21
Василекос Кицулис (Струмицa 2005) 20
НАЈМНОГУ СКOКOВИ ВО 7. КОЛО
Перо Блaжeвски (Вaрдaр O.) 15
Василекос Кицулис (Струмицa 2005) 11
Миќо Гoлубoвиќ (Свисслиoн Пелистер) 10
Бранко Миркoвиќ (Свисслиoн Пелистер) 9
Aлександар Сoвкoски (Вaрдaр O.) 8
НАЈМНОГУ AСИСТEНЦИИ ВО 7. КОЛО
Милан Миљкoвиќ (Свисслиoн Пелистер) 6
Влатко Нeдeлкoв (Фeни Индустри) 6
Владимир Пoпoвиќ (Фeршпeд Работнички) 5
Jане Пeтрoвски (МЗТ Скoпje) 4
Василекос Кицулис (Струмицa 2005)4